Поштено не издуваа 2-0, мада какви беа нашите можеа и повеќе да не даруваат. Чех беше одличен денес, иако прими два гола нема никаква вина. Ивановиќ беше ОК, Кејхил супер утакмица, Давид Луиз солидно, Кол ми беше нешто послаб. Генерално одбраната беше на ниво, средината ни беше многу лоша, и тоа остава простор за напад. Не ретко ако ја загубеш средината, го губеш и мечот. Микел не беше нешто посебен, Лампард исто, Рамирез тотално неснаодлив, Мата и Хазард беа отсечени исто и Ба, мада го пизмам за непотребните дриблинзи пред првиот гол да ни го дадат, требаше да шутира меѓу двајцата имаше простор.
Пеналот шо го промаши Лампард и мислам дека и не беше пенал, само мое мислење е. А кога видов дека Манчини го пушта у игра Тевез, знаев дека баш он ќе ни даде гол, пошто грозниот има таква непријатна навика. Бенитез абдал, тактички поразен од Манчини, којзнае шо им рекол, ваљда да не го примат, ако веќе го примат,само со главчето да влезе...
Ај веќе е понеделник, насабајле сакам да чујам убава вест дека крофната е на патешествие надвор од Челси.