Па не е дека го избркал затоа што Тухел не сакал да ја игра формацијата која ја замислил Тод, или сакал да игра различен стил на фудбал од тоа што го замислил Тод. Го избркал затоа што како што самиот си кажува неговата желба е да има колаборација, отворена комуникација со луѓето со кои работи. А Тухел по се што разбравме го сакал спротивното од тоа. Сакал да не го чепкаат за ништо и да го остават изолиран од се да си работи. Па самиот си кажа он и дека не сметал дека треба да учествува во назначувањето на спортски директор. Убаво си кажува, има многу ѕидови во Челзи кои треба да се бутнат за да може сите оддели во клубот да функционираат како едно, а они немале ни добра комуникација и споделување информации помеѓу првиот тим и академијата. Ќе повторувам во секој пост ако треба, не го кривам Тухел за тоа, таков си е и си има сигурно сопственици кои баш така сакаат да работат (иако проблем му беше очигледно во сите клубови), ама начинот на кој што сака да работи Тод (бар од тоа што го читаме и слушаме) е истиот начин на кој работам и сакам да работам јас, па не можам да кажам дека не се согласувам со се и не посакувам стварно така да функционира Челзи. Дали ќе биде успешно тоа, времето ќе покаже.
Летото беше хаотично, и секако може и треба да се критикуваат некои работи, се согласувам со тоа и јас. И секако се немам помирено со тоа како беше изведено сето ова со Тухел, иако од денес веќе почнуваме од ново, и сето тоа останува во минатото. Ама за очекување беа повеќето работи, сфатив уште почеток на јули дека ќе биде така затоа што не може да се очекува од луѓе кои на почеток на летото го превземаа клубот без претходно искуство, веднаш да се однесуваат и работат како искусни фудбалски експерти во најхаотичниот период за секој клуб. Нормално беше да се очекуваат грешки и некои нелогични потези. Немаше кога да назначат експерти кои ќе превземат. Можеа уствари да го жртвуваат трансфер пазарот летово и да го поминат во барање спортски директори и се останато, па можеби ќе дочекавме еден или два трансфери на први септември тек.
Затоа, кога ќе се собере и одземе се стварно мислам дека е премија ова. Не знам колку другите сте помислиле на алтернативата, ама алтернативата е газда кој ќе речеше чекај малце, како играч платен 100 милиони ќе продаваме сега, или уште полошо, ќе позајмуваме. Мора да остане и мора да игра, он ни е најбитниот продукт. Газда кој инстантно ќе го направеше најлогичниот бизнис потег летово, а Тухел на твитер ќе дознаеше дека за еден саат ќе му дојде Роналдо на тренинг. Барање отворена комуникација и споделување на идеите наместо тоа, мене ми звучи доста добро.