незнаев кај да го пишам ова па го пишувам овде...
Мурињо нападнал 12-годишно дете
Иако поранешниот менаџер на Челзи, Хозе Мурињо многу пати и на фудбалскиот терен знаел да го покаже својот див карактер, најлошото од него не успеаја да го извлечат фудбалерите, туку едно 12-годишно момче по име Педро. Човекот кој себе се нарекуваше "Специјален", потполно се избезумил откако неговата 11-годишна ќерка му кажала дека ја закачал некој зборувајќи дека нејзиниот татко "не е најдобар на светот". Мурињо заради таа детска изјава толку полудел што дотрчал до него и го повлекол за косата и ушите, пишува португалскиот весник Кореиро да Мања. Шокираните очевидци тврдат дека инцидентот се случил на крајот од школскиот ден кога Мурињо дошол по својата ќерка Матилда во училиштето што се наоѓа во Сетубал, во близина на Лисабон.
"Пред господинот Мурињо да го нападне, момчето и Матилда се караа, но тоа беше типична детска караница какви што има секојдневно. Таа тврдеше дека нејзиниот татко е најдобар, додека Педро го велеше спротивното. Видов кога господинот Мурињо го зграпчи детето за рамото, немаше физички напад во буквална смисла, но Педро потоа плачеше и беше престрашен. Неколку пати го прашав дали господинот Мурињо го удрил, но тој демантираше. Сепак, знам дека Хозе го фати за косата бидејќи детето има подолга косичка", изјави директорката на училиштето Сан Педро, Изабел Симао.
Веднаш потоа во училиштето била повикана сопругата на Мурињо и многу брзо инцидентот завршил со извинување и прифаќање на извинувањето од двете страни.