Алонсо е веќе комплетиран трансфер, се чека само официјална потврда. Во Фиорентина не сум го гледал, а не ми текнува како играше во Болтон и Сандерленд. Како и да е, прочитав и доста позитивни работи, а најбитното е дека Конте го сакал, не е трансфер на управата. Еве некои статистики, во споредба со другите леви бекови:
Опциите за централен се изгледа Огбона, Луиз и Гарај. Стварно ептен сакам да се врати Луиз. Ми фали како карактер во клубот, плус секогаш ги ценев и неговите фудбалски квалитети. Но, како што читам ептен тешко ќе биде да се оствари овој трансфер, и најверојатно ќе треба он да притисне и да даде трансфер барање, иначе ПСЖ не планирале да го пуштат. Како и да е, сигурно ќе се донесе и централен дефанзивец, па ќе видиме со кој ќе завршиме на крај.
Покрај одбраната, уште се вртат по малце шпекулации за Брозович, а има по нешто и за Родригез. Ама не очекувам да донесат и трет играч. Алонсо и Давид Луиз и ќе бидам задоволен од последниов ден, ама секако во целост мораше многу повеќе да се направи овие два месеци.
Ќе биде долг ден, сигурно до вечер ќе чекаат за да завршат со се
