Многу сме јаки или што е работата?
17 голови на 4 утакмици..без ниту еден примен...
Ех,мајку му..
Видите Лузерите како го папаат од нашиве соседи.
Не сме толку јаки колку резултативе шо се, едносатвно првото полувреме беше, не би рекол лошо, незадоволително е најдобро. Резултатов е последица на црвениот картон за тој од Болтон.
Бане Иванович другарчина, ни е чудо на природата. Нозате му ги бакнувам на тој што го откри и што го донесе. Прави Карваљо да изгледа како некој шарлатан на терен, иако во пракса, Карваљо ни одблиску не е тоа. Дрогба некако ми е чуден цело време, само да не е некоја повреда, не би го играл ни во вторник со Мадрид, ни треба за в недела. Лампард, па само видете го последниот гол.
Со Манчестер Јунајтед треба да се спремиме за малку повисоко темпо, и поконцентрирано него денеска. И да е спремен Ешли, оти маф ни е планот со Фереира лево против Јунајтед.
При крајот префрлав на Фулам, па не заприметив, дека всушност немало ни една замена кај нас.
Абе Анчелоти, компир еден, знам дека си ломбак и клупите се доста удобни, ама малку да се помрднеше. Борини на пример, 10 минути.
Пусти Бане, автогол било. :icon_mrgr