Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Играта на Давид Луиз и Стариџ делува ептен демотивирачки за играчите (посебно голманот) на Болтон .. :pos:
 
Ве молам за некој линк кој работи!
 
СОПКАСТ Channel - 106723
СКАЈ СПОРТС ХД
 
Изгледа почнавме пак со серијата :D .Истата епизода од пред две сезони т.е една :D
 
Добро ни оди, презадоволен од резултатот. Најинтересно беше (за тие што гледаат на СпортКлуб) кога коментаторот рече: „И фрижидер да фрлат, ке влезе во голот“ :)
 
Уште еден гол сила даваме и толку.Не сме таква екипа што демолира екипи со по 8-9 гола разлика.А треба да почнеме тоа да го правиме,кога имаме можност.
Добра игра,без малтретирање им закачивме 4 парчиња.Добра игра имаме,само пак некако не сме убедливи.Пак некако нешто ми фали.Но ќе биде и тоа во иднина,искрено се надевам.
Единствено ме нервира тоа што Мата не игра на својата природна позиција како лево крило.Го гледам Мата назад покрива,го гледам Мата главен плеј,го гледам Мата десно.
Требаше да купат плејмејкер,а не да импровизираат сега со шпанецов.Нему местото му е лево во нападот,а не назад со Кол да земаат топки јеботе.

п.с Сакам Стариџ хет-трик да направи :D
 
Конечно одлична реализација. Од 7 шута, 4 влегоа во гол. Мислам дека Боас е се поблиску до она ниво кое што го посакува. И одбраната е добра, за Луиз нема потреба да се зборува повеќе. И назад одличен, оди и напред, знае да даде гол. Неколку пати и одлични долги пасови пушташе.
Стариџ конечно се докажа во Челзи, нешто што го чекав од кога дојде. Секако, најголема заслуга за тоа има баш Болтон. Ептен ме радува тоа што конечно го покажува својот квалитет. Си игра со играчите на Болтон, ги поминува како сака.

Сега второ полувреме само да не се опуштат, сакам да ги напунат до крај, ни треба таква победа. Одлично ќе биде ако Стариџ постигне хет трик, а би сакал и Лукаку да добие шанса.
Лампард повторно се враќа со голови. Не за друго, нели ќе си оди сега па последните месеци да се покаже во најдобро светло :D
350ти натпревар во ПЛ за Челзи за него денес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom