Од една страна бев многу напизден затоа што требаше најмалку 4 гола да примат ВБА, а докрај стравувавме да не примиме гол. Па мораше Чех да не спасува. А тој Чех е првиот голман во историјата (која ја немаме) на ПЛ кој 136 пати имал чиста мрежа. Мислам дека рекордот го држел Симан, не ме фаќајте за збор.
Од друга страна, оваа утакмица можеби беше првата сезонава, каде што Челзи знаеше што сака, Челзи беше конкретен, имаше акции, шутираше и не влегуваше по секоја цена со се топката во гол.
Играше на моменти и доста брзо, за разлика од претходно, но не ги искористи шансите.
Оскар, очајна реализација. Мора да ја подобри, мора. Не може толку Фостер да е јак, колку што овој не знаеше да шутне и да даде гол. Џабе.
Азпиликуета денес слаб, Хазард одличен, душата им ја извади по страна, Мата солиден, константен, Оскар исто солиден, ама ме разочара со тоа све што промаши.
Ба ѕвер! Не само што го постигна победничкиот гол, имаше страшни потези. Како прво не може да му земе никој топка кога овој ќе стапне на неа и кога ќе се загради. Азпи пушти една многу тешка топка, овој ја прифати и додаде со петица. После со глава фантастично му ја спушти на Оскар и овој нормално промаши. Ептен голема работа завршува во нападот и кога не дава голови. Осеќам дека ако дојде Мурињо, ќе му биде миленик во нападот. Исто како што ќе му биде и Луиз во одбрана/средина.
Игравме како тим денеска, како да ме читаше некој на форумов. Ми се допаѓа тоа. Акцијата Хазард-Мата-Лампард кога ни го поништија голот беше ебење, ама штета што беше офсајд. Значајни три бода, утре да изиграат нерешено Арсенал и Тотенхем би било одлично.
Навивачите докажаа дека куче што лае не каса, освен банери, атмосферата беше подпросечна. Бенитез уште го мразиме, коментаторот од СпортКлуб нека ми касне од м'дава, зошто апла навиваше за ВБА, а ако не Мурињо, тогаш Лаудруп/Кларк би сакал да седнат на клупава наша. Особено вториов, затоа што е наш човек, поранешен играч и голем познавач на англискиот фудбал. После Фергусон одма можеби.
п.с Нека крши глава Стариџ сега, пред него Даунинг игра, а бараше трансфер за да биде првотимец.