Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
За 48 саати ќе пишуваме тука "Aeee kaj be ovoj go stail zasto ne go stail ovoj be" и "Aee vigi do Pep pickarski pristap kako namestil ej napeto ke bide ova 0-0"
Автоматски споено мислење:

1622140825591.png
 
Последно уредено:
Џабе хајп бајо мој, ја имам на ДВД, ќе ви ја дадам ако сакате, баш прееска ја глеав.

Дава Марез гол за 1-0 во прво полувреме.

Пулишиќ израмнува на 1-1 у второ.

Два пати по 15 минути ништо не се дешава.

На пенали Агуеро и Стерлинг утињаат за Сити, а Жоргињо за Челзи.

Лагано титула на пенали

:kafence: :kafence:
 
Дали ќе се мења голманот ако дојде до пенали :unsure:
 
Нема да се мења, Чех нема да биде на клупата :toe:
И Кепа и Вили мислам се подобри пеналџии од Менди :unsure:

Менди има одбрането 2 од 26.
Кепа има одбрането 5 од 22.
Вили има одбрането 11 од 33.
 
Се надевам дека ќе тепаме во 90 или 120 минути, пошто ако треба уште едни пенали да гледам...
 
Некако поискусни ко да беа во 2008 и 2012 играчиве. Имаше веќе изградено лидери во екипата, фаци што осовиле титула со екипата, веќе пар години заедно играа.

Тука некако...чудно..

Секако, Азпи, Канте, Жоргињо и останатите се тука од една страна.

Ама од друга пак ги имаме Маунт, Хаверц, Вернер, Пулишиќ, Зијех...
 
Некако поискусни ко да беа во 2008 и 2012 играчиве. Имаше веќе изградено лидери во екипата, фаци што осовиле титула со екипата, веќе пар години заедно играа.

Тука некако...чудно..

Секако, Азпи, Канте, Жоргињо и останатите се тука од една страна.

Ама од друга пак ги имаме Маунт, Хаверц, Вернер, Пулишиќ, Зијех...

Мислам дека неискуство не е зборот кој го бараме.
Карактер, ,,персоналити", тоа ќе да е.

Руди, Силва, Менди, Маунт, Џејмс, Жоргињо, ми влеваат некој оптимизам во тој поглед.
Уште еден финален чекор. Уште една победа само и не мора повеќе ништо, никогаш да освоиме.
Нека победат утре и нека се угаси клубот, не ми е гајле.
 
Ако уште не гледате, сега ќе почне тренингот.

 
Пофалба за колегата @dragonsky за одличната најава две страни поназад со рекапитулар на атмосферата од 2012. Од тоа би се надоврзал на тогашниот состав:
Team: Cech; Bos, Cahill, D Luiz, Cole; Mik, Lamps (c); Kal, Mata, Bertrand; Drog

4-ца преискусни тешкаши желни за победа знаејќи дека тоа им е последна шанса за таа титула.
6-мина играчи на средна возраст со завиден број натпревари на врвно ниво до тој момент во кариерата од кои: 2-ца апсолутни петарди во мозокот, 2-ца апсолутно просек играчи и 2-ца стабилни играчи на своите позиции.
1 млад играч од младинските екипи на Челзи кој има окапано по позајмици и добива прв старт во ЛШ натпревар.

Перфектен хаос или хаотична перфекција.


Додека денешниот состав нема ни приближно од ова, верувам дека сега има доста подобар тренерски состав во споредба со тогашниот и тука ја гледам шансата за утре.
Под услов сите да се во 100%-на подготвеност за настап, јас би стартувал со:

Менди
Рудигер - Силва - Чилвел
Аспиликуета - Канте - Хорхињо - Алонсо
Маунт - Вернер - Зијеш
Џејмс, Хаверц, Пулишиќ и Жиру би биле во тесен избор за старт или за влез во игра после 60-70 минути.

Доброто е што и нема преголем избор т. е. тие максимум 15ина играчи се во комбинација, и тоа што максималната тактичка дисциплина и физичка подвижност е основа за надеж за победа. Не очекувам и не барам никаква фудбалска убавина, само дисциплина и искористување на шансите за гол. За ова второто барам помош од сите знајни и незнајни светски митологии. :popce:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom