Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Екипата на Ливерпул се очекува да достави неочекувана понуда за Саломон Калу, кој деновиве силно се поврзува со трансфер во Арсенал.

Арсен Венгер наводно е убеден дека во своите редови ќе го виде интернационалецот од БСК, кој после доаѓањето на Андре Вилаш Боаш не добива многу шанса.
Според talkSPORT покрај Арсенал, и Ливерпул се вклучил во трката за 26 годишниот фудбалер, на кого договорот со сините му истекува ова лето.
Кени Далглиш се насочил кон фудбалерот на Челзи, откако од Астон Вила добил одговор дека Дарен Бент чини 25 милиони фунти.
ПСЖ, кој пред скоро го превзеде Карло Анчелоти, исто така ја следи ситуацијата со Саломон Калу.



Вака ако се продолжи може некој денар (т.е. фунта) да земеме.
 
Екипата на Ливерпул се очекува да достави неочекувана понуда за Саломон Калу, кој деновиве силно се поврзува со трансфер во Арсенал.
Интересно... :)
 
Малуда: Не сум задоволен од Челзи, немаме доволно амбиции.
Флоран лут, незадоволен од минутажата, дури ги споменува Френк, Тери и Дрогба демек биле незадоволни.
За Тери не знам зошто, но овие другите и јасно ми е дека се ептен разочарани и незадоволни, но што да им речам, смена на генерации е правилен израз, нивното време пројде, и време е Челзи да тргне по нови патеки.
Очекувајте го Малуда на трансфер листа, на лето :icon_lol:

Од вакво нешто се плашеше и Анчелоти, и сите пред него, да се побунат ѕвездиве, затоа и Челзи чекаше толку со ваа транзиција.
Боаш имаше муда, ги повлече првите потези, се крена побуна, веќе прочитавме неколку шпекулации.
Сега ќе видиме дали конечно Роман се опаметил и сфатил дека на Челзи му треба константност, која не зависи од Малуда, Лампард и Дрогба на кои зенитот е пројден, туку од Боаш.
Кој ќе лети, ќе покаже на која страна е Роман.
 
Ау Малуда па што играч, секоја сезона е промашена аквизиција, кога ке помислам дека беше замена за робен ми се плаче!!!
 
Очајно ни треба плејмејкер. Трансформацијата од одбрана во напад ни е премногу спора и нема идеи во нападот. Модриќ е точно таков каков што ни треба, и што поскоро треба да се донесе.
 
So apparently Gary Cahill has agreed personnel terms of £80k + bonuses & he's to have a medical tomorrow. (Not Official)
 
Денеска младите играат ФА куп.Ме интересира дали Лукаку игра за младинците?
 
Малуда: Не сум задоволен од Челзи, немаме доволно амбиции.
Флоран лут, незадоволен од минутажата, дури ги споменува Френк, Тери и Дрогба демек биле незадоволни.
За Тери не знам зошто, но овие другите и јасно ми е дека се ептен разочарани и незадоволни, но што да им речам, смена на генерации е правилен израз, нивното време пројде, и време е Челзи да тргне по нови патеки.
Очекувајте го Малуда на трансфер листа, на лето :icon_lol:

Од вакво нешто се плашеше и Анчелоти, и сите пред него, да се побунат ѕвездиве, затоа и Челзи чекаше толку со ваа транзиција.
Боаш имаше муда, ги повлече првите потези, се крена побуна, веќе прочитавме неколку шпекулации.
Сега ќе видиме дали конечно Роман се опаметил и сфатил дека на Челзи му треба константност, која не зависи од Малуда, Лампард и Дрогба на кои зенитот е пројден, туку од Боаш.
Кој ќе лети, ќе покаже на која страна е Роман.
Всушност, Малуда е во право и тоа тотално во право за една работа овде - АВБ мора да вади максимум од секој свој состав. Ако тој не е способен за то, тогаш не е способен ни за „градење тим“ или за „предводник во транзиција“ или како сакате наречете го тоа.
Не вреди копнеење по совршенство, такво нешто не постои, само вадење максимум од тоа шо имаш е вистинска работа, копнеењето е само сонување.
Конкретно за Малуда, ова е охрабрувачка изјава за негова иднина во Челзи, ако стварно го мислел ова шо го кажал.
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 15:25 ---
http://www.givemefootball.com/premier-league/chelsea-spurs-tracking-15m-toon-star

Да, да и да! Пројде времето на Чех, на секоја втора утакмица има барем еден кикс :(.
Со Куртонон шо ќе прајме тогаш?
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 15:36 ---
http://uk.eurosport.yahoo.com/11012012/58/11012012140523.html

:LOL:
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 15:39 ---
За Давид Луиз видов дисукусија поназад. дечкото моментално е најдобриот десен бек во составот на Челзи. За жал, уште не заиграл како десен бек, сметам дека то е заради тоа шо нема кој друг да игра како централен бек освен него и Тери.
 
Се согласувам. Или десен бек или деструктивец, ама добар е Ромеу, а ќе видиме и со Есиен што ќе се случува. Босингва може да изигра добро, но некогаш е изгубен па може да биде замена, а Луиз прв десен бек. Тери, Кејхил и Бане централно.

Многу ми е жал што лево цело време игра Кол. И Бертранд и Ван Анхолт се солидни и еден од нив би можел да го замени Ешли, ама ич не добиваат шанса и нема да ме чуди ако одлучат да си одат од Челзи.

Gary Cahill deal agreed for 80k, his medical is scheduled today.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom