Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
HoT IcE
Е сега и ти го направи Јунајтед некој mid-table тим против кој нема шанси да изгубиме. Колку добро и да се спреми Ди Матео за натпреварот, пак може Јунајтед да излезе и да не тепа со 3-4 разлика. Во вакви дерби натпревари воопшто не е битна формата на тимот.
 
Имаме шанси да загубиме секако, отсекогаш Челзи го јадел од Јунајтед поради судии. Во секоја друга смисла, било што освен победа против Јунајтед е неуспех и срам, за Челзи да биде шампион, или тим кој атакува и најако гризе за титула мора да ги добива големите битки, човек кој се теши со добиени битки против мали и послаби противници е слаб човек, ниту еден играч, ниту еден тренер и газда на Челзи не треба да биде задоволен ако Челзи победува против послаби екипи а губи во дерби утакмици, шампион против екипи како Јунајтед, Сити, Арсенал, Ливерпул се станува, тоа е единствениот пат. Видовме лани зошто Сити ја освои титулата, бидејќи го изгузи Јунајтед на Олд Трафорд, тоа беше моментот на вистината лани за шампионот.
 
Со осум победи од 38 утакмици не си шампион. Тие и сите да ги добиеш, ако киксаш против слаби екипи џабе ти е. А ако ги победиш послабите екипи, кога ќе ти дојде дуелот со јаките противници нема ни да ти е толку важен зошто веќе ќе си имаш осигурано добра предност. Не викам дека не се битни, сите утакмици се битни без разлика против кој играш, на крај пак 3 бода добиваш за победа.
И воопшто не е за срам пораз против Јунајтед, и не треба секогаш да ги спомнуваме судиите како изговор. Не викам дека нема да победиме, ама не се согласувам со твоето мислење.

Имаме одличен тим, да. Но повеќето пред сезоната рековме дека не очекуваме да ја освоиме титулата зошто ќе им треба време на новите играчи да се уиграат. Излезе дека добро се снајдоа на почетокот, па сега сме први на табела. Сепак не треба да летаме во облаци.
 
На светот нема поголемо задоволство за мене од победа против Јунајтед, Арсенал и Барселона, simple as that.
Барем за мечов, сакам сите фудбалери и јас да го делиме истиоти задоволство.
 
На светот нема поголемо задоволство за мене од победа против Јунајтед, Арсенал и Барселона, simple as that.
Барем за мечов, сакам сите фудбалери и јас да го делиме истиоти задоволство.

Нормално, исто и за мене. Може и Тотенхем да се додаде. Многу повеќе ми значи победа против овие него против друг тим ама сепак секоја победа е битна без разлика дали е против мал или голем тим.
 
Manchester United have not won away at Stamford Bridge since 2002. Barclays Premier League leaders Chelsea are unbeaten this season.
 
HoT IcE
Е сега и ти го направи Јунајтед некој mid-table тим против кој нема шанси да изгубиме. Колку добро и да се спреми Ди Матео за натпреварот, пак може Јунајтед да излезе и да не тепа со 3-4 разлика. Во вакви дерби натпревари воопшто не е битна формата на тимот.

Со оглед дека имаш лајк на мислење од навивач на Јунајтед на тема фанн клуб Челзи значи дека истото не е ок..:D:D
Се согласувам со тебе дека не треба да се пишува како ке победиме со по 4-6 гола разлика,но не треба ни такви мислења како твоите дека Јунајтед ке ни даделе 4 гола на СБ..
 
Не реков дека ќе ни дадат, ама нема барем најмала шанса да излезат во недела и нашиве да неможат да сврзат две подавања и да го изедат на велико? Се може да се случи. Може и ние да ги тепаме со 5-6 разлика. :D
 
534634_544191118930742_1460982454_n.jpg

Мата со татко му и сестра му. :D
 
Друштво, утре ќе им правеме егзорцизам на шејтаните?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Ме потсети на минатата сезона во ЛШ па морав 40тина минути да гледам highlights од вториот натпревар со Наполи,2та со Барса и финалето со Баерн :cool::cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom