Преубаво попладне. Одамна вака не било.
Добро игравме, го контролиравме цел меч од прва до последна минута. Повторно три гола и чиста мрежа.
Маунт две асистенции, втората прекрасна, Хаверц гол, деби за Чуквуамека и прв гол за Броја.
Сепак, најубавото и хајлајтс на дуелот - Коста и десетминутните овации на Стемфорд. Направи гадот намерно цел круг, да потрае моментот и да се испоздрави со сите.
Сакам кратко само да издвојам неколку индивидуални перформанси. Кукуреља и Кулибали одиграа супер меч, веќе втор по ред за Кулибали, полека си го фаќа редот. Некогаш само знае да го понесе атмосфета и да излета надвор од позиција, но ќе му укаже сигурно Потер понатаму. Куку е ептен човек од доверба позади, агресивноста и брзината многу олеснуваат за колегите негови од задна линија.
Кепа игра сега со висока самодоверба, гледам слободен е во свое поле, командува, разигрува, многу ми е мило. И секако, Галагер. За мене играч на натпреварот. Во двете фази многу добар, темпото го задрживме благодарение на него, највеќе.
Одморивме играчи, победивме, сега во Милано со почист ум.