Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.868
- Поени од реакции
- 52.940
Ниту Тухел би го кривел за тоа што не сакал да се прилагоди на тоа како они сакаат да работат, ни па нив би ги кривел за тоа колку сакаат да бидат инволвирани. Нивно право е, на двете страни. Ние лично како сметаме дека треба да се работи е скроз нерелевантно, затоа што не знаеме. Ќе покаже времето.Ајде, ајде, батали сарказам. Не се овие артикли од типот дека Боели посакал 4-4-3 формација и Тухел се шокирал, па затоа се нарушил односот.
Не се ни артикли од анонимуси од Твитер. За причините пренесуваат многумина од овие што ги споделувате овде и се сметаат за релевантни.
Да, немањето желба на Тухел да воспостави поблизок однос со газдите, е една од причините за отказот. Да, потенцијалниот трансфер на Роналдо, уште една. Да не глумиме лудило, би било фер кон Тухел, првенствено.
Бидејќи, дрва и камења се фрлаа по Роман и Марина, за секој трансфер, за секој избркан тренер. Луѓе кои сепак, знаеја што прават.
Овие не знаат, ги изедначуваат Доџерс и Челзи. Лутаат, станаа предмет на спрдачина цело лето, одејќи од ресторан во ресторан како муви без глави. Затоа и завршивме со Денис Закарија на први септември.
Тухел е ваков, таков, онаков, ќе му дадеме нов договор. Бап - мала криза и одма гомна да се јадело, што вели Тошо Малерот.
Абе ќе се изнапишуваше по интернет со хаштази со чуда доколку Тухел со овој состав не обезбедеше ЛШ. Веднаш 300 milioni potrosi nema igra nema pateern sramota ls da ne igrame. Сега сме наеднаш океј со тоа да не играме ЛШ, процес било, транзиција.
До мечот со Динамо не беше.
Најлоша фан-база убедливо. Сета среќа што постојат имбецилите од Барселона и некако ја крадат славата.
Ништо убаво не заслужуваме.
Артиклот на Мет, а после и објаснувањето од Сајмон си е дека евентуален пласман надвор од топ 4 не значи отказ на тренерот. Што е нормално. Дури и Тухел да беше тренерот, нормално дека немаше да треба да добива отказ затоа што не завршил во топ 4 доколку се работи долгорочно. А не дека не е целта да се заврши во топ 4.
Мојата реакција беше за претходниот пост, дека другарот љуби да си измислува работи за да му е поинтересно, па си додал дека пласман надвор од топ 4 ќе се сметало за добра сезона. Може грешам, ама никаде не видов такво нешто.