Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Вие што прашувате, фанови сте на Челзи или на Мурињо? Не може некој туку-така да дојде и да го исфрли од тимот на најбезобразен начин, најдобриот играч на Челзи изминативе две сезони, играч кој не носел на грб на секој натпревар.
 
Нема ниту еден добар стрим, сите се со пиксели или офлајн на сопкаст.
 
Чех не чинел, мхм.

Леле колку дупки во одбрана....ало што кур ви е?! Ко да забораиле да играат одбрана, прават шанси како сакаат. А ние ниту една! Една полушанса кога Ето за малку не стигна по центаршут на Бане и толку.
 
Ако некој од тука знае да врзе игра :tapp:
Мата и Торес одма!
Тоа е тоа што го викам, секоја екипа игра подобро од нас!!!
 
Отиде јабана Ето, ми личи на истегнување на мускул. Сеа да го видиме Торес што ќе направи.
 
Мизерии...мултимилионскиот тим на Челси, тотално надигран од Базел. Сега Мурињо ќе ги пердаши во соблекувална, 100% и очекувам да влезе Мата во второ полувреме на местото на Рамиреш или Лампард.
 
Мизерија тешка се прво полувреме, се глеа дека идат на кнтри али ово не личи на ништо.
 
0 шутеви :facepalm:
Ако сака да победи нака ги пушти Мата и Ширле инаку пак ќе го јадеме,нема Чех цело време да не спасува.
 
Мизерија, катастрофа, катаклизма уште што не знам. Го фати еднаш камерата Мурињо како нервозно го затвора тефтерот, ќе има жешки во соблекувална. Значи немаме никаква игра, ниту во офанзива, ниту во дефанзива. Чех не спасуваше на моменти, и тој е заслужен што не губиме 3-0. Не можеме да ја изнесеме топката на противничката половина, а кога ќе ја пренесеме, нема кој да ја прими и се враќа назад или се погреши во обид да се направи пас напред. Убаво се осети сега отсуството на Мата, но и на Азар. Рамирес како крило е бескорисен. Под итно мора да се направи некоја замена за во 2 полувреме, зошто ако не се промени играта во 2 полувреме, не само што нема да дадеме гол, туку и ќе примиме 1-2. За ваква игра се криви играчите, но и Мурињо.
 
Аха.. со тројца деструктивци играме.
Не изрешетаа во средина само ради фактот што Рамирес нонстоп трча напред. Оскар скоро невидлив, Вилиан се труди нешто ама нема подршка од никој, одбраната сирење. Само ради фактот што судијата бааѓи е на наша страна не губиме иако заслуживме.
 
Сега на полувреме Мурињо ќе фати прачката... очекувам 2-3 гола во второ полувреме :cool:
 
Гледам и не можам да си поверувам. Па против еден Базел бе да неможеш 2 паса да сврзеш, да не можеш половина да поминеш, да не можеш шут кон гол да упатиш...тоа ти е еднакво на 3то лигашка екипа од нашава лига. Па добро бе, не сакам да пцујам и колнам ама срамота е на милионите шо ги земаат. КАТАСТРОФА! Па толку да се немало желба за игра...неможам да сватам...
Среќа голема шо Чех е на ниво, иначе 3-0 не ни бегаа. :facepalm:
Надевајки се дека со Жосе ќе тргне се како подмачкано, од цела сезона само 3-4 натпревари иаме изиграно како што треба, се друго е на сила...
Тотално сум разочаран од моменталната ситуација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom