Тешко е да се игра против 11 играчи што се добро бранат, а уште потешко е против 12.
Брат брату, едно 10 блу-тут фаули досуди во нивна корист. Исто така, не му даде црвен картон на говедото Матета за газењето на Каиседо во второто полувреме, односно не му даде втор жолт, кој беше чист како солза. Второто полувреме барем личеше на нешто, за разлика од првото што, благо речено, беше катастрофа. Како што напиша братот погоре, како да не беа подготвени 100%, ама каде е таа енергија од мечевите со Милан и Леверкузен? Не беа ни 20% од тоа што го прикажаа на подготовките.
Санчез повторно се врати на старото. Изгледа ќе треба почесто да се зборува за доведување нов голман, па можеби ќе се уозбили, како на СКП. Вчера една топка не испрати таму каде што требаше.
Ајде, не е сè толку црно, има и позитивни работи, како Ачемпонг и Естевао. Распоредот не е баш лесен за почеток на сезоната, ама верувам дека новите играчи брзо ќе се привикнат на Премиер лигата и ќе газиме.