Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Од кај ова?
Па мислам дека договорот му завршува оваа или следната сезона па претпоставувам дека нашиве нема да му понудат продолжување на договорот.
Чисто претпоставка моја :)
 
A ако ме слушаат мене барем да дозволат да се пензионира во Челзи .Не е фер и глупаво ќе биде една легенда како него да не се пензионира во Челзи :) .
 
Френк или после сезонава ќе се пензионира или ќе игра уште две години во Челзи, трето нема, и тој и Гурлај го имаат изјавено ова, едноставно човек и легенда на клуб Челзи како што е Лампард мора да си испочитува до крај, и ко Арсенал со Анри што направија, една мини статуа пред Стемфорд нема да биде лош гаџет и почит спрема Френк, а за менаџер или асистент сеуште е рано, а би требало да добие шанса да продолжи ко асистент или тренер на млади во Челзи, според мене.
За мене лично, Френк е поголем играч и легенда и од Тери во Челзи, и како таков сакам и сметам дека треба да добие максимален респект.
 
Мислам дека нема шанси да не му се понуди нов договор. И Лампард и Тери треба да ги завршат кариерите во Челзи.

Иначе Кол уште не се опоравил од повредата и ќе го пропушти и вториот натрпревар за Англија. Ако потрае, ќе биде тоа одлична шанса за Бертранд.
 
^Добро е тоа што Ешли ќе се одмори ама сепак Бејнс најверојатно ќе игра пред Бертранд. Иако се надевам дека ќе добие шанса реално не ми се верува.
 
И јас сметам дека Лампард после сезонава треба да ја заврши кариерата, неговиот зенит помина пред 2 сезони кога беше апсолутен лидер на Челзи.
Тери може да тера уште една сезона, помлад е две години од Френк, али ова е под знак прашалник, зависи колку е физички спремен да води екипиште ко Челзи на фронтови кај се бара 90 минутно трчање без застој, Тери се сомневам дека веќе може да биде ко порано физички и кондиционо спремен, затоа се повеќе и повеќе киксови прави.
Директна замена за Лампард сметам дека ќе биде еден од Оскар/Мекехран, јас повеќе сум за Џош, има феноменални топки во празно да избаци играч, и повеќе го имам гледано од Оскар кај игра, затоа и го бирам, да видиме како натака ќе се развива Оскар и какви партии ќе прикаже. Али и двајцата се апла слаби во физичка спрема, еден бодичек и бај бај.
 
^Добро е тоа што Ешли ќе се одмори ама сепак Бејнс најверојатно ќе игра пред Бертранд. Иако се надевам дека ќе добие шанса реално не ми се верува.

За Челзи мислев
 
Тери може да тера уште една сезона
Може поише од 1 сезона :D
За Челзи мислев
Прочитав дека не била сериозна повредата ама ајде ќе видиме.Според мене Бертранд треба секако да добива шанса секој втор меч во прв тим место Ешли.
 
Ќе цепа Тери до пензија има уште време за него но Френки дали ќе остане е прашалник не знам како ќе изгледа Челзи без овие двајца:facepalm:
 
Ќе цепа Тери до пензија има уште време за него но Френки дали ќе остане е прашалник не знам како ќе изгледа Челзи без овие двајца:facepalm:

Против Њукасл не играа па добро беше.
 
Против Њукасл не играа па добро беше.
Абе уште трипам по Дрогба викам сеа ќе се убаци од некде и ќе даде гол :D Него ме занима кој ќе биде капитен после Тери не гледам некој достоен капитен во тимов,лидери како Тери и Лампард
 
Абе уште трипам по Дрогба викам сеа ќе се убаци од некде и ќе даде гол :D Него ме занима кој ќе биде капитен после Тери не гледам некој достоен капитен во тимов,лидери како Тери и Лампард
Ваљда Чех ако остане. Ако не Кејхил. Друг кандидат во моментов не ми текнува. Во тој период и Мата ќе биде староседелец во тимот
 
Ваљда Чех ако остане. Ако не Кејхил. Друг кандидат во моментов не ми текнува. Во тој период и Мата ќе биде староседелец во тимот
Некако мирни ме се овие за таа работа особено Мата него ич не можам да го замислам како капитен :D
 
Бане би бил океј за капитен.
Мене ми недостига Мурињо и Дрогба,преска гледав документарец за Мур,нема како него тренер. Не дека го газам Ди Матео,Мурињо е виша класа од било кој друг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom