Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Цел натпревар само си подаваа, една шанса, по корнерот на Калу, Дрогба со глава даде гол, 60 и некоја минуте беше. и докрај се опуштија, и во 89 минута, Кејхил, секоја му чест, со ножички даде гол.
Играчите криви шо се опуштија, а Аврам шо го дозволи опуштањето.
 
Епа не може се да победува Челзи.До душа не е изгубил одигра нерешено.Инаку ова со Мурињои со детето не знаеш кој е поголемо дете.Мурињо или детето.хехе
 
Не може стално да се победува, ама од готово версија направија.
Инаку следен на „болничкиот список“ е Рикардо Карваљо.
Сега значи повредени се Чех, Ешли Кол, Тери, Карваљо и Паоло Фереира. Со други зборови, комплетниот дефанзивен ред. дури сега ќе биде тешко. Од набројаните само Ешли Кол полека се опоравува и можи да заигра и за Англија за викендов, ама другите тешко...:toe:
 
Чех би бранел за Барселона

Одговорајќи на он лајн прашања на навивачи на чешката репрезентација на една фудбалска веб страната, голманот на националниот тим Петр Чех истакна дека некогаш можеби и би бранел во Барселона.
6F70E07B49454D4BA4F37BD5CFD5187E.jpg

Чех напомена дека ако до него дојде понуда од каталонскиот тим сигурно дека добро би размислил и ако е конкретна најверојатно ќе ја прифати.

Сепак веднаш напомена дека во моментов е среќен во Челзи и дека наскоро нема да го напушта клубот од Стемфорд Бриџ.

"Во Лондон единствено ми недостасуваат пријателите од Чешка. Сепак таму со мојата сопруга и затоа ми е убаво. А што се однесува до трансфер во Барселона, навистина вреди да се размисли", рече Чех.
 
Карваљо повреден, 3-4 недели...

Изгледа можи и 2 месеци да биди...:nesum:

А Шевченко и Рајт - Филипс му рекле на Аврам дека биле несреќни. Аи, само нека си оди Шевченко, а за Филипс, добар е, може да седи ама ако веќе не го бендисува и тој нека си оди, ќе се најди замена и за него:pipi:
 
Има шпекулации за Шевченко дека ке оди во Динамо Киев заедно со Пандев.....Ако се случи тоа Динамо ке има убиствен напад.
 
Има шпекулации за Шевченко дека ке оди во Динамо Киев заедно со Пандев.....Ако се случи тоа Динамо ке има убиствен напад.

Одамна има таква шпекулација, ама досега не сеоствари. Сепак, Пандев е верувам дека ќе оди таму, а Шевченко слободно нека оди, добредојдено е тоа:)

Сепак не знам оти, ама мислам дека еден ден Шевченко ќе ги следи стапките на Бекам и ќе отиде да игра во америчката МЛС лига, а ништо чудно иво Лос Анџелес, таму е за глумци.:toe:
 
Не, не верувам Шевченко да оди во МЛС лига бидејки на едно негово интервју даде изјава дека кариерата ке ја заврши во Украина. А веќе има 30 години ако не се лажам, и мислам дека ќе оди во Киев. Подобро ке е за него.:wink:
 
Ако ја слуша пак жена му, тешко.:)
Таа е американка, не знам дали би живеела во Украина.
 
Ексклузивно!

Информација од прва рака, официјална:

Аврам Грант вчера беше на Градски за да ја следи играта на Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, кој е планиран за зимскиот преоден рок.
 
Ексклузивно!

Информација од прва рака, официјална:

Аврам Грант вчера беше на Градски за да ја следи играта на Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, кој е планиран за зимскиот преоден рок.
Не знам колку информацијава е од прва рака ама некако не ми е за верување. Ако е така тогаш на Аврам Грант многу шетање ке му се собере прво го гледаше овој србинов од локомотив сега во скопје утре којзнае каде- па Челзи, како најдобар клуб на светот си има скаути бе луѓе. Е ако седел до вас на градски па сте го виделе тоа е веќе друго
 
hahahahahahahahahahaahahahahahahahaha:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
hahahahahahahahahahaahahahahahahahaha:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Deno^ шо мајка бараш на фан клуб на Челзи ако мислиш дека не е најдобар клуб на светот. Да не не шпиунираш.:uvo::uvo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom