H
HoT _iCe
Гостин
Teletabisi od odbranu, tugj sram me ede, ne znam koj e povise van pozocojiu, Luiz ili Rudi, ne znam koj e poretardirsn od njima dvoica, nz zasto su starteri zaedno....
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако евентуално Канте игра поназад како досега, би можел да покрива таму и евентуално да удвојува кога ќе бидат притиснати.“По утрото е познава денот“.
Минатите 3 сезони Канте дали беше 3 пати во противничниот 16ник, а на овие 2 натпревари 5-6 пати, еден гол, еднаш блокиран и еднаш проба и со глава. Ми се допаѓа тоа. Само остава дупка и повеќе се уморува, тоа е јасно, но е одличен техничар кој може да повлече повеќе играчи на себе.
Ковачич одличен, може да биде и стартер, а 3цата на клупа нека играат ЛЕ. Мислам дека е ризично да се коцкаат со Цеск и Лофтус затоа што секој бод е многу битен. Баркли игра солидно.
Во одбраната мора да има промени. Нека проба со Кристенсен наместо Давид. Сепак одбраната е многу високо позиционирана, па секоја контра може да значи и гол, со оглед на тоа дека Давид веќе не е брз како што беше некогаш. Тука Кристенсен ќе заврши повеќе работа.
Алонсо во нападот игра одлично, во одбрана е тиње. Па може и да проба со Аспи и Рудигер како бекови, сите топки поминаа покрај Алонсо, па и голот падна по таа негова страна. А од друга страна гол и асистенција. Дилемата е тешка со оглед на тоа што тврдоглаво игра со таа негова “тактика“.
Педро колку што е себичен, Азар толку пак ги разигрува соиграчите. Јасна е разликата со него и без него. За 40тина мин. игра 2 асистенции. Мислам дека ќе има одлична сезона. Башка Педро требаше да излезе наместо Вилиан. 3 пати можеше да додаде, но шутна и утна.
Заслужена победа, но ова нека биде лекција за Сари дека одбраната не е така стабилна, како што си мисли, и дека мора да прави промени. Левата страна му ја шијат, нема позиционираост и прима голови меѓу 2 линии, што е недопуштено, поготово ако сакаат да играат ЛШ.
До 7мо коло имаат полесни натпревари, тука нека си ја гледаат шансата. Нека не го троши Азар, па ни Канте. Ако имаат сигурни победи, нека ги штеди затоа што без овие клучни играчи нема ЛШ.
Ќе заборавев. Врската Аспи-Мората продолжува исто како што започна и лани. Добро е што даде гол, се надевам дека истиот ќе влијае на него.![]()
Формациски гледано, Канте не игра на идентична позиција како и последните 3 год., игра странично, а на негово место игра Жоржињо. Доброто е во тоа што може да учествува во нападот, не мора да игра повлечено и само да мисли на одбраната и со тоа да држи 2 линии, лошото е во тоа што се заморува и постои поголема опасност да се повреди (покрај тоа што вака и мора ја да држи средната линија). Мислам дека не треба да го форсира толку, барем не во овој период. Ковачич и Баркли би биле поидеални играчи за таква игра.Ако евентуално Канте игра поназад како досега, би можел да покрива таму и евентуално да удвојува кога ќе бидат притиснати.