Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Има изјава од клубот дека се плашат? :D
Не бе, ја имам изјава во која што викам да тибам клубот ако се плашат од КПР.

Не мора да значи дека се плашат :D

Исто како да кажам "Да тибам клубот што дома губи од последниот на табела" не мора да значи дека сме изгубиле :D
 
Не дека ви фалев што не пишував изминативе неколку недели, ама еве дојдов да си го изнесам и јас мислењето околу трансферот на Луиз. :D

Презадоволен сум бе. Па близу 50 милиони фунти за играч кој не е незамeнлив, и нема првотимски статус, премија се парите. Се шпекулираше изминативе месеци, дека ќе се продава Луиз, но за сума од околу 25-35 милиони. А сега наеднаш бум, 50 милиони. Подобро здравје.

Иначе ќе ми фали ептен, но како појава, а како играч не толку. А се надевам дека парите од тој трансфер ќе се инвестират паметно во квалитетни играчи.
 
Инаку не заборавајте вечер да гледате како правилно се игра против Атлетико а не тој дефазивен булшит што ние го правевме.

Штета баш забавно финале ќе беше Реал-Челзи
 
Сега сакам да лупнеме и ние 50-60 милиони на некој. Ќе биде интересно :D
 
Е ај да лупнеме ама на паметен играч.

Еј колку ми е криво што не го купивме Суарез тогаш..значи не ми беше криво што го купивме Торес баш напротив ама Суарез и Керол да ги земевме со тие пари сега ситуацијата ќе беше поинаква..

Ама познавајќи ги Челзи ќе дадат 35 милиони на Коста и 15 милиони на Мангала+ некој од младиве
 
За Погба ако се заинтересираат, ќе треба добра сума да се исплати.

Иначе, еве прашање. Што би сакале повеќе. Да се потрошат париве на нови, јаки играчи, или да им се даде шанса на младите кои веќе ги имаме?
 
А бе а што муабети има за Куртоа ? Ќе игра кај нас следната сезона или како ?
 
А бе а што муабети има за Куртоа ? Ќе игра кај нас следната сезона или како ?
Би требало наредниве недели да се знае. Сега може уште немаат ни зборено, што е во ред зошто треба да се посвети на Атлетико.
 
Е ај да лупнеме ама на паметен играч.

Еј колку ми е криво што не го купивме Суарез тогаш..значи не ми беше криво што го купивме Торес баш напротив ама Суарез и Керол да ги земевме со тие пари сега ситуацијата ќе беше поинаква..

Ама познавајќи ги Челзи ќе дадат 35 милиони на Коста и 15 милиони на Мангала+ некој од младиве
:LOL::LOL::LOL::LOL:
 
chelsea-own-goal-against-psg.gif
 
Ако од клубот не сакаа да соработуваат повеќе со Лампард ќе се знаеше пред крајот на сезоната, па фановите ќе испратеа како што доликува. Сепак Лампард нема статус во клубов како Д. Луиз па да си замине така тивко.
Парите да се искористат за доведувње на зрели играчи (24-27год), напаѓач, мидфилдер, лев бек.
Моја желба се Коста 32м, Паулињо (25-30), Шо (20) вк. +/-80
Продавање на Микел, Торес, Ромеу, Мозес, Марин, од прилика за нив би можеле да добиеме 30-тина мил и ќе ги покриеме 30 мил за Паулињо.
Враќање на Куртоа од позајмица и делење на минутажата со Чех (едниот да брани лш другиот пл), Лукаку за втора опција, Чалоба на местото на Микел и Троган за конкуренција на Оскар.
 
Инаку не заборавајте вечер да гледате како правилно се игра против Атлетико а не тој дефазивен булшит што ние го правевме.
Ете така со 17 шута во цел натпревар од кои 8 во рамки на гол and counting.

За споредба Челзи во ДВАТА меча вкупно имаше 19 шута и тоа пред се пошто губевме, да останеше на 1-1 сигурно и помалку ќе имавме.

(y)
 
Штета што баш против нив не можевме да ги играме Бејл и Роналдо :(
 
Се утепавме од пари за АМчиња и не можевме да напаѓаме ? Ма ајде ти се молам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom