Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
БРАВО 4-0 СО БОЛТОН МН СМЕ ЈАКИ
КО ЌЕ ИМА ХАЈЛАЈТ ПРИКАЧЕТЕ ДА ВИДИМЕ ТИЕ ШТО НЕ ГО ГЛЕДАВМЕ НАТПРЕВАРОТ:smir:
СЛЕДНАТА СО МАНЧЕСТЕР МОРА ДА ЈА ЗЕМИМЕ
 
17 дадени - 0 примени во 4 меча.
Незнам што да кажам :) :)

Фулам 3:1 Лузерпул

Останува да видиме уште Јунајтед.
 
Одлично изиграа. Последниве четири натпревари се... 17:0 :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Иванович се повеќе се докажува. Сиде добро играа. Сега против Атлетико во вторник пак 3-4 нека дадат, и после следува Манчестер.
 
Многу сме јаки или што е работата?
17 голови на 4 утакмици..без ниту еден примен...
Ех,мајку му..
Видите Лузерите како го папаат од нашиве соседи.
Не сме толку јаки колку резултативе шо се, едносатвно првото полувреме беше, не би рекол лошо, незадоволително е најдобро. Резултатов е последица на црвениот картон за тој од Болтон.
Бане Иванович другарчина, ни е чудо на природата. Нозате му ги бакнувам на тој што го откри и што го донесе. Прави Карваљо да изгледа како некој шарлатан на терен, иако во пракса, Карваљо ни одблиску не е тоа. Дрогба некако ми е чуден цело време, само да не е некоја повреда, не би го играл ни во вторник со Мадрид, ни треба за в недела. Лампард, па само видете го последниот гол.

Со Манчестер Јунајтед треба да се спремиме за малку повисоко темпо, и поконцентрирано него денеска. И да е спремен Ешли, оти маф ни е планот со Фереира лево против Јунајтед.

При крајот префрлав на Фулам, па не заприметив, дека всушност немало ни една замена кај нас.
Абе Анчелоти, компир еден, знам дека си ломбак и клупите се доста удобни, ама малку да се помрднеше. Борини на пример, 10 минути. :toe:

Пусти Бане, автогол било. :icon_mrgr
 
Јаки сме нема шо...:vozbud: 17 : 0 :vozbud::vozbud::vozbud:
Некој хајлајт од натпреварот ќе ве молам...

П.С. Честито победа!
 
Леле бе Челзијаши имајте малку жал за противникот :toe::pos2::pos2:
17-0 на последните 4 натпревари...Несомнено ги мелеме противниците како шо би рекол Игорче:pos2:И како што реков добар ден ке имаат дрогба и лампард....Натпреварот не го гледав,но верувам дека сме ги изгазиле...Ако може некој да ги постира головите.поздрав:smir:
 
Не сме најјаки, противниците ни се тапа.

Ќе видиме во наредниот викенд до каде сме, а уште повеќе на натпреварот со Арсенал, не заради тоа што е со Арсенал (не дека ги потценувам), туку ради тоа што ќе биде прво дерби на гостински терен. Ако ги тепаме овие два меча, тогаш може да збориме за сила...

П.С. http://www.chelseafc.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=126&Itemid=56

Ваљда головите се, надминат ми е лимитот, па само го копирав известувањето од ФБ.

Верувале или не, имаме и најдобра гол разлика. :tv:

+1 повеќе од Арсенал, со тоа што Арсенал има меч помалку... Така?
 
Не сме најјаки, противниците ни се тапа.

Ќе видиме во наредниот викенд до каде сме, а уште повеќе на натпреварот со Арсенал, не заради тоа што е со Арсенал (не дека ги потценувам), туку ради тоа што ќе биде прво дерби на гостински терен. Ако ги тепаме овие два меча, тогаш може да збориме за сила...


П.С. http://www.chelseafc.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=126&Itemid=56

Ваљда головите се, надминат ми е лимитот, па само го копирав известувањето од ФБ.






+1 повеќе од Арсенал, со тоа што Арсенал има меч помалку... Така?


Зашто и ти и Фантом наоѓате секогаш замерка?
За играта,за резултатот..за све..
Гледајте на посветлата страна дека газиме..
 
Чекај, може нема ни да тепаат (што е многу малку верјатно)...
Блекбурн како гостин, практично неизвдоливо, само теорија е. Јас Франко наш го барам, еден гол така фино да дај. :tv:

Зашто и ти и Фантом наоѓате секогаш замерка?
За играта,за резултатот..за све..
Гледајте на посветлата страна дека газиме..
Зошто, па еве.
Во 45 минути само два реално опасни удари на гол. Млитавост и несигурност. Второто полувреме со играч појќе, пак Болтон го започна поактивно. Добро, за второво не ме чуди и така да беше наредено, со оглед дека од контра Деко даде гол, па ајде да го оставам тоа. Ама првото полувреме не го заборавам. Дали да заборавам еден период од 10-15 минути против Мадирд, или Блекбурн мож да беше, кога Есиен на 35-40 метри од Чех грешно додава?

Доста е, ме мрзи за појќе, а има уште неколку работи кои против тим од калиброт на Јунајтед може да се фатални. Сепак, од друга страна, пошто јас ги гледам, верувам дека и Анчелоти ги гледа, па да сме здрави и живи.
Последниот гол која перверзија беше, страшно, жал ми падна за Болтон.
 
Зашто и ти и Фантом наоѓате секогаш замерка?
За играта,за резултатот..за све..
Гледајте на посветлата страна дека газиме..

Давор, без лутиш... Јас и Фантом сме реални. Не сме како тебе кој пред утакмица со било кој кука (во последно време мора да те пофалам дека си пооптимистичен). Ваљда не си сериозен Фереира да се носи со Валенсија или Нани или кој и да игра десно? Денес не гледав и не можам да зборам. Ама во Карлинг Болтон беа дупки. Барем она што го гледав (пола прво и цело второ). Не знам како беше точно едно мислење на Фантом, ама ќе пробам да го парафразирам:
„Некогаш не оди ништо како што треба, а тепаме 3-0 (како денес со Тотенхем), а некогаш кога се е супер, не можеме да деме гол“. Е кога ќе го поправиме тоа, кога ќе можеме да даваме гол кога ќе посакаме, тогаш нема да мрчам муда...
 
Ќе се врати Кол ваљда наредна недела..
Иначе што има везе..
Некои екипи едвај победуваат,со килава игра,и пак фановите на другите екипи се радуваат и не замераваат на ништо.
Ние имаме дадено 17 голови во 4 натпревари и ниту еден гол немаме примено..жалосно е да се коментира..
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom