И јас сметам дека Лампард после сезонава треба да ја заврши кариерата, неговиот зенит помина пред 2 сезони кога беше апсолутен лидер на Челзи.
Тери може да тера уште една сезона, помлад е две години од Френк, али ова е под знак прашалник, зависи колку е физички спремен да води екипиште ко Челзи на фронтови кај се бара 90 минутно трчање без застој, Тери се сомневам дека веќе може да биде ко порано физички и кондиционо спремен, затоа се повеќе и повеќе киксови прави.
Директна замена за Лампард сметам дека ќе биде еден од Оскар/Мекехран, јас повеќе сум за Џош, има феноменални топки во празно да избаци играч, и повеќе го имам гледано од Оскар кај игра, затоа и го бирам, да видиме како натака ќе се развива Оскар и какви партии ќе прикаже. Али и двајцата се апла слаби во физичка спрема, еден бодичек и бај бај.