Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
А јас нигде не реков дека сум задоволен. Лоша е играта, сеуште не можат да ја најдат формата. Воопшто не сум задоволен од перформансите на тимот.
Ама, сезоната не заврши.
Абе не заврши ама ништо не наговестува дека ќе се смени.
Факт е дека ни треба добар играч на средина а Мурињо нема преку ноќ да се премисли и да купи.
 
едно прашање зошто го смени Тери со Зума не бев во тек
 
Поштено не измлатија. Реков уште на подготовките, цел тим, особено одбраната, се вон форма. Кога тимот ти е вон форма, на шашма можеш да победиш некоја од помалите екипи, Манчестер Сити на нивни терен - не.
Но, добро, лошата форма нема да трае долго (или може и ќе потрае, шта га знаш), екипата ќе се врати во ритам, а кога ќе тргне возот нема застанување. Само се надевам дека и конкурентите ќе почнат да губат бодови, пред се Манчестер Сити и Јунајтед.
Од друга страна, гледајте на светлата страна на работите, ќе ја одбраниме титулата со хендикеп од -5 бода, дека сме многу јаки :)
 
едно прашање зошто го смени Тери со Зума не бев во тек
Одлучил дека е тактички подобро, затоа што планирал повеќе да напаѓа во второ, а со тоа Сити да ира повеќе на контри, а Зума е побрз од Тери.
 
Одлучил дека е тактички подобро, затоа што планирал повеќе да напаѓа во второ, а со тоа Сити да ира повеќе на контри, а Зума е побрз од Тери.
загреота
ако мислел да напаѓа шо ми го клава Квадрадо Реми кај му е ? На пазар ?
Немаме играч офанзивен шо ке влези и да ја смени играта не требаше Шурле да го даваме сите офанзивни играчи ги дадовме а замени не се донесоа не знам шо мислат ако воопшто и мислат(n)
 
Подобро Кејхил да го извади а Мозес исто тако место Рамирез а не дрвото Квадрадо
 
Овој Вилиан не можам да го смислам. Ич не ми се свиѓа. Сакам некое класа засилување во офанзива. Некако прочитана приказна сме, иако имаме добри играчи ја не се сеќавам кога последен пат сме имале добра офанзивна игра со овој состав.
 
Супер резултат. Ако некој каже дека клубот иде во погрешна насока ќе го пријавам на модераторите, срамота е слепи членови да има на форумов. Ова е се тактички како Јунајтед лани што се заебаа....па сега 2 од 2 се..тоа е планот и за нас..вака нема да не бива некое време па после кога ќе ни тргне..ќе бидеме како Хитлер..незапирливи!

И ете не само јас..и Мурињо вика рано било се уште, на почеток била сезоната а ја пошто не знам да размислувам сам за себе му верувам.

И еве сега ќе купиме некој играч во последниве неколку недели од трансфер рокот пошто сигурно тој трансфер бил планиран уште од пред 2 години а не е ставен онака чисто како damage control.

П.С. Би требало да ги тепаме ВБА иако изгубивме јако од нив лани, 0од3 е тапа и за Мурињо стандарди.
 
Апокалиптично сценарио 1:
Не купуваме никој до крај, проаѓаме групи ЛШ и испаѓаме уште од првиот у нокаут фаза. У ПЛ се бориме за топ 3.
Апокалиптично сценарио 2:
Го купивме Баба, ќе се натегаме за Стоунс до крај на лето и завршуваме со некој како Тал Бен Хаим легендата или Калид Буларуж фетиш играчи на Мурињо. Пак испаѓаме у ЛШ у прв нокаут, у ПЛ сме блиску ама далеку од титула, ќе тепаме слаби екипи, ама и Арсенал ќе не пегла у дуели.
Апокалиптично сценарио 3:
Го купуваме Баба, Стоунс и без засилување у среден ред. Исто пак испаѓаме у ЛШ у прв нокаут, а у ПЛ ќе се бориме за титула заедно со Сити под услов Арсенал и Јунајтед да се топло ладно, ама пак нема да освоиме.

У секој случај мислам дека сезонава можеби евентуален куп, за нешто повеќе реално немаме никаков потенцијал ниту квалитет. А 16 август е, до 31 чуда да се десат нема.
 
Абе уште кога ке го видиш Мурињо неистрижен, неизбричен целиот ке сфатиш дека во тешки срања сме :toe:
 
Грее:aplauz:
Оргиналче? Шо цена е... пушти линк од каде го нарача
 
Грее:aplauz:
Оргиналче? Шо цена е... пушти линк од каде го нарача
Како оригинал, од алиекспрес :D
Шала на страна, супер е квалитетот и доставата брза плус, за три недели ми стигна. Од овој селер земав, ја обновил понудата сега изгледа па затоа нов линк е ова. Еве повеќе слики од домашниот, гостинскиот и третиот. Јас планирам понатаму да си нарачам и од Тери, домашниот.


Иначе, Баба ќе носи 17

CMlV2cqVEAAU7ml.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom