Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Исто како Лампард што викавте дека неможеме без него :D
Не можевме без стариот Лампард (односно помладиот). Сега овој Лампард има 34 години, веќе не е подвижен ко претходно, а со оваа тактика и игра што ја форсира РДМ и те како е потребна голема подвижност за да се покрива секое делче од теренот (што многу пати сезонава не се правеше и се примаа евтини голови). Со сета почит кон Лампи, но неговото време полека изминува. Ќе треба он да се помири (ако веќе не се помирил) со фактот дека се' повеќе ќе биде на клупата, а се' помалку кон теренот. Точно е дека он знае да даде добри топки, но моментално во тимов имаме повеќе такви играчи (што можат да дадат ненормално добар пас-Мазакар). Плус да не зборувам дека со оваа формација потребни се двајца орачи на теренот ко Микел и Рамиреш (или било кој друг од нивни тип). На Френк најдобро му лежеше 4-5-1 или 4-3-3 како сакате (со тројца во средина, и две крила со еден напаѓач). Се надевам дека него ќе го наследи Џош.
И да, ова е мое лично мислење, и не мора никој да се сложи со мене.
 
Чеј ти пак со муабетот дека Чех не го бива? Ај малку свести се што зборуваш. Да, Чех знае да киксне некогаш, што им се случува на СИТЕ голмани. Што мислиш, ако Тибо ни биде прв голман нема да прави грешки?? А сега сети се што се' ни донесе Чех во изминатите години (почни од ЛШ минатата сезона). Човекот доживеа страшна повреда, но се врати и брани одлично според мене. Што сакаш да направи он, во ситуација кога е маркиран со еден куп негови играчи пред него, кои всушност треба да ги маркираат играчите на противникот (во случајов Шахтјор!). Премногу простор им оставија на таа утакмица и затоа беа казнети со два гола. Среќа што почнаа и они да се зезаат на крајот, можеа да не столчат, но затоа им дојде казната.

Виновник е само Бертранд пошто од негова страна пројдоа акциите, а не грешка на Луиз и Кејхил како што викате.
Што му направи Харт на Гивен само со 1 ебена утакмица го седна на клупа, по што веке се знаеше дека Гивен нема веке што да бара во Сити.
Точно Чех не е веке тоа што беше после повредата, па гледај со Шактор ниеднаш не проба да избаци топка од корнер цело време на голот беше залепен, Чех не е тоа што беше затоа и ни треба Куртоа по мене.
 
Рамирес да, ама МИКЕЛ?

Микел да не беше 5 гола ќе ги јадевме. Најстабилен поединец ми е Микел оваа сезона. Одлично го покрива Давид Луиз кој се повеќе и повеќе се мисли дека е Меси па ми дрибла и заминува во напад.
Мислам на Рамирес и Микел ко тандем, дуо. Ко раштимана гитара беа против Шахтар.
 
Последниов месец играме без Лампард.

Пораз од Јунајтед.Пораз од Шахтјор.Нерешено со Свонси.Победа остварена после судиско продолжение.

Би можело да се рече дека не можеме без Лампард :D

Па Лампард треба да брани па да не добиеме порази ?
 
Ламапард повеќе има мотивациона улога, отколку клучна улога на терен. Он може да влијае кај играчи за подобро да играат, да ја пренесе пораката на Роби и да пружи подршка, неговата улога на теренот е веќе одамна епизодна, како и што би требало. Но нема да беше лошо да го имавме против Ливерпул, поради искуство, знае да реши утакмица Френки сеуште со еден потег.
 
Виновник е само Бертранд пошто од негова страна пројдоа акциите, а не грешка на Луиз и Кејхил како што викате.
Што му направи Харт на Гивен само со 1 ебена утакмица го седна на клупа, по што веке се знаеше дека Гивен нема веке што да бара во Сити.
Точно Чех не е веке тоа што беше после повредата, па гледај со Шактор ниеднаш не проба да избаци топка од корнер цело време на голот беше залепен, Чех не е тоа што беше затоа и ни треба Куртоа по мене.
Ноуп, не е грешка само на Бертранд. Кој го остави Вилиан сам, два пати. Т.е. при првиот гол, 3 или 4 играчи на Шахтјор беа сами! Тоа е недопустливо. Можеби еднаш сум кажал, но сега пак: тоа што порано ни беше најдобра алка, сега е најслаба.

За болдираното, среќа што ти немаш раководна функција во Челси. Чех не е тоа што беше пред повредата, ама е еден од најзаслужните што земавме ЛШ. А тоа не беше така одамна. Еве прегледај ги примените голови во оваа сезона и види колку се грешка на Чех.
 
Ноуп, не е грешка само на Бертранд. Кој го остави Вилиан сам, два пати. Т.е. при првиот гол, 3 или 4 играчи на Шахтјор беа сами! Тоа е недопустливо. Можеби еднаш сум кажал, но сега пак: тоа што порано ни беше најдобра алка, сега е најслаба.

За болдираното, среќа што ти немаш раководна функција во Челси. Чех не е тоа што беше пред повредата, ама е еден од најзаслужните што земавме ЛШ. А тоа не беше така одамна.

Да не беше Дрогба немаше да земеме ЛШ а не Чех.
 
Да не беше Дрогба немаше да земеме ЛШ а не Чех.
Да де, нема врска што Чех одбрани два пенала во пенал-серијата, му одбрани пенал на Робен (јес да овој шутираше лошо). Плус колку одбрани во мечовите пред финалето.
И читај малце убаво. Реков еден од најзаслужните, се знае кои се другите (на чело со ДД).
 
Да не беа Чех и Дрогба немаше титула во ЛШ, не зборите глупости, Чех беше вистинска мачка, одбрани 5 пенала, аман веќе.
И сега е мачка, не гледам никаква кривица во него, сеуште е за мене најдобар голман на денешницата.
 
123456
Се можам да сватам, ама плукање по Чех никако. Па тој е најзаслужен што освоивме ЛШ, НАЈЗАСЛУЖЕН!
Брзо ли заборави какви ѕверски одбрани имаше на двата натпревари со Барса?! Заборави ли тоа што ги одбрани/ им ја погоди страната на сите пенали против Баерн? Или тоа што го одбрани пеналот на робен, кој беше клучот за опстанок на натпреварот. Потоа пеналите на олич и швајнштајгер?!

Не ми се верува еј, треба на Чех свеќи за здравје да му палиме да остане што подолго во тимов, а некои со сила го бркаат..

:cautious:
 
Плавиот^ не пишувај во множина, само 123456 неможе да ја види важноста на Чех за тимот.
Моја грешка ќе изменам сега. Мада од типот више ништо не ме чуди, кога плукаше и по тери и по лампард, па и по дрогба едно време...
 
Мислам на Рамирес и Микел ко тандем, дуо. Ко раштимана гитара беа против Шахтар.
Точно ама некако и овие напред не се враќаат ич да покриваат, Оскар и Мата ајде де ама Хазард и Торес ич! Лани еј Дрогба десен бек беше :) сега добро друг е и концептот на играта оваа година, ама сепак не смее па до толку да се заборави одбраната...Засега играме добро, со Лампард како и да е ќе бидеме подобро има пред се искуство, и со Микел во тандем или Рамирез, би бил супер опција кога ќе се врати...Одбраната, веројатно на Бертранд му треба уште време да научи уште нешто од Кол и тоа е тоа, Луиз ќе се врати полека, веројатно бразилското во него е посилно од самиот себе па мора да трча напред и да сака да даде голови :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom