Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Alex Ferguson за титулата и отпуштањето на Сколари напиша:
Мислам дека тие изиграа во наша корист, и сега трката за титулата ќе се води помеѓу нас и Ливерпул.
Бев шокиран кога слушнав дека Челзи одлучиле да се разделат од менаџер со такво искуство и бројни успеси како Фил Сколари.
Нивната нетрпеливост е рефлексија на тоа во каква тажна насока оди играта, кога буквално сите околу клубот како и медиумите очекуваат брз успех и не покажуваат ни малку трпеливост за остварување на високите амбиции.
Освојувањето награди доаѓа со стабилност и долгорочно планирање. Сепак, понекогаш кога клубот е соочен со некои проблеми, се губи разумот во надеж дека некој нов човек може да донесе брзи решенија на тие проблеми.
Челзи се повикаа на многу искусен менаџер како Гус Хидинк и сигурен сум дека многу ќе влијае. Во исто време, тој мора да почне од почеток, можеби да ги собере стручните лица и играчите на кои ќе смета, нешто што можеби ќе му одземе доста време.

Вака, прво: Ја озбилно не знам зошто да го ебам уште коментира стариов. Кажа еднаш, шо сега пак, стварно не разбирам.
Уствари, и мој тим ко од шега да игра против тим кој е конкурент за титула во тој момент, и не само мојо, туку и секој барем малку тактички поспремен тим ршум да ги прај; не би сакал нивнио „тренер“ да биди отпуштен. За Бенитез бев сигурен, почнувам да верувам и во големата дволичност на Фергусон (не дека првпат е).

Второ: Се надоврзувам на претходното, не знам дали да се смеам или да плачам на коментаров дека со отпуштањето на Сколари, Челзи ги загубил шансите за титула.
Па ало бе, да не е малоумен некој случајно (уствари има и такви), па 10 бода сте пред Челзи бе сер(ло)у. Ни самио Господ да биди тренер то не го стасува, а камоли Сколари кој не покажа дека знај да намести друга тактика освен девизата „Само шутирајте, па некоја ќе влези!“ (освен против Арсенал и делумно Ливерпул на гости), о ти генијалецу стар.
Пак треба да кажам изгледа, со Сколари ќе бевме 3 или 4, со негово бркање има опасност од пад на 5 место. Е сега, не знам дали Хидинк (знаејќи шо тезгере е) ќе дозволи такво нешто, инаку со многумина други 5 место ќе беше многу реално, а не пак титула (о ти генијалецу стар)!


Во исто време, Хидинк како руски селектор, искрено се надевам дека го поарно го знај Алан Џагоев, за кого ја мислам дека ќе има добра иднина со Челзи, и би можел да види да процени да моево мислење е реално. Та и Балак, та и Деко, упичкуматерни...

Се шпекулира и со Јури Жирков инаку, ама Џагоев му е мајката...
Руски медиуми (пренесени од Меил) вела дека Хидинк ги барал овие двајцава, иако има договор до в лето, „веќе планирал за иднината“... :pos2:
Тешки, само ШПЕКУЛАЦИИ, ама Џагоев и ја го сакам во Челзи.


челзи и реал се во битка за малиов...интересен е малиов за едно 15 години би било играчиште:pos2:

И ја можев вака на 6 години, оти не ме побараа ебаго...:ojea:

Ај озбилно малку, ако сака да си заеби блескава кариерата од самио старт, слободно нека бира меѓу Реал и Челзи. Право во Ајакс (или Барса)!
 
Нека дојди во ЧелСи малиот,опасен е :)
Ко не вреди барем за резервите да се пушти, џабе. А ко шо реков, во „Елдорадо“ ништо не прај. Ко Паим ебаго, кој само ќе го насочува во правилна насока во Челзи.......

Знам, интересно изгледа (:)), ама да бидиме реални малку...:toe:
 
Ко не вреди барем за резервите да се пушти, џабе. А ко шо реков, во „Елдорадо“ ништо не прај. Ко Паим ебаго, кој само ќе го насочува во правилна насока во Челзи.......

Знам, интересно изгледа (:)), ама да бидиме реални малку...:toe:
Сколари младите ич не ги пушташе,освен Ди Санто по малку и Сточ другите да не збораме...:jaj:
 
А кој ги пушташе? Баш Сколари најмногу имаше доверба во нив.
Додуша и ја не сум за многу форсирање на младите, сметам дека ако нема бар 18, 18 и пол години не треба да се форсира; ама па 19, 20-годишни играчи да ги заебаваш (Синклер на пример) не чини. Инаку, Синклер има даено два гола слични ко Меси шо даде, или Марадона на СП (слалом) за младинците до 18 години, па сега џабе е, игра за Бирмингем.
Зошто го „бркам“ Карваљо? Со Алекс, Бане и МАНСИЕН, шо прајме?
Балак и Деко пред пензија, ајде Џагоев.
 
Како омилен играч ми е Балак и тоа е единствената причина што ми се допаѓа Челзи.
Извинете што ве потсетив за ланското финале но поразот не можев никако да го прифатам.
Самата сцена кога го видов на Балак дека плаче тешко ме погоди,но и по поразот на европското сфатив дека тој е голема личност.
Ви посакувам среќа на следниов двомеч и баш ме интересираат вашите мислење за Балак!:smir:
 
Балак? Тенк, некош многу корисен, ама некош и многу гломазен, неупотреблив, дури и вишок. Нема брзина, ни некоја креативност, ама би можел да ја смири топката ко ќе треба. Слободни удари - 9ка (од 10). 33 години, да го пензионираме поштено за година и пол. :smir:
 
Балак? Тенк, некош многу корисен, ама некош и многу гломазен, неупотреблив, дури и вишок. Нема брзина, ни некоја креативност, ама би можел да ја смири топката ко ќе треба. Слободни удари - 9ка (од 10). 33 години, да го пензионираме поштено за година и пол. :smir:

Да се согласувам сега е само корисен во 50% од натпреварите.Но да не ги заборавиме неговите игри од Баер Леверкузен и за Германската репрезентација.
Според мене меѓу најзаслужните за ланскиот подем на Челзи и нивните успеси!
 
Искусен е Балак бе,фудбалер од висока класа,ама остаре сега,арно вика фантом)( да го пензионираме за година и пол:violent1:
 
Бегај да не те отепаме :)

О’Нил го предупредва Челзи за двојната улога на Гус
О’Нил го предупредва Челзи за двојната улога на Гус Менаџерот на Астон Вила, Мартин О’Нил верува дека Гус Хидинк ќе има потешкотии доколку биде менаџер на Русија и Челзи на перманентна основа
Хидинк го превзеде кормилото на Сините до крајот на сезоната а во исто време тој ќе биде селектор на Русија и ќе се обиде да избори пласман на СП 2010. Веднаш по самото назнчување на Хидинк се појавија и шпекулациите дека е можно Холанѓанецот да продолжи со својата работа на Стемфорд Бриџ, но О’Нил се сомнева дека е можно да се комбинираат тие две улоги на подолг период.
“Двојната улога е навистина тешка. Мислам и дека токму тоа е причината што тие го прават само на краткорочна основа (во Челзи).”
“Но во глобала, мислам дека е многу тешко да се комбинира интернационалниот менаџмент заедно со оној од Премир Лигата во полно работно време.”
“Не сум сигурен дали во Челзи се во потрага на такво нешто. Евентуално, кога ќе загубите натпревар или два, некој ќе ве обвини дека не поминувата доволно време во конкретниот камп.”
“Мислам дека е екстремно тешко, но ништо не е невозможно. Во краток период можно е добро да функционира но во период од три или четири години, мислам дека ќе биде многу тешко.
Вила во сабота го пречекува тимот на Челзи, и со евентуална победа ќе имаат пет бода предност во однос на Сините.”
 
Иначе ај честито нов тренер( малце каснам) и имам некое чувство дека ќе бидете многу конкурентен тим во лига на шампиони.
Со среќа:smir:
 
Мерите чив е подолг а?
Е, и јас сум навивач на Челси, ама искрено, на Челси е како на второодделенче после бањање.
Тоа е тоа, Челси е у криза, за титула во ЛШ и ПЛ има теориски шанси (стандардно тешко остварливи на практика:)), и најдобар дострел ќе биде да догурат некако до второ место.:toe: Рецесија, што да правиш...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom