Лев со еден куп пофалби за Шурле, ја пофали неговата физичка снага, игра во одбрана и добрата завршница во последните неколку мечеви за Германија и мечеви во Англија. Вели дека Шурле многу напреднал откако направил трансфер во Челзи и дека ако продолжи со ваква игра сигрно ќе има стартно место на СП во Бразил.

Андре дефинитивно заслужува вакви пофалби, ги доби од Моу, ги затна голем број негови хејтери ширум светот кои велеа дека е промашен трансфер и просечно крило. Можеби не е техничар како Хазард, и можеби нема визија како Мата, ама затоа трча и работи како Рамирес, со дисциплина на Џон Тери и Френк Лампард, одличен играч кој треба да биде пример како се игра за клуб и репрезентација. Го има и напред и назад и во секој меч е се подобар и подобар. Мене лично кога дојде ми беше сеедно, ама како поминува времево, се повеќе и повеќе ми влегува под кожа, и све повеќе го сакам како игра, играчиште е, голем работник, верувам дека ќе биде клучен играч за Челзи, само нека продолжи со ваква работа.
П.С Вашата непрежалена љубов, Марин,
пак повреден. 