Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не е прв пат да ги брифираат новинарите дека некој договор е завршен кога се имаат договорено само со една од двете страни. Мора да го средат тоа и да научат да не избрзуваат со информации.
 
Новинарите се виновни, сигурно. Го видов и тој став на Твитер деновиве. Додуша се провлекува уште од фејлот со Рафиња.

Новинари како новинари, брифирале или не брифирале, суштината е неменлива. Фројнд не се предомислувал поради Романо или Лоу.

Токму според пишувањата, се случило промашување како што беше летово со низа фудбалери. Договарале со човекот, а не го контактирале Салзбург. Аматеризам, благо речено.

Ебен спортски директор не можат да пронајдат и да постават. :pos:
 
Videl Frojnd so kakvi klovnovi si ima rabota xD

Nego, zosto bi idele po nego? (prasanja koi me macat)
 
Ова со Christoph Freund ме потсети на муабетот:

- Ако пробаме да купиме Top-Tier засилување и не можеме, па идеме на 2-3-4та опција, зошто така, треба да се лупнат пари и да се земе првата опција.

- Ако пробаме да купиме Top-Tier засилување и не можеме, па се лупнат многу пари, зошто така, ако сака да дојде ќе дојде, има и други за помалку пари.

Новинарите исто имаат улога во ова ама може и ние како навивачи да бидеме малку по-резервирани за некои твитови. Се додека не има официјална објава од клубот, џабе е "Here we go-то" на сите твитерџии/новинари/блогери/scoop-ери.

Според мене ок е стратегијата на Боули. Само треба да се донесе квалитетен ДоФ и мислам дека пола од работата ќе е завршена.
 
Исто како и претходните 2 години не поврзуваат со Bellingham. Демек пивот со Рајс. И пак ќе завршиме со некој Дринквотер/Закарија играч.
Некој играч од Англија ќе се покаже во репрезентацијата и одма е поврзуван со цел свет.
Несомнено е огромен талент, ама тоа не значи дека ќе израсне во светска класа играч.
Пример, има милион примери со видени милион различни причини што можат да заебат талент.
Рашфорд (мрзелив), Гринвуд (затвор), МекЕхран и Хатчинсон (повреди), Волкот (којзнае што му беше филмот), Пато (повреди), Кварезма (шабанерија и латино менталитет), Гансо (касно дојде во Европа и изгоре таму во Шпанија некаде), Ел Шарави (изгледа преценет играч) и уште многу други.
 
Белингам е играчиште. Следи го сега на Светско.
Белингам е 19 годишно дете и wonderkid. Сега, ако продолжи така, ок, ама ако не продолжи, ќе биде еден од тие што ги набројав претходно.
Затоа викам, не се знае, има милион причини да флопне и исто толку да стане играч од светска класа.
Според мене најмногу зависи од тоа каде ќе потпише наредно.
Ливерпул мислам дека нема да му е добо место, Челзи се во транзиција, мислам дека нема да сака да губи години со нив, Реал е добро покриен таму, Барса исто, Јунајтед лол, Арсенал лол, Тотенхем не земаат овакви играчи, јас да сум ќе гледам единствено во Сити или Баерн.
 
Што е финтата со Јунајтед и Арсенал лол? Кога во овој момент Белингам играл во во Арсенал, Арсенал би завршил 15 бода пред Челзи оваа сезона.
 
Што е финтата со Јунајтед и Арсенал лол? Кога во овој момент Белингам играл во во Арсенал, Арсенал би завршил 15 бода пред Челзи оваа сезона.
Шо ќе биде ако биде...
Да не беше короната и да го земеа Халанд во Челзи до сега ќе имаа 30 гола дадено и ќе имаа околу 18-21 бодови
Еј, абе и јас можам да си играм со хипотетички сценарија ц ц ц
 
Шо ќе биде ако биде...
Да не беше короната и да го земеа Халанд во Челзи до сега ќе имаа 30 гола дадено и ќе имаа околу 18-21 бодови
Еј, абе и јас можам да си играм со хипотетички сценарија ц ц ц
ОК, еве ти едно нехипотетичко сценарио, двата твои лола БЕЗ Белингам ќе завршат пред Челзи сезонава, а Челзи СИГИРНО нема да фати топ 4.
 
Ми се сврте во глава веднаш кога влезе дека баш тој ќе им даде гол. Еден од ретките што знае и да шутне.
Баш ми е драго. И за Потер и за него. Да, Обамејанг исто.

Останатото, за греота. Маунт иста приказна, Хаверц иста приказна. Наттрчани во средина. Ковачиќ и Стерлинг скандалозни, секој потег апсолутно погрешен.
Покрај лошата игра, повторно создадовме прилики и повторно се изнапромашувавме.

Со Милан мора поинаку.
 
Дури и на Стерлинг не му замерувам, еден од ретките кој има добра оценка (бар за мене) сезонава. Ама Маунт...па и Хаверц...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom