Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Tilemans znae da shutira, Werner ne (bar od distanca, na naptrevarov).
 
Zasluzeno gubime sega ce izvisime i od top 4 i na 29 ce go cicnime od siti i na kraj odlicna sezona
 
Zasluzeno gubime sega ce izvisime i od top 4 i na 29 ce go cicnime od siti i na kraj odlicna sezona
I od korona site ke pogineme...
Автоматски споено мислење:

Nagradno prashanje: kolku pasovi prema napred utna Jorginho?
Автоматски споено мислење:

Млитаво ептен, поготово со сумњиви пасови цела утакмица, ама ја у гз да го ебам Крис Калахан и таа екипа што не гледаа ВАР за голот на Лестер.

И да, Рис Џејмс е играчиште, тоа го покажа уште еднаш.
 
Последно уредено:
Пизди. Класични пизди. Не заслужија ништо.

Се упичкаа од Лестер. Од екипата што знае само за порази во ФА Куп. Од денеска и ние во тоа друштво.

Нула борба, нула желба. Мртви, анемични. Можат да победат 5:0 во вторник, неважно. Не треба ниту да играат ЛШ.
 
Пизди. Класични пизди. Не заслужија ништо.

Се упичкаа од Лестер. Од екипата што знае само за порази во ФА Куп. Од денеска и ние во тоа друштво.

Нула борба, нула желба. Мртви, анемични. Можат да победат 5:0 во вторник, неважно. Не треба ниту да играат ЛШ.
Па така е, ако играат овака и во финале, нека им ја дадат боље на Сити. Залагање=нула, освен поединци.
 
20210515_201557.jpg

Дали голман, кој можеби е повисок и има подолги раце, вообичаено е две класи подобар од Кепа и има веќе сезонава одбрането вакви топки, можеше да спречи пораз денес?

Којзнае.


Туку, Жоргињо за голот, човече. Ау за ова од тим се брка, роден син да ти е. Човекот избега од Тилеманс и џогирајќи покажуваше кој треба да излезе да блокира.
Избега човекот, еј. Ќе пронајдам видео во случај да не забележивте.

Ја продаде и со Арсенал, ја продаде и сега.
 
Пизди. Класични пизди. Не заслужија ништо.

Се упичкаа од Лестер. Од екипата што знае само за порази во ФА Куп. Од денеска и ние во тоа друштво.

Нула борба, нула желба. Мртви, анемични. Можат да победат 5:0 во вторник, неважно. Не треба ниту да играат ЛШ.

Две солзи ми капнаа. :(
 
На пола тим второ финале по ред им е. Го изгубија минатото и наместо во ова од старт да покажат голема мотивација и решеност да победат, они не почастија со овој мизерен перформанс.

И Тухел втор натпревар по ред ја заеба. Што со селекцијата, што со пристапот. Ова беше натпревар во кој од старт треба да покажеш дека си поквалитетен тим. Од старт напаѓачки, шанса и шут во гол уште првите 2-3 минути. Од старт играчите на Лестер да си помислат дека ќе биде тоа долг натпревар за нив. Ама не, во прво ептен претпазливо, ќе им се плашиме, во второ уште полошо. Единствена позитива беше добрата одлука да се заменат местата на Азпи и Џејмс, ама во тој случај мораше Чилвел да игра. Вака со Азпи и Алонсо никаква опасност немаше напред. Играњето на Зијех исто беше грешка.
И да, какви и да се резултатите, дури и да освојат ЛШ, крајно дебилно е воопшто да не рачунаш на напаѓач кој знае колку толку да финишира. Дури и да не е стартер. Ќе го испуштат лесно и ќе си оди летово, ептен нефер. Многу глупа и погрешна одлука.

Скроз нерелевантни ми се натпреварите во лига и како фан ич нема да ми смени нешто сега дали ќе завршат топ 4 или не. Само финалето ЛШ е битно. Ако и таму не видиме желба за победа и надигрување, ако пак видиме бледа игра и лош пристап, во голема опасност сме од тим кој освојува трофеи по секоја цена, да станеме лузерски тим кој стига редовно до финалиња, но не знае да ги освои.
 
Прв пост на кајгана после 5 години. За жал место да ме опушти трофеј од ФА, плавиве скроз ме накурчија.

Незнам кај да почнам.
Играчи од кои мора да се ослободи Челзи од некои играчи летово:

Жоржињо. Не би рекол дека е лош играч но далеку е од тоа што ни треба. Точно дека беше донесен од Сари, можеби е и грешка што не се ослободивме кога замина и Сари и од него. Тухел го користи паметно но сепак, мислам на негово место ни треба креатор од типот на Фабрегас. Били е повеќе од солидна и перспективна замена за него .
Алонсо. Истрошен. Можеби би останал во Челзи да ротира и да го покрие Бени. Но најдобрите години се зад него и не ми е јасно како денеска беше прва постава. Тухел му даде шанса но џабе, није то то.
Зума. Физикусот топ, али фудбалска интелигенција, техника и осет му е нула. Коњ има појќе осет и фудбалска интелегенција. Мислев дека со тек на години и стекнато искуство ќе знае како да го користи неговите предности и да ги минимизира слабите страни, ама грешка. Премногу лимитиран и без простор за прогрес. Добар би бил во Франција. Марсеј, Лион. Пример дури и Тухел процени после мизерната утакмица со Арсенал од Зума стартуваше со Џејмс како централен со Рудигер и Силва. Прв што треба да се продаде летово.

Абрахам. Абрахам би бил добар во Вест Хем или Барнли. Или Лампард можеби би го искористил добро во Кристал Палас. Но сепак далеку е од тип на поачер шпиц. А нас баш таков ни треба. Лимитиран технички, таргет ман тип на играч. Има талент ама мислам во замислата на Тухел не се склопува никако. Згора на тоа има некаков пристап јас сум голгетериште невидено кога игра. А сам себеси се гледа го Агуеро, зема дрибла кога прима топка, место да користи висина и да даде топка брзо кон спори вернер. Се мисли ко да е дрогба јеботе а тој Битчуани втори део. Еден Жиру појќе импакт има со 36 години или колу се.Секако денеска не ни беше на клупа така да мислам дека преголеми шанси има да не напушти летово.

Играчи од кои Челзи би можел да се ослободи но не е толку потребно:

Кепа. Не дека оди денешниов пораз на негова сметка. Или со Арсенал. Али после просерувањто со Сари. Катастрофалната форма под Лампард. Едноставно влијаеше на севкупната самодоверба на Челзи како тим.Да не зборам влијанието над одбраната когае прва постава.Најслаба карика дефинитивно. Може да остане доколку би се согласил да грее клупа. Ако не нека фати куферите и во Билбао.Мораше и требаше да стартува со Менди денеска Тухел. Ќе кажам пак не е поразот на сметка на Кепа, али јеботе играме финале, при тоа финале кој што сме фаворити и добра увертира пред финале на ЛШ и после болен пораз од Арсенал.Тури го Менди тука, сите знаеме каква сезона има.

Ковачич. Некој дупликат на Џоргињо само што овој знае да издрибла. Очајно лимитиран во завршницата. Очајно лош кога е под притисок и во клучни одлуки кога сме во контра. Очаен при завршен пас.Едноставно решение му е секогаш да додаде назад.Единство го гледам во Челзи затоа што е помлад од Жоржињо, и под палката на Тухел можеби има можност да се развие во некои сегменти.

Цезар. Неможам да го критикувам, остава душа на терен. Но сепак годините си го прават своето. Имаме веќе замена во Џејмс. Тухел не верувам наредна сезона да игра со тројца централни, и два дефанзивни крила. Ако игра со 4ка ондак десен бек знаме кој ќе биде. Ако сепак пак одлучи за тројка . Ондак Азпи едноставно физички не спремен да игра во таа тројка. Одличен да биде замена и да го покрива Џејмс.

Жиру. Ако замине Тами очекувам да остане уште една сезона, претенки би останале во навалната линија доколку и двајцата би не напуштиле. Но со оглед на годините и желбата да изигра што е можно повеќе време на терен, тешко. Незнам Тухел колку би можел да му вети.

Играчи кои се стари, стари како старо вино но се потребни на Челзи:

Силва. Не треба да коментирам, сите знаеме каква сигурност донесе во Челзи. Штета што не е во помлади години. Ех да го купивме од Милан. Иделна замена за Тери.

Канте. Не дека е премногу стар, но да не се лажеме. Челзи игра во Премиер лигата.Многу ротација му треба и заштита.



Рудигер. Позитивно сум изненаден од се што покажа при Тухел. Коска е назад. Гризе како луд. Агресија она спортска која што ни е потребна. Само уште да намали со шутовите од 30 метри.

Играчи кои се потребни во Челзи, но мора да дигнат форма и да напредуваат:

Тимо. Брате трчај ти и до утре, ама финишот дома ако си го заборавил ништо не правиме. Посебно финиш кога си ни клучен во утакмица против Сити, Реал, Финале на ЛШ или Фа. Немој дете нервите вода ми ги праиш. Или да донесеме уште еден финишер па ти да трчаш пресинг за двајтцата а овој да си го лади. Верувам дека има квалитет да биде финишер и мислам дека доста го изеде притисокот. Наредна сезона би е клучна за него. Искрено незнам што да кажам. Дури и на интервјуава ми изгледа како потресено и изгубено. Многу лесно се вади од такт и се деконцентрира. Пример денеска кога беше два пати изблокиран. Нареден кадар мислам дека отиде во доста остар старт. Иако се обиде да го исконтролира. Мора Тухел да поработи психички со него, да му ја фокусира таа агресија во друг правец. Јбг во премиер лига е таква, се јаде чутек, ќе се навикне бато, треба Дрогба да ми даде некој мастер клас . Се надевам дека ќе ја деблокира главата и наредна сезона ќе издоминира.

Зијеш. Братот има снајпер внога , ама ако не ми е денот и пристап џабе. Незнам како Тухел би го искористил, бидејќи не класично крило. А физички да игра во средина не е ниту брз ниту стабилен. Останува на Тухел, многу интелегентни играч.

Одои. И овој ботов уште е во хајпот дека е невиден талент па кога добива шанса на терен ја исерува. Незнам во главата можеби мисли дека уште баерн Минхен го бара, ама за разлика од тој Одои пред 2 години ништо не е напреднат. Никаков прогрес. Незнам Тухел што планира , ама искрено вака мене ми изгледа прехајпнат англиски играч.

Играчи кои се потреби на Челзи :
Масон и Џејмс. За разлика од Абрахам и Оди, во овие двајца гледам лидери и нови капитени на Челзи. Џејмс те јаде жив со се топка. Моунт не допира, има доста да напредува во техничкиот дел, но тоа што ми се допаѓа е неговата психа да не се откажува. Плус наша школа. Уште да стекне навика да завршува надвор од 16, би бил перфекција.
Каи. Неверојатен потенцијал. Го има тој ебачки пристап. Само уште е зелен во глата. Очекувам да созрева многу под палка на Тухел. Уште само да ја свати сериозноста на натпревари против Вест Хем , Тотенхем, Арсенал . Мислам дека за Каи обид се мали клубови и не се од рангот на Реал, Ливерпул и тн. И поради тоа таков ноншалантен пристап . Искрено да тие се мали клубови но сепак е градско ривалство во кои мора да се користат сите можноти. Ме накурчи многу со Арсенал кога промаши еден на еден при нула нула .
Пули е супер играч, млад со голем потенцијал. Само да се пази од повреди.
Кристијансен. Доста нестабилен под раководство на претходните тренери но мислам под Тухел дека доста ќе напредува. Од него очекувам се она што очекував од Зума. Мада иако можеби физички е послаб од Зума, каде каде е технички подобар и интелегентен.

Овие петорка плус Руди, Силва, Канте и Менди очекувам да се костурот наредниве години . Со оглед на тоа дека Силва има уште една сезона. Канте е и Рудигер се веќе30ка. Ќе треба да пазариме квалитетно или доколку има некој потенцијален од школата. Тенки сме на шпиц и класичен плеј од типот на Фабрегас, Силва, Ињеста тип на играч. Ни треба таков плеј плус би било одлично доколку е некој кој што може да финишира надвор од шестмаесетнккот. За шпиц незнам кој би можел да ме засили. Агуеро најверојатно во Барса. Лукаку останува во Интер. Би пробал со Чиро Имобиле кој е убиец од шпиц, но со оглед на годините тешко да би тргнале по него. Влахович е добра опција, но реално една добра сезона не е доказ дека е вонсериски талент. Халанд е прескапа опција. Кејн би бил идеален но тешко дека Леви би оставил да не засили.

За претходниве дуели.
Со Атлетико и Порто изигравме перфектно. Од тактички поставено од Тухел до пристап од самиве играчи. Посебно со Атлетико , Тухел го изеде Симеоне.
Со Реал првата утакмица, првиот 40 минути ги убиваме. Можевме комотно 2-0 да имаме но тоа што е. Втората на почеток малце несигурно и недефинирано, но во второ беа наши. Штета што требаше дури до крајот да чекаме за врие гол. Можевме комотно порано да ги елимиминравме.

Со Арсенал и Лестер. Еј во двете утакмица ебаниве имаат само два удари на гол и два гола, така не победија. Двете екипи имаа никаков пристап, тие влегоа со страв и план да се бранат цело време а ние се матираме само себе. Тоа значи дека психички Тухел успеа да не направи некаков феар фактор, е сега само што немаме ние кадар и квалитет како Ливерпул или Сити и да го користиме тоа, тоа е друга тема.

Со Арсенал одлична тактичка поставеност од Тухел. Лоша селекција , ај ќе сватам дека мораше да ротира поради измореност на поединци и дека им даде шанса на играчи кои требаше да докажат дека се достојни да се борат за први 11, ама ете со пристапот некои докажаа дека не се. Мислам дека Лампард имаше некоја слика за дел од нив и затоа беше отпуштен по таа лоша форма. Ах да и бевме оштетени за пенал со Арсенал. Тухел дури се обиде да им објасни на курајберите судиски. Но попусто.Искрено мене ми изгледа дека има хајка против клубовите кои беа се одлучиле за таа ебана супер лига.Челзи за жал нема влијание како Јунајтед врз федерацијата.Или како Јуве во Италија. Капак сопственик е Абрамович кој очигледно поради врските со Русија е трн во око. Затоа му е одбиен секаков пристап во Англија и кон овој проект се има одбивен таков пристап од ФА. Не ми е јасно само арапите со крвави пари се можеби уште полоши од политички поглед но немаат таков третман.
Капак беше денска со сомнителна ситуација при голот на Лестер и чист гол поништен за нас. Никаков офсајд. Мислам дека дури два фрејма понапред е сликата кај што топката е веќе шутната од Силва, да се врати снимката кога е топката е во моментот од додавањето на Силва, Бен не е во офсајд . Јеботе вар и цела федерација инцестоидна. И минатото финале во ФА купот судиите не оштетија. И денска. Јесте поразот според мене најмногу оди на срце на Тухел, поради тоа што им даде шанса на поединци кои ја ебаа таа прилика со нивното залагање, квалитет и пристап со Арсенал. Среќа пак раководството ни работи одлично финансиски , па немаме притисок во тој сегмент од ФА и органите на владата на Англија.
Ми се допадна од Тухел што медиумски начул да биде дипломат, после поразов денеска излезе со бош изјава. Иако знае во што е грешката. Минатата со Арсенал призна самиот.

Доколку беше коректно судење можеби ќе завршивме со трофеј . Со оглед на тоа дека после влегувањето на Одои,Бен, Каи, Пули и Жиру бевме сосема различен тим од тој пред 70те минути. Но сепак Лестер освои, симпатичен тим и проект и искрени честитики.

За наредниве два меча го замолуван Тухел да не изигрува мајка тереза со давање на шанси на играчи кои треба да се дубока резерва. Јесте не очекува финале со Сити. Но во моментов се ставивме во таква ситуација да не смееме да кикснеме со Лестер и Вила.
Во финалето против Сити очекувам пристап со мадиња, не очекувам безглаво напаѓање но концентрација и гризење до крај.
Мислам ќе излеземе со
Менди
Кристијансен-Силва- Рудигер
Џејмс- Бен
Канте-Жоржињо-Кова
Вернер-Масон
Каи

Искрено желба ми е само правилен мотивиран пристап. Па што биде, биде.

Сумирам со завршница за Тухел, Лампард и управата.
Искрено немав никакви очекувања кога дојде Тухел . Бев разочаран и емоционално празен што цела приказна со Лампард така заврши, но убеден сум дека за Лампард преголем залак беше Челзи. Не убија сите ривали во директни дуели. Никаков фудбал и збунет пристап. Освен мотивирани Масон и Џејмс сите други беа катастрофални под Лампард. Тактички и мен менаџмент Лампард има уште многу да учи. Можеби Лампард имал други трансфер цели, како Рајс и тн, но реално на потрошени 250 милиони неможеш ти да очекуваш уште. Да завршам за германскиот херрн. Тухел. огромен потенцијал како тактички мастермајн, со играчи кои Лампард мака мачеше овој ти вади максимум при тоа Челзи игра своја игра, а не тоа болно додавање и кружење без идеја туку јака дефанзива и брза и флуидна трансформација. Иако и на Тухел му е јасен потенцијалот на некои поединци,сепак го надмина тој потенцијал. Се надевам само дека нашава управа дека е кадрна и не е трвдоглава и доколку Тухел има трансфер цели би му ги исполниле. Верувам дека тој нема да ги бара Халанд или Меси. После Конте, конечно тренер кој направи да сакам да го гледам Челзи кога игра и се надигрува. А не некој додаден стил на бесконечно додавање на своја половина, кружење околу 16ик или играње класика Букер. Ме потсетува овој стил на стилот од Гус Хидинк, кога дојде првиот пат.

На крај поздрав до старата гарда Донев, Вори и остали. Се читаме почесто.
KTBFFH!
 
Последно уредено:
Финале решено со индивидуален квалитет на Тилеманс и Шмајхел.
3 ситуации за архива на Фа куп. Голот на Тилеманс ти е оној буст баш за финале, израз на класа и квалитет. Секоја чест, ме потсети на времето кога Робен играше и Лампард. Чуство у нога и ментална снага да се најде прав момент и да се распали како треба.
Кепа направи се што можеше да беше подолг голман можеби и ќе ја скинеше но тоа е друга тема. Од голмански аспект мислам дека
беше добро поставен и тргна навреме ама висината беше клучен фактор за да не ја одбрани.

Шмајхел покажа класа, 2 врхунски одбрани како што имаше Касиљас, Кан, Ноер. Скоро па невозможни одбрани.
Малку среќа беше и на нивна страна, игра со рака која не беше санкционирана а директно влиаеше за да се случи таа акција и микронски офсајд на Чивел кој дава голема полемика за тоа дали беше или не бидејќи моментот кога беше пуштена топката кон Чивел и стопирањето на тие линии топката веќе беше одвоена од стопалото.

Како и да е честитики до Лестер.

За мене дискутабилн е изборот на играчи со кој излезе Тухел. Не дека го кривам напротив, секоја чест што даде шанса на некои фудбалери
баш во едно финале. Се создава една позитивна слика за неговиот мен менаџмент и секако награда за тие условно решени не толку квалитетни фудбалери за напорниот тренинг и работа цела сезона.
Верувам дека и самиот тој знае од кои фудбалери треба да се ослободи а со кои да продолжи да работи.

Е лш е финале е друга приказна. До некаде на нас повеќе ни годи да не сме фаворити во натпревар, некако слабо се носиме со тој притисок фаворит.
 
Каква седум дена за фудбалскиот клуб Челзи. И тоа после победите над Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Бизарен пораз од Арсенал дома, со практично постигнат автогол. Пораз од Лестер во финалето, поради сомнителна селекција, недостаток на тестиси и биологијата на чуварот на мрежата. Во меѓувреме, двата конкуренти го поразуваат Манчестер Јунајтед на ,,Олд Трафорд", а Ливерпул успева да го победи испаднатиот ВБА со гол во последни секунди на голманот Алисон.
Сол на раната се девојките што губат во финалето од Лигата на шампионите од Барселона со 3:0 до 30-та минута.

Челзи. Фудбал. Каков клуб. :cuc: :pos:
 
Ужасен викенд :(
Ептен несреќен автогол уште во прва минута, па после срамен пенал за Барса, и толку беше.
 
download.jpg


Многу лош натпревар за жените, но сепак одлична сезона имаа. Освоија куп, ја освоија лигата повторно, цела сезона играа одлично. Барселона се покажа како подобар тим, иако стварно несреќно се најдоа нашите во два гола негатива, а имаа одлична реакција после првиот и можеа многу лесно да го свртат резултатот. Ама и очекувано ако се погледне скорот на Барса во нивната лига. 26 од 26 победи, 128 дадени голови, 5 примени :D

Мислам дека ова е само почеток за овој состав на жените. Веќе почнаа да се засилуваат за следна сезона, еден трансфер е комплетиран, а би требало и сестрата на Џејмс да дојде од Јунајтед. Ема е одличен менаџер и сигурно ќе продолжи со добрата работа, а верувам и на играчите вчерашниот пораз ќе им биде огромна мотивација за повторно да стигнат до таму, и да освојат.

Навивачки, може да се надеваме дека има некое непишано правило во ЛШ дека мора прво да искусиш пораз во финале, па после да го освоиш. Се случи со мажите, а и Барселона жениве пред две години имаат изгубено во финале, па сега повторно се вратија и освоија. Се надевам ќе важи тоа и на 29ти :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom