Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Да не прекинав со замарање за клубов уште пред 2 години сеа можда ќе се нервирав ептен. А можда и не. Шо знам.....вас веќе гајле ви е за екипава уште демек ? Имате некаква надеж или конечно ви текна дека клубов стварно не знае кај тера?
Јас уште на 17ти декември сфатив дека не знаат кај тераат и престанав да се замарам за сезонава...

Сепак добро ќе беше да не ги изгубиме двете шанси за трофеј во три дена, ама тоа е. Конечно може да и се стави крај на смешнава сезона. Па од следна со нови нервирања и откази :D
 
Game over.
Целосен крах на Челси во сите погледи, од Абрамович, управа, тренери па до играчи.
И се тоа ради дебилните желби на Абрамович да го прави Челси но.2 Барселона.
 
Најако ќе биде летово ако се уште во филм дека групава на играчи има потенцијал и нема да има ремонт. Ако летово бар 1/3 од играчиве не се продаде уопште не продолжувам да го пратам Челзи.
 
Најако ќе биде летово ако се уште во филм дека групава на играчи има потенцијал и нема да има ремонт. Ако летово бар 1/3 од играчиве не се продаде уопште не продолжувам да го пратам Челзи.
Скептик сум. Тешко дека ќе продадеме повеќе од 3 играчи.
 
Дај нека ги пуштат гревовите сениорски на одмор, нека си играат младинциве.
Доста е од резилов и страмотилуков кој ни го приредуваат секој меч.
Сениорите заслужуваат празен стадион, никаква подршка од фановите сезонава не заслужија.
Барем младинциве ќе имаат желба да се докажуваат.



А тој олигархот, како не сфати во овие 15 години дека неможе Челси да биде Барселона.
Кој ли те лаже бе сиве овие години за твои пари.
Уништија цели 15 години во неполна сезона, го уништија менталитетот, психичката предност дека се шампиони се.



This club is rotten from the core, there are serious serious problems from top to bottom.
 
Jас може сум неписмен, ама овие соиграчиве на Коста до сега не сфатија дека Коста е поачер тип на шпиц, односно неопходно е да го хранат со топки во простор помеѓу противничките централни.
Освен Фабрегас никој друг не го проигрува на тој начин.
Не е Коста дриблер гревови едни.



Awaiting Emenalo's interview on Chelsea TV about palpable discord between Chelsea players and trophies.

:D
 
Најако ќе биде летово ако се уште во филм дека групава на играчи има потенцијал и нема да има ремонт. Ако летово бар 1/3 од играчиве не се продаде уопште не продолжувам да го пратам Челзи.
Нема да има никаков ремонт, прифати си сега за да не се разочаруваш на лето :D

Ќе продадат 2-3 играчи за кои ќе стигнат добри понуди, Конте ако даде листа со 10 играчи подредени по приоритет, ќе му ги купат последните/најефтините двајца и плус Еменало ќе си донесе некој Папи, Хектор, Пато. И така :D
 
Нема да има никаков ремонт, прифати си сега за да не се разочаруваш на лето :D

Ќе продадат 2-3 играчи за кои ќе стигнат добри понуди, Конте ако даде листа со 10 играчи подредени по приоритет, ќе му ги купат последните/најефтините двајца и плус Еменало ќе си донесе некој Папи, Хектор, Пато. И така :D
Ќе видиме во лето, до тогаш ќе чекам.
 
Инаку нешто позитивно (демек) колку толку е...што сега за сега тимов го гледам со иднина ко Јунајтед во моментов. Што и не е претерано лошо. Лошо ќе биде ако паднеме на ниво на Ливерпул од пред пар години и да имаме долгогодишна стагнација на 7мо место.

Ќе биде ептеееен битен трансфер периодов, па ете догодина сакаме нејќеме мора да се сконцентрираме на лигата и можеби пласман во топ4 што со добар тим би било возможно.

Е проблемот е што ќе немаме ништо добро во тимот.

Голман - е фала богу 2 добри ги имаме
Одбрана - немаме ниеден квалитетен играч Имаме 2ца добри/просечни во името на Зоума/Азпи
Среден - Ниту еден квалитетен. Фабрегас и Матиќ се колку толку добри/просечни (Микел мислам би си идел)
Атакинг мидфилдери - Хазард единствен квалитетен. А тој ќе си иде така да...ќе треба еден од останативе просеци (реално Вилијан до пред сезонава...просек беше една сезона се уште не е премногу за да го сметаме за повеќе од тоа) да му го земе местото. А мислам Оскар можеби КОНЕЧНО би се вратил во добра форма ако го снема Хазард.
Напаѓач - Го имаме Коста сега за сега. И тоа е тоа. Коста не е ни квалитетен не е ни просечен а ни потпросечен. Коста е Коста.

Е сега едино добро е што имаме пар играчи на позајмици што можат да се вратат...ама најверојатно освен Куадрадо другиве не гледам дека би добиле шанса.

Ако остане Хазард ете би имале шанса за топ4. Ако си отиде (а искрено не го обвинувам, и сите што би го обвиниле нека се запрашаат дали истото би го направиле) тогаш...зезнато ќе биде ама ете гледам надеж ако дојде Конте и го донесе Погба па со веќе Погба+Куадрадо да си почне некоја игра на која што е навикнат.

Ама то е....пак ќе се бориме а топ4 бидејќи некој сметаше дека ако имаш дефанзивци со просек 33 години подобро за иднината би било да переш пари со АМчиња и напаѓачи.

Ај, барем интересни ќе ни бидат мечевите, човек нема да знае што да очекува :D
 
Ni go fukna Lukaku a?Ako ako ubavo gi pojacuvame ostanatite ekipi so nasi igraci.Site okolu nas ni zemaa po eden igrac.Lukaku,Mata,Staridz,Cech,sleden koj e?Nekoj definitivno u upravata e mrdnato kopile tolku.
 
Не знајте колку скокав низ дома Лукаку ко ни го свирна, цело второ полувреме се молев гол да ни дај за да му жежи на стоките.
Немав некоја надеж за купот, прерано дојде овај натпревар после испаѓањето од ЛШ ама ако, не е оправдување то.
 
СТОП!
Ете кај бил проблемот. Колку убаво и јасно испливаа работите на површина.
Јасно како сончев ден во јули месец, без ниту едно облаче на небото. И слепец би видел.
Ако не се санира ова, значи клубов води инает и нема потреба зошто ние да си ги трошиме нервите на него.

Од Псж научивме дека смена на менаџер во Челзи не носи резултат. Можеби во времето кога имавме костур од победници... имавме каква таква добивка иако Челзи не беше доминантен сепак освои некои трофеи кои се ценат во светот на фудбалот.
Но ако сакаме Челзи да е доминантен тогаш ни треба менаџер кој прво знаеш што сака, а најбитно е да добие време и слобода за проектот.

Од Евертон научивме каде е коренот на болеста за оваа сезона. А тоа е дами и господа одбраната.
Ниту Фергусон со Гвардиола како помошник не би успеал да освои нешто со оваа швајцарско сирење.
40-годишна лева нога на Тери вреди повеќе од Иванович, Кехил и Аспликуета десно.

Нашата одбрана не постои, ние ја немаме... Лукаку кој е најспориот и најтромавиот фудбалер кога ја има топката во нозете изгледаше како Меси против Б тим на Барса на тренинг.
Иванович, Аспи, Кехил, Микел беа масакрирани од Лукаку, рбетот им го извади. Ми се чини Стефи (како девојче) да ја пратевме па повеќе ќе го намачеше Лукаку.
Овие буквално сите 4-рица се тргнаа и му рекоа повели дај си гол.

Дали во Челзи постојат тренинзи за офанзивниот сегмент на играта... ми се чини дека не.
Немаме идеја што со топката... значи цела сезона е тоа... Вилиан и Педро трчаат како коњи...
фабрегас му пушта долги топки на Коста... друго ние немаме.


Симптомот на болеста господа е трансфер политиката.
Слободно може да се каже дека започнува дента кога заврши првиот мандат на Мурињо.
Ние наредниве трансфери од сите играчи што ги купивме само квалитетно го истрошивме Иванович. (земете малку прогуглајте за поубава слика)
Целата тежина за успехот го носеше костурот кој беше направен од Раниери и Мурињо.
Останатите менаџери само беа марионети и играа како ќе им свират од врвот.
Немам податок, но имам впечаток дека сите играчи кои беа доведени после Мурињо беа по желба на бордот на директори.
Вовед во тоа беше трансферите кои беа направени во ерата на Анчелоти... а кулминација е оваа сезона (јули - јануари)
Кажете ми дали ние видовме некаква корист од Фалкао, Џилобоџи, Баба, Кенеди... Педро и Американецот...
Клучот на успехот кој го имаат изјавено Фергусон и Мурињо е дека после освоена титула мора да се внесе свежа крв во составот за да има повторно успех.
А убаво се гледаше после јануари месец од минатата сезона дека тимот ќе капитулира кога тогаш. Тепавме со жива мака... рутински што се вика. Одбраната уште тогаш покажуваше знаци на несигурност но имавме среќа бидејќи Матич беше во луда форма а и тимот доби нова димензија со Фабрегас и Коста.

Мораше Челзи да се засилува квалитетно во одбрана на сите позици и да се донесе уште еден мидфилдер и класа на напаѓач... а не шљ класа на фудбалери.

Друга битна работа е што Челзи стана како Арсенал во продажбата на фудбалери.
Незнам по која вина но во ова време кога Реал, Барса, 2-та Манчестери, Баерн трошат по 70 мил за 1 фудбалер или некои од нив знаат да лупнат и 100 мил за фудбалер ние да го почитуваме фер плејот а притоа да имаме успех не невозможна мисија...
Единствено само за таа работа ќе го кривам Мурињо.
Не е можно тој да го порачал Џилабоџи и Кенеди за сметка на Стоунс и Погба.
Како и за реагирањето врз Ева.
Но дека грешка му било што им верувал на играчите е бизарна работа... ајде да излезе јавно и да каже дека Азард, Коста и Фабрегас не се доволно квалитетни и му требаат нови фудбалери... ниту се случило од некој менаџер ваква изјава ниту пак ќе се случи.


Тоа е тоа, последниве 10-11 години многу време и нерви посветив на Челзи... но после ова денес и тоа во средата каде што очигледно болеста излегува на површина а лекот се знае и го има... ако остане во оваа клубот со овој играчки кадар (одбрана + Микел) и си се позајмуваат играчи колку да ги има на број... нема потреба да се трошат нервите
 
Најако ќе биде летово ако се уште во филм дека групава на играчи има потенцијал и нема да има ремонт. Ако летово бар 1/3 од играчиве не се продаде уопште не продолжувам да го пратам Челзи.
Конте тие што нема да сакаат да си одат ќе ги остај да тренират на страна и никогаш нема да бидат нит повикани нит регистрирани за тимот ќе ги напалка сигурно ама голем дел од овие ќе бидат препородени :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom