Не викам дека е се така розево во функционирањето на Челзи како фудбалски клуб, има многу нешта кои би сакал да бидат ставени на свое место во што поскоро време.
Само, моменталните резултатски перформанси не ни можат да бидат подобри. Прво место во ПЛ, во која моментално неможам да препознаам ниту еден конкурент за титулата и 90% обезбедено прво место во група од ЛШ.
Ме интересира во кој период од кога го следиш и си фан на Челзи, тимот бил токму онака или барем приближно од тоа што го посакуваш... како што ти би рекол - Челзи стварно ко шо треба да биди.
Лично за мене, најдобри до сега беа првите 2 години од ерата на Мурињо, период во кој едвај чекав да почне било кој натрепвар за да уживам да гледам како секој фудбалер гине за секоја топка на било кој дел од теренот, било да е пријателска или официјална средба, Тери за кој нема изгубен дуел и кој постигнува по 6-7 гола во сезона, Робен - за кој не постои жива сила која може да го спречи да прави што сака по крилните позиции, Лампард кој го има на секој дел од теренот и кој може да овозможи перфектна асистенција и да постигне гол во секое време.
Период во кој безброј пати бев сигурен дека, ако не друго, ќе се изигра како што треба уште пред да почне натпреварот.
Можат. Два бода предност пред вториот на табелата во оваа фаза е многу малку. Да не треба да спомнам и дека бевме понижени во Комјунити од еден од конкурентите за титула, од тие што не ги препознаваш де, и оти испаднавме во прво коло од едниот куп?
Од не толку „пресен“ период, а не ни од толку „дамнешен“ - таман од тогаш шо е доволно за да знам оти со сите инвестиции на Роман Абрамович во Челзи ова шо се случува е слабо и анемично. Можам да издвојам две одделни сезони - првата со мурго и минатава со дебелиов. Со мурго заради фанатичноста, фантастично нешто. Лани со дебелиов заради убиствениот инстикт(додуша не на сите дуели), Челзи никогаш немал такво нешто - менталитет „сите други можат да одат упичкуматерин (со извинение), ние ја киниме мрежата и готово“. Исто фантастична работа. Ако некогаш некој состав на Челзи ги има и двете, можи ќе бидам задоволен - таков тим станува Европски Шампион - то шо мене стварно ме интересира. Ама тоа нема да биди овај состав, сезонскиов, ко веќе споменатите ти Тери и Лампард ко „главни играчи“ (во наводници пошто ја сум делумно разочаран од то) се фудбалски истрошени. Особено вториов. Колку и Анчелоти да треба да јади гомна дека сега кариерите на играчите се пролонгираат со новите технологии и медицини, Тери и Лампард се “мината сегашност“. Шо е поголем проблем? Младинските погони на Челзи не функционираат така шо ќе ја исполнат нивната основна намена - играчи за првата екипа на клубот. Анчелоти со сила ги пика бре, ко мисли дека Ван Анхолт не е способен да стартува против еден Спартак од Москва на местото на Ешли Кол кој го има изиграно СЕКОЈ дуел од почетоков на сезонава, и клупски и репрезентативно. Како и да има доверба, три дена претходно проба со „најталанетираниот, идната ѕвезда на Челзи“ како стартер на Вила Парк со останати десет сениори покрај него во екипата, и шо? Се посра „ѕвездата идна“. Првиот состав: никогаш подалеку од освојување на ЛШ, од сезона во сезона губи од месечинине помочани, во период кога Манчестер Јунајтед игра со пензионерите Сколс и Гигс ко главни играчи освојува титула со само еден бод предност.
Да ги остајме фудбалските (не)прилики. Треба да речам браво за Тери шо помагал за финансирање на женската екипа на Челзи, ова беше лани ова време објавено од, да ја речам, капитенката наша; а во истовреме го цица клубот со 160000 фунти неделно? Буквално го цица, тие пари не ги заработува со неговата работа, во буквална смисла на зборот заработува. Шо се случи сезонава? Останаа неколкумина начело со Тери со астрономски плати, а првата екипа ја пополнуваат неспремни младинци. Епа да ми јади таквово Тери, и нека прекини да плачи како немало да биди среќен без ЛШ, пошто никогаш и нема да ја освој со тој негов глуп менталитет. Ај доста беше, ако сакаш уште, кажи макар шо мене не ми се прај ќеф уште да пишувам за ова.