Кога ќе се собере се, заслужена победа на Челзи. Не знам дали ќе има ефект за освојување на титулата, ама слатка победа над единствениот конкурент за титулата.
Првото полувреме, феноменално за Челзи, Манчестер понижен. Водството од 1-0 беше мало за да целосно биде изразена подобрата игра на Челзи, и мизеријата на Манчестер.
Второто полувреме малку послаба игра на Челзи, но и Манчестер не се подобри особено. Израмнија по катастрофалната, почетничката грешка на Карваљо. Како само му ја даде на Руни... Во продолжение, Челзи полека повторно ја презеде иницијативата. Манчестер, и покрај влегувањето на Роналдо, не можеше да прави добри акции, па се обидуваше преку контри. Аврам покажа муда и внесе двајца класичци напаѓачи, Анлека и ан мое големо задоволство Шева

. Со нив играта уште појќе се раздвижи, и се кулминираше во 86 минута по несмасната игра на Керик во 16-никот на Манчестер, и ОЧИГЛЕДНИОТ ПЕНАЛ ЗА ЧЕЛЗИ!!!!! Балак сигурен за 2-1! Кога сме кај Балак, одлична утакмица за него, ама ко се скраја со Дрогба кој да мава од слободен, и на крајо се изгушкаа... Циркус

После голо од пенал Манчестер КОНЕЧНО почна да игра како шо сите очекуваа и имаа две добри шанси, и Ешли Кол и Шева спасуваа од гол линија.
Се на се, ПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА за Челзи!!!!
Кој шо сака нека вели, нека ги окривува судиите (иако нема причина, по самат реакција на Керик се виде оти признава шо напраел, само тоа е нормално од некои фанови) ама вистината не можи да се смени, а таа е дека ЧЕЛЗИ ТОТАЛНО ГО НАДИГРА МАНЧЕСТЕР И ЈА ЗАСЛУЖИ ПОБЕДАТА!!!!:chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 3::chelsea 3::chelsea 3::chelsea 2::chelsea 2::chelsea 2:
Следен е Ливерпул! Не знам дали ќе победиме, ама сакам пласман во финале! За сите шо велеа дека Челзи според играта на Енфилд, нема шанси да оди понатаму, после денешниов меч нека размислат уште еднаш, дали Челзи на Стемфорд играше како и на Енфилд? Не!!!
Многу подобро и посигурно!
Go Go Go BLUES!!!!:chelsea::chelsea 2::chelsea 3::chelsea 2::chelsea: