Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Последните две минути
tumblr_mez3hkwZTB1rsy0lf.gif
 
Честито победа и пласман у ЛШ наредна година :D
Кој ако не Лампард?:cuc:
 
Тоа е тоа, најверојатно и без Азар против Бенфика, Тери мислам е 100% сигурно дека нема да игра.
Вака-така, успеавме да обезбедиме ЛШ. Е сега, прашањето е дали 3то или 4то место. Доволно ќе биде бод со Евертон доколку Арсенал не надокнадат 4 гола, колку што моментално Челси има подобра гол разлика. (играат против Виган и Њукасл).

Лампард! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:Како што пишав и во темата за ПЛ, после ова денеска, едноставно мора да му дадат нов договор. Без разлика дали Мурињо ќе дојде или не.
 
Лампард :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Како може на ваков играч да не му дадат нов договор?
 
Уф, добро е, конечно го осигуравме местото во топ 4.
Лампард :cuc::cuc::cuc:
Нема зборови за човекот. Неможам да опишам како се осеќав во моментот кога го даде првиот гол, а да не зборам за вториот. ЛЕГЕНДА. Скоро сум сигурен дека ќе му биде продолжен договорот без разлика дали ќе доаѓа Мурињо. Едноставно неможе никој на светов да даде една причина зошто не би му бил продолжен.

Колку и да сум среќен, сепак повредите на Тери и Хазард заебаа. Без Тери некако ај навикнавме ама Хазард ептен е потребен за финалето. :(
 
Тери нема среќа со повредиве, нов дефанзивец треба да купуваме на лето. Хазард задната ложа ја поеба, изгледа и за него заврши сезоната.
 
Два црвени, прекини, три повреди, негатива на полувреме, поништен гол, 7 минути продолжение, а се играа 9. Драми!
Здравје ми зедовте бе овие 10 години, здравје.

Шампиони кога имаш во екипа, е така. Милан и Манчестер освојуваа затоа што имаа стари шампиони. Ме нервира тоа што сега ќе се шлепаат за оваа победа и некои ашљаци, кои појма немаа денес. Ќе се шлепаат на Лампард и Тери.
Мајсторот си е мајстор, кога беше најпотребно. Шампионски, лидерски, го повлече тимот со себе, направи пресврт и обезбеди место во ЛШ. Не го може тоа секој.

Два гола, победа на тимот, срушен рекордот на Боби, најдобар стрелец во Челзи.
Кога ќе ме прашуваат децата, како сум ја запознал мајка им, ќе ја скокнам таа ''досадна'' приказна и ќе им кажувам за Френк Лампард. Мојот омилен играч, играчот кој испиша историја. Ќе им кажувам за тоа дека живеев и навивав за Челзи во тоа време, време кога Лампард постигна 203 голови и стана најдобар стрелец во историјата на клубот. Да, тој. Играчот од среден ред. Еден и единствен. Незаменлив.
Капа долу шампионе, нека учат другите од тебе и од Тери.

:cuc:


Се изненадив и самиот, немав сили ни да се радувам како што доликува. Само кога даде Лампард за 2-1, ми потекоа солзи во истиот момент. Па уште кога влегоа навивачите на терен. Баш филмски.

И ако не му се продолжи договорот на генијалецот, челните луѓе одклубов дефинитивно масовно се дрогираат.


72876_10150891688829614_124855544613_9385382_276471836_n.jpg
 
Много бледо прво полувреме, почетак на второ Рамче сс глупости продужуе,амаа според мене не е он крив, физички и овуј утакмицу небеше спреман дебел га игра, одбрана освен Кејхил таа што ја усра друго се во ред беше, али средниот ред освен Мата и Лампард многу слабо, Хазард на моменти блеснуваше само, слаба транзиција многу погрешни пасови и тука имавме среќа, но од нивна страна еден играч не растури, и погоде на кого највеќе потсеќа, значи од моменталниве шпиц играчи највеќе Бентеке ме потсеќа на Дрогба , сигурен прием на противничка половина спуштена топка до соиграч, солидна техника и екстра завршен удар, да си го земеме оваа лето и Лукаку да говратиме би имале најразноврстен нигерски напад во светото Лукаку, Ба, Бентеке само замислете!
 
Честитки за Лампард најпрвин, ама сега сите во црква да се молиме Хазард да се опраи до четврток. Без разлика каква статистика има во моментов Хазард е Челзи и без него едноставно неможеме да играме. Бенфика ќе биде фаворит во финалето цц леле неможам да се помирам дека с еповреди Хазард ги имаше двете најбитни асистенции сезонава а Лампард двата најбитни гола. Едниот полека оди во историјата а другиот почнува да пишува нова.
 
Секоја чест момци,алал вера на Лампс,дефинтивно играч кој го поштувам многу во Англија заедно со Гигс.Од секогаш ми се свиѓал како играч и како човек,едноставно така на лик ми вика дека е милота од човек и баш ми е мило што е прв стрелец на клубот.Респект..
 
Како што кажа Geezer ќе ми биде чест да раскажувам дека сум го гледал Супер Френк како игра и како руши рекорди!!! Единствената светла точка оваа сезона! Уште и во финалето во среда да не го игра Бенитез и не знам, и покрај тоа што му даваше слаба минутажа сезонава мајсторот се покажа на дело!! Легенда наша, браво уште милион пати! ЛШ е обезбедено, сега останува да се победи во среда!
 
Дај Боже да му дадат нов договор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom