Имам забелешки, иако душава ми е полна, во ваков дерби натпревар што тепавме, и што ги надигравме. Но:
Ја сум научен на Челзи со крила. Вистински. И така играме, но не со вистински. Хазард треба да стои лево, евентуално да ротира со Мата по лева страна, а не Мата да игра десно. Не е негова позиција тоа. Или пак Оскар да игра десно. Го имаме Мозес, нема потреба од глумење на шпанска репрезентација со Силва како десно крило.
Друго, одбраната можда на хартија ни е најјака, но според мене ни е најслаба во изминативе 10 сезони. Не разбирам како Жервињо остана сам во шеснаесет, а четворица беа внатре. И ни даде гол. Кој ќе не чинеше три бода. Не ми е јасно.
Луиз на моменти игра добро, на моменти не. Мора да ја чукне таа палмата, да се консолидира малку.
Треќо, трубам стално, као и повеќето од вас, ама нешто во Ди Матео е останато од Боас. Тоа што пимпламе, играме рака на срце многу подобро него во времето на Боас, но немаме завршница. Не шутираме, не создаваме конкретни шанси. Сакаме со се топка в гол. Е не можеме, јеби га.
Или можеме ама не секогаш. Мора да се подобри и тоа.
Оскар... детево ме воодушевува. Игра се подобро и подобро, трча, пожртвуван е, а и игра епизодна улога во смисол чува некој играч. Пирло го пикна в џеб, денеска Артета и Казорла. Алал да му е.
А пазете, не игра на природна позиција. Цело време игра по потреба. Можам да замислам што ќе се деси кога ќе игра таму каде што му пишува во опис и попис на работно место
И уште нешто. Жално е со вакви техничари да не играме добро, не мора којзнае колку да веземе, ама да играме добро. Ајде лани само Мата го имавме, ама сега ги имаме и Мозес и Хазард и Оскар и Марин. Техничар до техничар.
Но мора да го појачаме средниот ред, со копач. Ние сме Челзи, да не се заебаваме.
Фелаини го гледам како идеален играч.
Тоа е тоа, голема утакмица добивме по фијаското со Мадрид и несреќниот икс со Јуве. Не сме за фрлање, први на табела, Њукасл и Арсенал добиени, без пораз, со најмалку примени голови.