Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
хаха, ако имате дресови за палењe ставете понуда во фан клуб јунајтед ние ќе ви ги купиме :D

Џабе ви е на вас вие не купувате сино , отприлика вие сте повеќе по домаќинство од типот на чаршави :icon_lol:
 
"Many clubs/managers/boards feel you don't sell to a rival club, we feel and we think different."

'We are not afraid of Mata doing well at Man United, we want him to be happy & do well at Man United. You cannot stop people from being happy."

:cuc:


Wewee..:D Ова 'we feel and we think different' може да се протумачи како дека Јунајтед не го сметаат за ривал, зашто во друг контекст ако се протумачи, сам се побива со случајот за еден факинг БА. :D И тој ќе беше среќен исто. :D
 
Џабе ви е на вас вие не купувате сино , отприлика вие сте повеќе по домаќинство од типот на чаршави :icon_lol:

што се секираш, ќе го ставам на перење со нешто црвено и ќе смени боја одма :D
 
Wewee..:D Ова 'we feel and we think different' може да се протумачи како дека Јунајтед не го сметаат за ривал, зашто во друг контекст ако се протумачи, сам се побива со случајот за еден факинг БА. :D И тој ќе беше среќен исто. :D
Па да бе :D Јунајтед сезонава само за ЛШ ни се конкуренти ама on the other hand исто и Шалке ни се Галата конкуренти во ЛШ ама тоа не се смета за ривалство :D
 
Ја немам отворено темата за ЕПЛ некое време, да претпоставам масовни дешавки се случуваат а ? :D

едит: Кој ќе отвара тема во религија после ? :icon_mrgr:
 
По тоа што го кажал Мурињо на пресот дека сака Мата да биде срекен ке почне и да ми се допаѓа човекот дури :icon_lol: и уште нешто, се радувам што овде нема сечење вени и цркање по Мата, како што беше кај Арсенал по трансверот на РВП, туку повеќето му се заблагодаруваат за тоа што го стори додека беше во Челзи (y)
 
Другар пријателски совет: Иди во фан клуб Јунајтед линкувај некоја страна на пр: Руни, човек со лавовско срце.

Сигурно ќе те пречекаат со отворени раце, јас им пишав нешто пред некој ден а бе милина луѓе за момент заборавив дека им заминува најдобриот играч од нивната екипа :)
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 14:20 ---
Ај некој (читај:Донев) нека биде добар да пише отприлика што се зборело на прес-конференцијава.

А инаку Мата се зезна со трансферов, до душа го оправдувам логично си постапи, ама не верувам дека во Јунајтед ќе постигне некое ниво поголемо од да речеме Озил во Арсенал. 2 месеца ќе биде добар, 2 месеца ќе стагнира. Што пак не значи дека ќе биде лош, баш напротив очекувам да биде еден од подобрите играчи во Јунајтед (пошто ептен е тешко ова :ROFLMAO: )

Значи да очекуваме 60 милиони за Борини деновиве.. :D

Јас не би се изненадил и Франко ди Санто ако го вратиме :)
 
Запознаени сте сите на чија страна бев во настанатата ситуација помеѓу Мурињо и Мата. Сметав и уште сметам дека играчот кој ни беше најдобар во изминативе две сезони заслужуваше поголема минутажа и не заслужуваше да биде така наеднаш седнат на клупа. Исто така сметам дека не мора сите играчи во Челзи да играат дефанзивно и да имаат таква задачи. Таа позиција е можеби најбитна, каде што играат Мата и Оскар и затоа треба да имаат многу поголема слобода и да бидат ослободени од таквите задачи.

Мата ми беше омилен играч. Фантастичен фудбалер, неверојатно чувство за пас, интелигенција во движење, страшно ме потсеќаше на Зола и сеуште тврдам дека тој е еден од најдобрите играчи кои воопшто го носеле дресот на Челзи.
Но, со неговото заминување се помирив уште пред 3-4 дена. Сега ми е онака '' мех ''.

Единствена работа што ми сметаше кај Мурињо беше оваа. Ме нервираше затоа што Мата добиваше незаслужен третман. И кога се појавија гласините дека Мата ќе оди во Манчестер, во себе го пцуев Мурињо и на момент си помислив '' подобро ќе беше и да не дојдеше воопшто во Челзи ''. Ама ми помина, не го мислев тоа навистина.

До 12:30 денеска, ситуацијата беше: '' Мата оди во Манчестер, аха. Добро, 40 милиони се убава пара. Криво ми е, добар играч. Штета! Мата во Манчестер, а? Кој ќе го слуша другар ми. А и не сакав да оди кај нив, не ни го дадоа Руни. Море можеби и подобро, барем ќе игра. Јас ќе го поддржувам во секоја екипa '' .

Почнува пресот, очекувани прашања. Од сите страни новинарите прашуваа за Мата и неговиот трансфер во Јунајтед. Мурињо видно разочаран кажува дека тој сметал на Мата и дека сакал да остане ( неискрен одговор ), но дека стигнала добра понуда од Јунајтед. Кога го прашал Мурињо дали сака да замине од Челзи, тој одговорил дека би бил СРЕЌЕН да замине од Челзи во Манчестер Јунајтед.
Е сега вака. Мата беше омилен на навивачите, беше омилен меѓу соиграчите, беше омилен и меѓу сите познавачи на Премиер Лига. Нагласуваше дека е среќен во Челзи, дека сака да остане доживотно во клубот. На повидок беше нова легенда. После една полусезона нередовно играње во Челзи, после првата понуда од некој клуб, да си заминеш без да се бориш, а имаш притоа таков статус во клубот... е за мене тоа е непочитување. Прво кон клубот, па кон навивачите за кои Мата беше нешто највредно во овој состав.

Играш во голем клуб, клуб кој изминатава деценија е во подем, клуб кој имал и има одлични фудбалери. Клуб во кој има страшна конкуренција и во клуб каде што мораш да се бориш. А, Мата замина без борба. За жал, тоа не е одлика на големи фудбалери.
Ќе ми речат другарите: '' Ама па на клупа седнат, а иде Светско првенство ''. Иде, точно е. Затоа треба да се средат приоритетите.
Ама па и за Лампард претстоеја многу првенства, кога седеше под водство на Боас на клупа, заедно со Тери. Во 8 години и Дрогба не беше регуларен стартер, а и за него претстоеја многу првенства и Афрички купови, па не се испичка и не ни замина после првата понуда. А ги имаше многу, за сите тројца.
Еве и сега. Луиз не игра постојано, за него претстои Светско првенство, па не замина после првата понуда во Барселона или Баерн.

Претходно, Мурињо му понуди да игра по крило. Јас бев против, веројатно и тој. Затоа и се поретко стартуваше. За да биде иронична ситуацијава, сега во Манчестер го купуваат, баш да игра како КРИЛО. Незадоволен во Челзи со таа позиција, во новиот клуб го чека истото. И многу ме интересира, за некоја година пак ако е во комбинација да се избори за место во шпанска репрезентација. Мојс го седнува на клупа и не игра редовно 3-4 месеци. Пак ќе избега во првиот тим кој ќе даде понуда за него? Веројатно, затоа што кога еднаш човек ќе направи такво нешто, шансите тоа да го повтори се големи.

Со среќа нека му е во новиот клуб, му посакувам се најдобро. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои продефилирале во клубот. Нема да му ги заборавам фантастичните партии во овие две и пол сезони. Головите против Манчестер и Арсенал, асистенцијата во финалето против Баерн за Дрогба и уште многу работи кои ги направи за Челзи. Му благодарам за направеното!
Ама ми е криво, затоа што за овој играч ќе сакав да кажам '' ... еден од омилените играчи воопшто ''. Сега за жал ќе остане '' ... ми беше еден од омилените играчи во тој период ''.
 
we are not bringin strikers!
50 mins later: Шпекулации за Хулк (добро не е баш напаѓач али со напаѓачки предиспозиции е).
Мастери.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 15:02 ---
Пред 14 саата ја постирал сликата Хулк. И замислете ситуација го донесуваме Хулк а во меѓувреме Мата паѓа на медицинскиот. Што ќе им правиме на играчиве бе ? Витезе ќе ги направиме галактикоси дел 2
 
50 mins later: Шпекулации за Хулк (добро не е баш напаѓач али со напаѓачки предиспозиции е).
Мастери.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 15:02 ---
Пред 14 саата ја постирал сликата Хулк. И замислете ситуација го донесуваме Хулк а во меѓувреме Мата паѓа на медицинскиот. Што ќе им правиме на играчиве бе ? Витезе ќе ги направиме галактикоси дел 2

И оп некој јужноафрикански „Ибрахимович“ ќе донесиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom