Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Би требало често да игра бидејќи скоро секаде може да игра. Очекувам на гостински натпревари, поготово на тие потешките, дека Мурињо најчесто ќе му дава шанса.
 
Конечно, мораше да излезам од дома за да ги објават.
Жал ми е малце за Шурле, според мене е супер играч и има уште многу простор за развивање. Сезонава и покрај малата минутажа и лошата форма, сепак има дадено 5 гола, последен пат кога проверував, математиката беше гол на секој 120 минути, што е одлично. Сигурен сум дека во Волфсбург ќе биде еден од главните играчи и ќе си го исполни својот потенцијал. Битното е што одлична сума се извади повторно за играч кој ни седеше на клупа, често ни до клупа не стигаше сезонава. Со среќа понатаму на него и на Монтана која морав да ја испочитувам ко што се гледа.

За скоро истата сума ни доаѓа играч за кој се надевам дека ќе се покаже како добро засилување и ќе му го завземе местото на Вилиан во стартната постава. Немам некој посебен коментар затоа што многу малце го имам гледано така да ќе почекам да видам како ќе се покаже. Ако се вклопи веднаш, тимот може уште повеќе да се засили сега кога ни следува клучниот дел од сезоната.

B83QNC0IEAEpjv1.jpg



И за крај, Оскар :cuc::cuc::cuc::cuc:


После ова, ако сака ништо нека не игра до крај на сезона, од мене му е простено :D
 
По вторпат :D
И јас искрено не гледам Серие А, ама видеово е одлично колку-толку можи да се видат неговите продори,голови,асистенции...

 
Нека му е со среќа во понатамошната кариера Шурле. :)
 
Напна да сум ви го ставел ова...
Ај ако може да ме цитираш у фан клуб:

Луѓе сме грешки правиме.Реално глупо е само да се појавувам само кога сум во право а да не го терам магарево да ме цитира во темава и кога сум грешка.
Пред некој си 2-3 години реков дека купувањето на Ширле е лош трансфер и дека купувањето на овој играч е воопшто непотребно и грешно. Тој беше и последниот трансфер на Челзи за кого се замарав уопште. После тој трансфер решив да не се замарам пошто сфатив колку е саат.

...Или барем така мислев...и покрај тоа што Донев чисто за да иде контра мене сметаше дека Ширле е супер играч (можеби некогаш и сам не веруваше во тоа) и е супер трансфер и е играч што ни треба, јас наивно и просто не се решив да верувам во младиот германец.

И сега пар години после неговиот трансфер време е да кажам дека сум згрешил. 5 титули во Премиер Лигата, 4 титули во ФА купот, 3 во Лига купот и 2 титули во ЛШ поддржани со 128 гола и 343 асистенции на Ширле подоцна....згрешив...ја реши Ширле. Тој беше човекот што ни требаше. И сега, кога германецот ќе си замине во Алејата на славните, каде што и навистина припаѓа со други играчи од негов квалитет, време е да кажам дека трансферот на Ширле беше најдобриот трансфер во историја на Челзи. Во право беше Донев. Ама тоа е..млад и глуп бев.....ама знам дека Ширле е голем и ќе ми прости...бидејќи си грешев душа Господе/Ширле :( :(
 
So, immature.

Останува Челси краток на стоперска позиција, потребен беше уште 1 стопер барем, meh.:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom