Capitano
...
- Член од
- 24 октомври 2007
- Мислења
- 1.344
- Поени од реакции
- 137
Челзи ќе биди ко шо треба ко ќе биди стварно ко шо треба. А ваквите изјави на „Ирец кој е најплатен фудбалер во руската лига“ во време кога тимот на Челзи не е тоа шо треба се стварно иритирачки.
Не викам дека е се така розево во функционирањето на Челзи како фудбалски клуб, има многу нешта кои би сакал да бидат ставени на свое место во што поскоро време.
Само, моменталните резултатски перформанси не ни можат да бидат подобри. Прво место во ПЛ, во која моментално неможам да препознаам ниту еден конкурент за титулата и 90% обезбедено прво место во група од ЛШ.
Ме интересира во кој период од кога го следиш и си фан на Челзи, тимот бил токму онака или барем приближно од тоа што го посакуваш... како што ти би рекол - Челзи стварно ко шо треба да биди.
Лично за мене, најдобри до сега беа првите 2 години од ерата на Мурињо, период во кој едвај чекав да почне било кој натрепвар за да уживам да гледам како секој фудбалер гине за секоја топка на било кој дел од теренот, било да е пријателска или официјална средба, Тери за кој нема изгубен дуел и кој постигнува по 6-7 гола во сезона, Робен - за кој не постои жива сила која може да го спречи да прави што сака по крилните позиции, Лампард кој го има на секој дел од теренот и кој може да овозможи перфектна асистенција и да постигне гол во секое време.
Период во кој безброј пати бев сигурен дека, ако не друго, ќе се изигра како што треба уште пред да почне натпреварот.