Да де, ама сепак колку и да сакаш да победиш, друго е ако на ум ти е тоа дека побитно е топ 4 да се фати. И тоа совршено ја објаснува играта.
Иначе и без он да каже, уште вчера неколку новинари пишаа дека тоа е пораката од клубот. А и пораките од играчите очигледно го пренесоа тоа. Иако сфаќам, сепак разочарува ова затоа што се доволно добри за да одат на се. Разочарува и тоа што Тухел вака јавно осетил дека мора да го каже и да си се оправда.
Во клубов под Роман секогаш менталитетот е да се освои секој можен трофеј, и колку и да е разбирливо дека финансиски ептен е битно тоа четврто место, ич не ми се свиѓа ова. Со таков менталитет, следи опуштање пред финалето доколку завршат во топ 4 затоа што веќе ја исполниле главната цел.
Со Лестер не дадоа максимум и не се истрошија доволно. Нормално дека сакаат да победат, ама ако вакво нешто ти е на ум, нема да дадеш 100%, а дури и 99.9% не е доволно.