Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе да, јас уште жалам за Стариџ. Уште кога дојде го гледав цело време за резервите и и тука напињав за него.

 
Сето тоа под претпоставка дека Стариџ ќе ја имаше истата ефикасност во Челзи како во Ливерпул, затоа што Челзи има ист стил на игра како Ливерпул?
Стариџ беше најдобар стрелец на Челзи последната полусезона негова кај нас со 10 гола ако не се лажам.
Така да без никаква претпоставка се водам, туку со тоа што го видов со свои очи.

Да и ја го пратев Стариџ, ми текнува за Сити кога влезе од клупа и од пенал даде гол ако не се лажам али тоа е лошо се понашаше и мораше да отиде, не беше задоволен од тоа како беше третиран што неоправдано а што оправдано.
Ама тоа е сега ќе навиваме следнава сезона тие што ќе ни бидат напаѓачи во првата сезона да го повторат барем успехот на Стариџ од неговите полусезони кога добиваше шанси :D
 
Стариџ беше најдобар стрелец на Челзи последната полусезона негова кај нас со 10 гола ако не се лажам.
Така да без никаква претпоставка се водам, туку со тоа што го видов со свои очи.
Последната полусезона само два гола на 12 настапи. 2011/2012 цела сезона 13, кога играше на крило.
 
Welcome to Instagram, John Terry
ytu6uhu8.jpg



Sent from my HTC Desire 500 using Tapatalk
 
Подобро Ето ќе го чувам што знам Хески нека дојде и нека игра за нас него Коста во тимот . Незнам што да речам за него , ако дојде ќе видиме колку ќе се покажи рано е да се зборува ама од сега прави лоша слика .
 
Подобро Ето ќе го чувам што знам Хески нека дојде и нека игра за нас него Коста во тимот . Незнам што да речам за него , ако дојде ќе видиме колку ќе се покажи рано е да се зборува ама од сега прави лоша слика .
Hehe brat4e nema veze ja go iam gleano igra6e protiv Renova Tetova Makedonsko Celzi 2 gola dade od penal, baska nema podobra opcija od nego on ni e najdobra opcija i ne nejkam da mi replicira6 so 10ina igra4i sto mislis deka se podobri ja veruvam vo Murinjo stom od Surle i od Vilijam napravi igra4i 6to davaat golovi protiv Brajton end Houv Albion ce vidi6 6to ke pravi ovoj, baska iam bratu4ed eden Kosta se vika dobro dete ednas basket igrav protif nego 3ki opasni dava i ovoj e ist takov sto posto mi imaat kazuvano drugari.[DOUBLEPOST=1403274191][/DOUBLEPOST]http://chelseafc.mk/активности/

Нека ја тагне некој пеачкана Џени :vozbud: од кога она пиша се уозбили фан клубот :vozbud:

Ова е некоја космичка случајност што значи дека Џени ќе ни носи среќа во иднина, само да ја вратиме на форумов некако :cuc:
 
Последно уредено:
И јас веќе го сменив мислењето за Коста. Не го сакам. Плус еве и вчера и денес цело време гледам СП, нигде го нема. Што ќе ни е таков играч.
 
Ова се чекаше... Донев во стилот на драгонот. :D
Џабе му е кога и сам знае дека е грешка, јас му враќам со факти он со "Ќе видиме", и на крај на сезона исто ќе биде, јас ќе му кажам дека титула не сме освоиле а Коста дал гол еднаш на секој 10 шута во рамки на гол а он со "Ете се навикнуваше играчот следната е наша"

Ливерпулец :D
 
Постои Коста Рика, не постои Лео Рика.

Диего Коста 1-0 Лео Меси

Најдобар играч на сите времиња (за некои) е Диего Марадона а не Кристијано Марадона

Диего Коста 1-0 Кристијано Роналдо


330fitu.jpg


:icon_mrgr:
 
Змејски претеруваш веќе со хејт.

Светското не беше мерило дали дали Коста е добар играч или не кога цела Шпанија беше катастрофа. Немаше доволно употребливи топки од средината за да можеше да направи нешто.
Во Атлетко беше еден од најдобрите и ги однесе до титула во Ла Лига и финале на лш. При крајот на сезоната го мачеа повреди и Атлетко падна на резултатски план, значи дека Коста и те како имал важна улога во тимот.

Торес не е повеќе матрејал за Челзи, тоа треба да ти е веќе јасно. Далеку е од оној Торес што играше во Ливерпул, а никогаш нема ни да се врати во таа форма. Како прво ја има изгубена самодовербата и чуството за постигнување на гол. Можеби ќе се снајде во некој тим во кој нема толку да има притисок, ама според игрите што ги покажа почнувам да сумњам и во тоа.
Ба ти е несигурен напаѓаш, неконстантен. Еден ден можеби ќе даде спектакуларен гол што е тешко да се помисли не пак да се изведе, друг ден ќе промаши 3 зицери од половина метар и ќе изгубиме натпревар токму поради тие промашување.
Значи вториот и третиот избор Торес- Ба се играчи од кои неможеме да очекуваме да влезе и да ни ја свртат утакмицата доколку губиме. Некогаш можеби ако се расположени, но ја немаат таа класа и рутина како што ја имаше Дрогба, Перси, Суарес, Шилер.

Лукаку е добар играч се докажа во мали тимови Андерлехт, Вба, Евертон, значи знае да постигне гол и тоа доста константно го прави тоа, ама тоа е тоа. Во Челзи нема играно, а Челзи не е од ранг на овие, во Челзи не смее да има слаба форма, слаба партија, да прави почетнички грешки.
Треба да добие шанса наредна сезона, ама да има добра и јака конкуренција, бидејќи е релатнивно млад и незрел како личност, може многу лесно на почеток да даде 6 од 6 а после да го снема наредните три месеци, бидеќи ќе помисли дека е бог и има загарантирано место. Нешто што го направи Оскар сезонава.

Мурињо нема веќе кредит, значи мора да освои титула, ако не ќе му се качат на глава прво медиумите па ќе има редовен хејт од навивачите на ривалите а познавајќи ги и нашите фанови (одреден дел) ќе почнаат со јадење на трици.


Читам имаш нешто против одењето на Лампард. Види сега и мене ми е криво што си замина, легенда на клубот, еден од најдобрите што има играно во Челзи, премногу влијателна личност во клубот.
Ама Челзи во последно време почна повеќе да му штети од што да му помага, со нечесто играње прва постава, рака на срце и самиот тој не беше на ново од претходните сезони, што е и очекувано бидејќи веќе е во години и ја нема таа енергија и сила што ја имаше до 34 год. Паметно беше да искорисити уште малце од времето што му остана како фудбалер и да изигра уште сезона две професионален фудбал. Во Челзи секогаш ќе биде добре дојден го знаеш и ти самиот и незнам од каде ти таа мисла што ја напиша.
Фабрегас беше логично решение, бидејќи немаме креатор во играта освен Матич кој се уште е малд и треба уште да созрева. Фабрегас е играч кој се има докажано во премер лига и само по себе е класа на играч.
Не му треба адаптација, плус го зедовме речиси џабе познавајќи ги цените што се движат на фудбалери во мометнов.

Мозес и Марин никогаш нема да бидат на ново кое ќе биде потребно за да се развијат во класа на играчи. Првиот освен брзина нема ништо друго, типичен црнец на кој само трчање покрај аут линија му е памет.
Марин е многу повеќе таленитан фудбалер од него, со подобра техника и преглед на игра, ама го мачат повреди а самиот знаеш колку треба да си физички спремен за да играш во премиер лига. Неговото тело тоа неможе да го издржи.
Вилиан и Ширле се можеби претплатени но се играчи кои имаат стил на игра и имаат посебно нешто во нив кое ги прави да се разликуваат од просечни играчи, ма да мое мислење е дека никогаш нема да бидат главен костур на тимот како што ќе бидат Курота, Аспи, Матич, Оскар, Хазард, Лукаку. Во нив има игра од 4 до 6 години прво тимски статус.
Но небитно е ова моја процена на ситуација што немора да е точна.
Ширле има добар шут и интелегнеција да се снаоѓа во одреден ситуација, вреден работник кој може да извршува сигурно дефанзиви задачи. Прва сезона му е и добар дел на почетокот не играше така да статистиката му е добра.
Вилијан е брз играч со добра техника и контрола на топка, типечен бразилец. Финти, атрактнвна игра можеби маана му е што многу ја задржува топката но сигурен сум дека со време ќе почне многу подобро да се разбира со играчите, сепак прва сезона му е му треба време да адаптација на Англија.
Салах покажа огромен талент за тие неколку утакмици што ги доби од Мурињо, сметам дека му треба малце повеќе време да се адаптира на Челзи бидејќи дојде од многу послаба лага за разлика од Ширле.
Нема некое конкретно мислење за него.

Толку во врска со ова од мене, последното мислење на оваа тема Напаѓач, Мозис+ Марин > Ширле + Вилиан и трансферот на Лампард.

Последните 3 месеци само се врткаме на оваа тема, испраљаме кривиме и пак ништо не сме постигнале само се вртиме во круг.
Времето ќе покаже дали сме ние во право или змејски (ма на впечаток ми е дека идол му е Фантомот кој секогаш беше контрадикторен и му се нешто сметаше иако се развираше од Челзи) :D


И да за крај имам уште едно прашање до тебе Зоки.

За да имаме успешна сезона (подразбирам да освоиме пл и некој куп) колку според тебе поединечно и вкупно треба да постигне твоето трио Торес, Лукаку, Ба голови?

Моево Коста - Лукаку - (трет избор најверојатно Ба) од прилика некаде 35+.

Коста мин 17 (пл) или вкупно 25+
Лукаку 13-15 (пл) вк 20 +/-
3 избор 5 до 8 (пл) вк 10
 
Чекај, чекај.
Само првата реченица ја прочитав и да пишам пред да прочитам се друго. Постов е за да му докажеш нешто на драгонски? Мислиш дека вреди волку зборови да потрошиш на него? :D[DOUBLEPOST=1403290910][/DOUBLEPOST]
Светското не беше мерило дали дали Коста е добар играч или не кога цела Шпанија беше катастрофа. Немаше доволно употребливи топки од средината за да можеше да направи нешто.
Шпанија без Коста - ЕП, СП, ЕП
Шпанија со Коста - испадна од група

Се гледа и ти колку знаеш, не било до Коста.
 
Последно уредено:
Пред да почнете да исправљате краставице сас Зорицу да ви кажу дека не вреди. Ја одамна не ги читам његови постови у фан клуб Челзи освен ако не е слика од девојку на Шурлета или рандом гиф анимација. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom