Уозбилете се малце бе

Јас ќе си пишам што би правел.
Според мене на тимов му се потребни лев бек, бокс ту бокс мидфилдер како партнер за Матич и напаѓач.
Опции за лев бек мислам дека се Филипе Луис, Шо и Морено. Ама тек сега видов дека првиов имал веќе 28 години. Можеби има 4 сезони во него, ама повеќе би преферирал помлад. Морено има 21, ама го немам баш гледано. Шо знаеме дека го бива, и би бил догорочно решение. Само што ќе треба да се дадат 30 милиони, кои не е проблем да се дадат, ама се премногу за 18 годишен тинејџер кој сеуште не се знае дали и колку ќе се развива. Како и да е, највеќе би сакал Шо да дојде.
После за во средина ги гледам Погба, Видал, Крос. Погба е сличен на Матич, и би рекол млада верзија на Јаја. Не знам кој ќе се справи со нив двајца на средина. Ама ќе треба да се дадат околу 60 милиони, а не сум баш сигурен дека вреди толку. Видал би го донеле за помала сума. Исто и Крос на кој му е последна година од договорот, и ако има некакви шанси да се земе летово, нема да кошта повеќе од 25 милиони според мене. Ако не може, тогаш нека го договараат за догодина без пари. Јас би одел со Крос.
За напаѓач си останувам на најреалната опција, Коста. И Лукаку да се врати секако.
Може и за помалце од 100 милиони да се земат три играчи од овој профил.
Тимот вака го замислувам
Куртоа/Чех/Блекмен
Иванович/Азпи - Кејхил/Зума - Тери/Калас - Шо/Азпи
Крос/Ван Гинкел/Лампард - Матич/Рамирес/Микел
Вилиан/Салах - Оскар/Торган или Пиазон - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Торес или Ба
Куртоа и Чех ќе се борат за голманската позиција. Иванович да си игра десно, Азпи да го заменува по потреба, а он и Шо да се мењаат лево, затоа што Шо сигурно не може да игра цело време во клуб како Челзи уште наредна сезона. Двајцата во средина би се мењале во зависност од противникот. Микел го пишав, ама би го продал, заслужува повеќе да игра, а нема место. Матич би бил првиот избор, а партнерот до него ќе се мења. Лампард почесто да е на клупа него на терен. Еден од Хазард или Пиазон да остане како конкуренција на Оскар, се виде дека му фалеше тоа откако отиде Мата. Секако, Оскар ќе биде првиот избор, ама и еден од овие да добие солидна минутажа. Напред Коста и Лукаку да играат по заслуга, а најдобра опција е Торес некако да се продаде, а Ба да се зачува. Торес зима голема плата, преголема за трет напаѓач. Иначе може и двајцата да останат.