Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Официјално ќе се игра во среда против Салзбург, а со Ливерпул е одложена. После тоа следи интернационална пауза, па следен натпревар тек на 1ви октомври. Од една страна добро што Потер имаше повеќе време викендов и следниов викенд за тренинзи, ама па следна недела повеќето ќе одат по репрезентации и ќе остане само мал дел од играчите.
И нормално, ако во среда не победат, ќе има две недели токсичност :D
 
Тод збореше на настанов, го има интервјуто негде на пола и беше доста информативно.

Меѓу другото, збореше и за одлуката за Тухел. Потврди дека не е поради резултатите туку дека немале иста визија околу начинот на работа.

Кажа дека секако планот е да вработат фудбалски експерти на секое поле, не дека они ќе пробуваат да научат се и да де мешаат секаде.

Најбитното за долгорочниот план е дека имаат интерес за градење група од клубови, како што направија Ред Бул, Сити. Со цел да имаат клубови во други компетитивни лиги каде што ќе можат да гарантираат развој за младите играчи на Челзи и јасен пат до првиот тим. Ги спомна Португалија и Белгија како држави во кои би можеле да купат клубови за таа цел.

Во меѓувреме зајакнаа вестите за Кампос, а на листата се и Пол Мичел и директорот на Салзбург. Наводно можно било и повеќе од еден да донесат, да направат тим од луѓе задолжени за фудбалската стратегија на клубот.

Може да ни се свиѓаат или не, ама мислам дека нешто што секако е кристално јасно е дека се ептен амбициозни.
 
Јас сум исто така амбициозен и апсолутно тоа само по себе не значи дека знам каде терам и поседувам некакви квалитети.
Не сум навистина, но чисто поради муабетот.

Човекот првпат доаѓа во Европа и води фудбалски клуб. Каква визија, какво несовпаѓање со Тухел, покроце.

Во однос на спортските директори, Кампос е опција затоа што не извршува стриктна функција во ПСЖ. Како советник нешто бил, слично како и во Селта Виго. Затоа и можно е да биде спортски директор додека не дојде Мичел, а потоа да извршува сродни функции. На ова поле засега гласините се охрабрувачки.

Го слушав Потер прееска, фино зборуваше. Од селски фудбал и четврта шведска лига до Лига на шампиони и Сан Сиро за десет дена. Само имам една забелешка, воопшто не го спомена Тухел, во ниеден контекст. Кога дојде Тухел паметам, многу често, особено на почетокот, зборуваше за Лампард и тоа што Лампард го оставил во Челзи како тренер. Малку чудно.

Во меѓувреме:

20220913_192724.jpg
 
Последно уредено:
Како што кажав, нормално дека минимумот во Челзи е топ 4, ама не значи дека ако некој тренер не заврши во топ 4, одма треба да се избрка. Да претпоставиме дека уште е Тухел тука и се е по старо, и за него би рекол дека не треба да се брка доколку заврши надвор од топ 4 сезонава. Тоа што би била неуспешна сезона, не влече одма отказ. Тоа сакам да кажам. Не се согласувам со твоето толкување дека ако Челзи не заврши во топ 4 и тренерот не добие отказ, тоа значи дека се смета сезоната за добра.
Потер не е тренер со сто трофеи зад него кој го носиш за инстантен успех и се освен трофеи уште во првата сезона е фејл. Он е тренер кој се носи за да се започне нешто ново, со надеж дека ќе биде тука долгорочно. Не викам дека ќе биде успешно тоа, може во февруари ќе бидеме 10ти и ќе бараат некој друг, ама тоа е идејата :D

Не сум ни ваму ни таму со Канте. Ако продолжи трендов со повредите и не може да изигра ни пола од натпреварите во сезоната, не е баш добро тоа да е еден од најскапо платените играчи во клубот следни три години. Од друга страна, фит Канте е пак најдобриот играч во тимот и не сакам да го замислам во друг тим, посебно не во Англија.

Najvazno se razbravme... xD
Poentata mi bese deka jas ne kazav deka vo statijata pisuvalo taka.

Ke se dopolnam poposle mi dojde vo querito utakmica pa moram da prifatam da ja igram xD

Razbra nekoj za kakva vizija zboruva klovnov?

I od koga Salah i KDB se akademski produkti na akademijata na Chelsea?
 
I od koga Salah i KDB se akademski produkti na akademijata na Chelsea?
Ептен ми се глупи мене вакви ствари. Ептен јака грешка. Или тоа што згрешил формација. Леле, леле. Човекот пред 3 месеци влезе во фудбалот. Претходно имал интерес, ама ни самиот не се прави експерт. Баш на интервјуто убаво си кажа нема они да учат да се фудбалски експерти, туку ќе вработат експерти на сите позиции каде што е потребно. Демек мора он инстантно да ја знае целата историја на Челзи, да стане тактички експерт и да знае да ги наброи сите играчи кои излегле од академија на Челзи. А штом го слушнав тоа со Салах и Де Брујн на интервјуто, знаев дека сите само тоа ќе го запамтат. Ете и ти, не си разбрал која е долгорочната визија, ама си разбрал дека кажал Салах и Де Брујн дека се од академија на Челзи :D

Треба да знае како да води бизнис, а тоа секако веќе го има докажано. Треба да е амбициозен и да сака клубот да има фудбалски успеси пред се, а мислам дека и на тоа поле има позитивни знаци. Конечно клубот ќе добие асална фудбалска структура, со луѓе кои знаат што прават. Па после тоа Тод ако сака нека каже и дека Дрогба е најдобриот голман во историјата на клубот.

Еве, мислам дека ова е задоволително.

Глупи ми се стварно остриве критики уште од сега. Не викам јас дека сигурно ќе бидат ептен успешни газди, ама кога ќе помислам со какви можевме да заглавиме, кога ќе помислам со какви се заглавени други клубови, премија е ова.
 
Во изјавата има низа контрадикторности. Од типот дека не сака Боели да зборува подлабоко, бидејќи не е стручен, а за таа цел ќе назначи стручни луѓе на позиции, што е супер. Од друга страна, не е стручен, ама не му се совпаѓала визијата на Тухел, која воглавно е фудбалска, со неговата, па затоа решил дека е добро да се отпушти.

Критиките остри се поради хипокризијата. Го критикувавме за трансферите летово и начинот на преговарање, само тие критики беа нормални, благи.
Благо не може да се критикува кога во август зборуваш за Тухел за продолжување на нов договор, му носиш играчи по желба, а истовремено позади грб му бараш замена и се распрашуваш за други тренери.

Не само што го отпушти Тухел, туку го отпушти на таков начин. Еден од поомилените тренери воопшто помеѓу навивачите. Епа не гледам како не би бил предмет на критика, жал ми е.
 
Кога ќе биде форумов на татко му на другарот, тогаш може истиот да поставува такви прашања и да одредува насока на движење на дискусија.

Така можеш да му пренесеш.
 
Последно уредено:
Во изјавата има низа контрадикторности. Од типот дека не сака Боели да зборува подлабоко, бидејќи не е стручен, а за таа цел ќе назначи стручни луѓе на позиции, што е супер. Од друга страна, не е стручен, ама не му се совпаѓала визијата на Тухел, која воглавно е фудбалска, со неговата, па затоа решил дека е добро да се отпушти.
Па не е дека го избркал затоа што Тухел не сакал да ја игра формацијата која ја замислил Тод, или сакал да игра различен стил на фудбал од тоа што го замислил Тод. Го избркал затоа што како што самиот си кажува неговата желба е да има колаборација, отворена комуникација со луѓето со кои работи. А Тухел по се што разбравме го сакал спротивното од тоа. Сакал да не го чепкаат за ништо и да го остават изолиран од се да си работи. Па самиот си кажа он и дека не сметал дека треба да учествува во назначувањето на спортски директор. Убаво си кажува, има многу ѕидови во Челзи кои треба да се бутнат за да може сите оддели во клубот да функционираат како едно, а они немале ни добра комуникација и споделување информации помеѓу првиот тим и академијата. Ќе повторувам во секој пост ако треба, не го кривам Тухел за тоа, таков си е и си има сигурно сопственици кои баш така сакаат да работат (иако проблем му беше очигледно во сите клубови), ама начинот на кој што сака да работи Тод (бар од тоа што го читаме и слушаме) е истиот начин на кој работам и сакам да работам јас, па не можам да кажам дека не се согласувам со се и не посакувам стварно така да функционира Челзи. Дали ќе биде успешно тоа, времето ќе покаже.

Летото беше хаотично, и секако може и треба да се критикуваат некои работи, се согласувам со тоа и јас. И секако се немам помирено со тоа како беше изведено сето ова со Тухел, иако од денес веќе почнуваме од ново, и сето тоа останува во минатото. Ама за очекување беа повеќето работи, сфатив уште почеток на јули дека ќе биде така затоа што не може да се очекува од луѓе кои на почеток на летото го превземаа клубот без претходно искуство, веднаш да се однесуваат и работат како искусни фудбалски експерти во најхаотичниот период за секој клуб. Нормално беше да се очекуваат грешки и некои нелогични потези. Немаше кога да назначат експерти кои ќе превземат. Можеа уствари да го жртвуваат трансфер пазарот летово и да го поминат во барање спортски директори и се останато, па можеби ќе дочекавме еден или два трансфери на први септември тек.

Затоа, кога ќе се собере и одземе се стварно мислам дека е премија ова. Не знам колку другите сте помислиле на алтернативата, ама алтернативата е газда кој ќе речеше чекај малце, како играч платен 100 милиони ќе продаваме сега, или уште полошо, ќе позајмуваме. Мора да остане и мора да игра, он ни е најбитниот продукт. Газда кој инстантно ќе го направеше најлогичниот бизнис потег летово, а Тухел на твитер ќе дознаеше дека за еден саат ќе му дојде Роналдо на тренинг. Барање отворена комуникација и споделување на идеите наместо тоа, мене ми звучи доста добро.
 
Читам демек контадикторни му биле изјавите.
Демек Тод сакал да намести луѓе што биле соодветни за да не се меша во фудбалскиот сегмент, од друга страна немал иста визија со Тухел.
Двете изјави се поклопуваат не знам што не е јасно.
Си кажа човекот дека во суштина сака да има Daily Standup со Тухел. Тоа е.
И јас сеа треба да се нервирам кога мора на Daily да кажувам што работам на ПО-то/Скрам Мастерот или слично што немаат допирна точка што зборувам?
Тухел е легенда ама не можеш да кажеш дека е 100% незаслужено отпуштен. Сличен проблем имаше и во ПСЖ со газдите. Демек не сакал да се замара со ништо друго освен тренинг.
Ја изгуби соблекувалната, игра играчи на неприродни позиции, не може да дадат гол против Лидс, Динамо и слични екипи, не сака да соработува со новите газди итн... Ебате пола саат секој ден можеш да истрпиш, па како одминува времето ќе се намалува и може да дојде до 10мин standup.
Јас сум тажен и сакав да се вратиме барем да играме како до Јувентус и пред да се повредат Чилвел/Џејмс, ама не верувам дека ќе се случеше, возот веќе беше тргнат.

Тоа е, единствено ќе жалам за Мурињо и Лампард како тренерни. Секој друг тренер бил тренер и сум го сакал во тимот повеќе или помалку.

Сега се надевам дека клубот ќе ангажира DoF и ќе се стабилизира и истовремено Потер ќе е успешен тренер со по некое "трофејче".
 
Па не е дека го избркал затоа што Тухел не сакал да ја игра формацијата која ја замислил Тод, или сакал да игра различен стил на фудбал од тоа што го замислил Тод. Го избркал затоа што како што самиот си кажува неговата желба е да има колаборација, отворена комуникација со луѓето со кои работи. А Тухел по се што разбравме го сакал спротивното од тоа. Сакал да не го чепкаат за ништо и да го остават изолиран од се да си работи. Па самиот си кажа он и дека не сметал дека треба да учествува во назначувањето на спортски директор. Убаво си кажува, има многу ѕидови во Челзи кои треба да се бутнат за да може сите оддели во клубот да функционираат како едно, а они немале ни добра комуникација и споделување информации помеѓу првиот тим и академијата. Ќе повторувам во секој пост ако треба, не го кривам Тухел за тоа, таков си е и си има сигурно сопственици кои баш така сакаат да работат (иако проблем му беше очигледно во сите клубови), ама начинот на кој што сака да работи Тод (бар од тоа што го читаме и слушаме) е истиот начин на кој работам и сакам да работам јас, па не можам да кажам дека не се согласувам со се и не посакувам стварно така да функционира Челзи. Дали ќе биде успешно тоа, времето ќе покаже.

Летото беше хаотично, и секако може и треба да се критикуваат некои работи, се согласувам со тоа и јас. И секако се немам помирено со тоа како беше изведено сето ова со Тухел, иако од денес веќе почнуваме од ново, и сето тоа останува во минатото. Ама за очекување беа повеќето работи, сфатив уште почеток на јули дека ќе биде така затоа што не може да се очекува од луѓе кои на почеток на летото го превземаа клубот без претходно искуство, веднаш да се однесуваат и работат како искусни фудбалски експерти во најхаотичниот период за секој клуб. Нормално беше да се очекуваат грешки и некои нелогични потези. Немаше кога да назначат експерти кои ќе превземат. Можеа уствари да го жртвуваат трансфер пазарот летово и да го поминат во барање спортски директори и се останато, па можеби ќе дочекавме еден или два трансфери на први септември тек.

Затоа, кога ќе се собере и одземе се стварно мислам дека е премија ова. Не знам колку другите сте помислиле на алтернативата, ама алтернативата е газда кој ќе речеше чекај малце, како играч платен 100 милиони ќе продаваме сега, или уште полошо, ќе позајмуваме. Мора да остане и мора да игра, он ни е најбитниот продукт. Газда кој инстантно ќе го направеше најлогичниот бизнис потег летово, а Тухел на твитер ќе дознаеше дека за еден саат ќе му дојде Роналдо на тренинг. Барање отворена комуникација и споделување на идеите наместо тоа, мене ми звучи доста добро.

Не гледам проблем, бидејќи начелно се согласувам и истото скоро го пишувам.
Начинот на кој се однесуваа со Тухел е дури попроблематичен одошто самиот отказ. И тоа е за дебела критика. Поприлично лош старт на релација со фановите. А тие богами паметат. Освен шака дебили неблагодарни.

Останатите работи може благо да се коментираат.
 
Последно уредено:
Не велам дека ке е исто, ама газдите на Јунајтед иста приказна продаваат веќе скоро 20 години. Ние ке поставиме луѓе што го разбираат фудбалскиот дел, а сопственикот на крај мора да даде амин дали играч ке се продаде или купи. Тен Хаг на пример сакаше да се ослободи од Роналдо, но Глејзери не дозволија.
 
Мене ми има скроз спротивен впечаток оставено до сега од тоа што претставуваат Глејзери. Баш затоа пишав и дека доколку сакаше се да прави по свое и неговиот збор да е последен, Роналдо ќе беше играч на Челзи. Ќе покаже времето.

Да сменам тема, ќе биде ептен интересно да се види со каков тим ќе излезе Потер вечер. Очекувам бар за сега да ја задржи формацијата и да игра сличен систем. Би сакал да видам изненадувања вечер во тимот, како на пример Броја. Ама сепак мислам дека ќе оди со искусен тим на првиот натпревар и ќе проба да извади позитивен резултат на било кој начин.

Ако треба да предвидувам, би одел со ова.

Кепа
Азпи - Силва - Кулибали
Џејмс - Жоржињо - Ковачич - Кукуреља
Маунт - Стерлинг
Обамејанг
Ај да видиме :D
 
Не знам зошто ама кога го гледам составов,ми личи дека Митрович на пример би дал 40 гола ,со овие бекови и Маунт/Стерлинг позади него.
Во ваква поставеност предобро е да имаш снажен и висок играч напред.
Тој Броја нели беше нешто поцврсто дете, не сум го гледал кај вас,има изиграно нешто?
 
Зависи како ќе игра истиот тим. Под Тухел често напаѓачот беше скроз изолиран напред и затоа пробуваше со лажни деветки и играчи во напад кои цело време ќе се подвижни и ќе мењаат позиции. Ќе видиме Потер како ќе игра. Овој тим го пишав како тим со искуство и истиот систем кој се играше, кој би можел да го избере вечер доколку не сака да експериментира уште во првиот натпревар и да оди на сигурно.

Броја сезонава влагаше само од клупа и остави добар впечаток. Да, борбен е и трча по секоја топка. Потсеќа на Коста во тој поглед. Се надевам дека ќе добие шанси, дефинитивно има потенцијал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom