Донарума зема околу 13м евра годишно.
Над 10м евра годишно во Челси зимаат тројца играчи: Енцо , Стерлинг

и Фофана (кој е баш тука на границата од 10м). Така што, дефинитивно не влегува во структурата на платите, ниту во моделот на градење на екипата (дали е исправен или не, ќе видиме) со земање на исклучително млади играчи и играчи до кај 23/24 години.
Плус, мислам дека ќе му веруваат на Санчез уште една година, Јоргенсен е бекап, Слонина е трет голман (ако не оди на позајмица). Патем, Слонина се најавуваше како огромен талент пред некоја година, ама сега изгледа Пе(а)ндерс има поголем потенцијал.
За дефанзивци, големо прашање е дали воопшто имаат на мета некој одбранбен играч и следствено, некој за кого ќе почнат преговори и слично. Колвил ќе отсуствува бар 5-6 месеци, што значи дека до јануари екипата ќе биде со: Чалоба, Тосин, Фофана, Бадијашил (?), Дисаси (?) и Ренато (?). Хато не го планираат за централен одбранбен по тоа што изјавува Мареска.
Не верувам дека сите тројца со прашалници ќе си одат, а верувам дека првично ќе пробаат да го задржат Ренато и да видат што може да покаже во Премиерлига на таа позиција, со поголема минутажа, макар до јануари. Па потоа би разгледувале: (1) како е ситуацијата на Колвил, (2) дали Фофана ќе биде оправен и ќе игра во ОК форма некогаш (или следното лето ќе замине) и (3) како ќе се покаже Ренато во овие 4 месеци.
Бадијашил и Дисаси се надевам ќе добијат трансфер или позајмица со задолжителен откуп, а особено вториот. Искрено, не се профил на играчи за екипа што има за цел во новата сезона да биде стабилна во топ 3/4, а понатаму и да ја напаѓа титулата.
И да, Кимпембе последен пат играл професионален фудбал во 2023 мислам. Скина ахилова тетива, после врза уште една или повеќе повреди нема теорија да пристапи до први 11 во ПСЖ (а прашање и за клупата).
Едит: Кукуреља добил продолжување на договорот и веројатно некое зголемување на платата. Слично нешто можеби ќе следи и за Каиседо. Ова е добар пристап, првите договори да не бидат нешто претерано (мада, што е претерано за денешните услови во фудбалот?!), па ако се докажат тие играчи, да добијат побогати договори. Затоа и нема да гледаме трансфери како тој на Стерлинг (читај: Донарума). Не дека се во слична форма Стерлинг тогаш и Донарума сега, туку за годишен и финансиски профил на играчот.
Едит 2: Стерлинг, Нкунку и Чилвел заедно зимаат околу 32м годишно. Има уште неколку помали „лапачи на плата“ (од типот на Дисаси), али кога ќе заминат овие тројца голем простор ќе се отвори.