Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Јас само си го споредив Турскиот начин кој е посмешен од Францускиот.
 
Подржувам купување на млади играчи, но само кога се работи плански. Сега читам дека сме купиле некој Бемфорд од Нотинген Форест, има 18 години, сме го зеле за 1м.
Веднаш бил прекомандуван во резервите. Не ми е јасен трансферов, зошто нон стоп купуваме млади играчи, а ниту еден играч не се пробива во првиот тим? Толку ли се неспособни или проблемот е до Челзи.
Не сакам да се купуваат млади играчи за да идат на позајмици, после трансфери па да не пунат со голови како Синклер, Челзи веќе одамна нема компас околку работава со младиве играчи.

За планот за играта на Челзи не би зборува, затоа што го нема.
 
Денеска починала баба му на Торес во автомобилска несреќа.

Уште ова му фалеше.Стварно како некој да му има фрлено клетва.
Кога на Лампард му умре мајка му после некој ден Лампард даде гол против Ливерпул.Да се надеваме дека и Торес ќе даде гол против Јунајтед.

401571_320776771296840_166977050010147_857470_97743758_n.jpg
 
Уште црвен картон на Ешли Кол ни фалеше во моментов :tapp::tapp:
Сега за со Јунајтед најдобра варијанта во одбраната би била со Иванович како десен бек,Тери и Кејхил како централни и Давид Луиз како лев бек.. Ама не верувам дека Боас ке излезе со ваков состав,очекувам Босингва десно,Тери и Иванович централни и Фереира лев бек, тешко киксање во одбраната и 3-4 гола во мрежата на Чех ..
 
Ако ништо друго барем и Арсенал нерешено изиграа па не ни се доближија.
Инаку факт е дека Челзи игра лошо периодов ама сепак се надевам на нешто против Јунајтед.
 
Ако ништо друго барем и Арсенал нерешено изиграа па не ни се доближија.
Инаку факт е дека Челзи игра лошо периодов ама сепак се надевам на нешто против Јунајтед.
Ти само надевајсе :D
 
Искрено веке срам ми е да ги гледам , искрено кога гледам дека играат у гости одма имам чуство дека нема да победиме , некни пуштив стримот 15 минути и ми се згорчи , не ми се глеаше повеке и го изгасив ...Малуда ебате дрвото неможе 1 пас да даде ...па викам ајдеа сеа трансфер периодот ке донесат нешто , тие ми носат играчи од по 18 години...џабе фрлаат пари , кога не знаеме ддали и уопште ке стигнат до првиот тим тие играчи. Со Јунајтед нема да играт Рамиреш , Лампард?...Пак ке морам да го гледам Меирелеш , од кај го ископаа овој петелов врска нема!
 
Со Јунајтед играме со прилично тапа состав, во поглед на креативноста и брзината.
Не знам со кој тим планира Боаш да излезе, но имаме неколку проблеми.
Црвениот картон на Ешли кој неможеше да дојде во полош момент, повредата на Лампард и Рамирес, и секако сеуште неподготвениот Есиен. Се надевам дека Боаш планира да го игра Бертран, иако е млад и неискусен и ќе биде ризик да се стави во оган против Јунајтед, но крај краева, и така немаме што да изгубиме, нека збира искуство, добар играч е, одлични нафрљотки има, и ќе биде опасност при контри.
Средината на овој меч ќе ја немаме, затоа и ќе изгубиме, прилично сум убеден во ова.
Иако Манчестер не е тим кој што игра ултра брз фудбал, има опасни крила како Нани и Валенсија, кои ќе пичат по своите страни додека Меирелеш, Ромеу и третиот од средината, само се надевам не Малуда, ќе голтаат прашина.

Не е добро, ич не е добро, али тоа е, штета што Боаш сеуште нема мадиња да пушти еден од Пиазон, МекЕхран во тим, иако немаат искуство, тоа е.
 
Денеска починала баба му на Торес во автомобилска несреќа.

Уште ова му фалеше.Стварно како некој да му има фрлено клетва.
Кога на Лампард му умре мајка му после некој ден Лампард даде гол против Ливерпул.Да се надеваме дека и Торес ќе даде гол против Јунајтед.

401571_320776771296840_166977050010147_857470_97743758_n.jpg
Убаво се секавам на тој гол на Лампард,како ме растажи тогаш:( .Мајка му почина и он посвети гол за неа,и мислам дека кога го соблече дресот судијата му даде жолт или грешка сум?
 
Убаво се секавам на тој гол на Лампард,како ме растажи тогаш:( .Мајка му почина и он посвети гол за неа,и мислам дека кога го соблече дресот судијата му даде жолт или грешка сум?
За кој гол збориш?
Лампард даде гол против Ливерпул во ЛШ од пенал и знам дека не го соблече дресот.Туку со рацете покажа кон небото.
 
За кој гол збориш?
Лампард даде гол против Ливерпул во ЛШ од пенал и знам дека не го соблече дресот.Туку со рацете покажа кон небото.
Кога почина истата недела мислам беше утакмицата и он постигна гол,ако не грешам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom