Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
БАНЕТА!!!

Немаме напад бре,Бане дава голови,факт е дека 0 напад имаме.Али ај и ова сезона да ја догураме вака и на лето сакам 2 класа напаѓачи.
 
:facepalm: Една од најлошите утакмици у последно време, без никаква идеја во напад, све нешто млитаво, одбраната ко швицарско сирење, Сити ќе ни дадеа 5ка ако вака игравме против нив...за голот кривица имаат и Луиз ми се чини го чуваше Аничебе и Чех, кој немаше потреба да излегува... Сега да се надеваме дека утре Јунајтед ќе тепаат или барем нерешено да изиграат. Од Сандерленд не очекувам нешто многу, мада еве ги и Ливерпул ако тепаат утре ќе дојдат на 4 бода. Густо ептен, изгубени два бода, кои требаше да бидат добиени. Голот беше казна за никаквата игра, и прокоцканите прилики (кои и не беа во голем број)...
 
Лошо, лошо. Не знам како може да дозволат ВБА да доминира цело полувреме.
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 23:00 ---
@Донев нешто ме означуваше за Матич или грешка сум ?

Не знам, врати се и одговори за тоа за кое тогаш сум те означувал :)
 
Последно уредено од модератор:
Лошо, лошо. Не знам како може да дозволат ВБА да доминира цело полувреме.
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 23:00 ---


Не знам, врати се и одговори за тоа за кое тогаш сум те означувал :)


Tака е затоа и не ти вратив зошто изигра на ниво или па на Туре не му беше денот тогаш, али овие 2 утакмици ептен слабо изгигра мислам ова му е сеа 2 жолт по ред или не?

Него што е со Кол немој тоа Азпи подобар зс нема шанси тоа, него нешто да не му се курчел Кол знае некој или ?
 
Последно уредено од модератор:
Да ти ебам бош утакмицата, дај гол на среќа и после брани се цела утакмица, една грешка и ојдеа 3 бода. Луиз кривец за голот. Ојде првото место уште утре... арно вика тато оди учи на оваа утакмица нема фудбал, јас сам запнал да ја гледам, да се нервирам... ццццц.
 
Дуо Матич и Рамирес - еднаш, и никад више.
Во глобала денеска скоро сите беа бледа сенка на досегашните игри што ги прикажуваа. Ништо страшно... ќе се извлече поука сигурно од натпреваров. Ипак, и онака не сме фаворити за освојување на ПЛ :icon_mrgr:
 
Слабо.
Чех е крив за голот да се разбереме.Прерано излезе од линија и примивме ефтин гол.
Знаев дека ќе ја заебеме уште кога Луиз почна да се глупира последните 15 минути.Разочаран од Луиз.Ептен слабо.
Ето и Торес невидливи.Фантомски напаѓачи имаме алал да ни е.Дрва.
Оскар исто така слаб.Не покажа баш ништо.
Азпи исто така слаб.
Слабо и со шутеви од далечина.Вилиан и Оскар на неколку наврати пробаа но слабо,или високо над голот или млако и право во рацете на Фостер.
Џабе 3 бода изгубени,болат вакви ремија.То е то.
Следната со Евертон дома.
 
И од Евертон ќе поднесеме бол. Ако не можеме вба да ги тепаме, Евертон ни толку.
 
Со овие црниве дресови секад црно ни се пишува, нека турат розе боја за следна сезона.Мурињо вика не му е гајле дали ќе освоиме титула или не, али вриеше од нервоза денеска.
 
Еве ме пак. Последен пат чувте за мене кога извесен кумановац ве извести дека сум се позајмувал со лихвари (барем би требало ова да ви го пренел). Е сега нема да должам многу и да објаснувам како спасив глава од лихварите само ќе кажам (без да преудицирам нешто) дека нема да прочитате ништо од извесен кумановец од групава доооооооооолго време. Е сега за да не ви фали претпоставувам дека кога сеуште би бил дел од живи...од фан клубов би пишал нешто во стил на:

Не сум задоволен со резултатот, уште повеќе со играта. Мечов го загубивме и на тактички план, и на кондиционен план. Бевме натрчани, надиграни и бевме ко мачиња цел натпревар. Не покажавме ништо со кое заслуживме 3 бода додека ВБА одигра солиден меч и не затвори тотално. Торес откако влезе не се ни виде, искрено се надевам дека од лето нема да му го гледам суратот во Челзи. Другиве сите очајни, Луиз не знам што правеше кога го чуваше Аничебе при тоа нафрлување, уште еден доказ дека Луиз е просечен играч со потенцијал кој никад нема да го исполни затоа што нема дисциплина. Толку од мене, се изнервирав многу.
 
Е е е, само немојте со предвидувања да почнувате сега.

Ќе ги тепаме Сити нали, Со Вест Хем игравме нерешено па ги тепавме, според таа логиката така треба да биде и сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom