Фан Клуб: Цементарница 55

  • Креатор на темата Креатор на темата Fcu
  • Време на започнување Време на започнување
Dobro e pobeda samo napred mladi decki.Sleden natprevar so drita na gosti.
 
Дрита - Цементарница 3-1
Цементара со ваква игра е се поблиску до 3-тата лига. Да се надеваме дека нема да испаднат.
 
Цементарница во знак на протест нема да плаќа службени лица
Медијаторската, наместо извршната улога, што си ја додели Фудбалската федерација на Македонија за случајот „Васоски“ не го решава проблемот стар речиси четири години. Цементарница најави дека на крајот од есенскиот дел во второлигашкиот шампионат нема да ги плати таксите на службените лица, а правдата за нанесената штета и изигрувањето на законите ќе ја бара пред редовен суд.

- Ги запознавме челниците на ФФМ дека нема пари за службените лица. Слободно нека не' суспендираат. Ќе им ги донесеме и играчите да бараат плати од нив - револтирано коментираат во Цементарница, кои не биле вклучени во разговорите меѓу претставниците на ФФМ и Вардар за надминувањето на проблемот.

Одлуката Вардар да исплати 57.350 евра како дел од отштетата за трансферот на Васоски во Ајнтрахт вторпат е потврдена од Арбитражниот суд на ФФМ. Наместо исплата или автоматска суспензија, „црвено-црните“, по договорната средба во ФФМ, купија ново дополнително време за да се надмудруваат.

- Со одлагањето на извршното решение ни се растура клубот. Една од клучните причини затоа што сме на ова скалило е токму непочитувањето на правилата на игра. Го загубивме прволигашкиот статус бидејќи нема пари за играчи и со тоа и за резултати. Се губи интересот кај евентуалните спонзори. Ерозијата и одвраќањето на спасителите продолжува и во второлигашката конкуренција. Тоа чини многу и затоа ќе бидеме принудени правда да побараме на суд. Ќе го тужиме ФФМ за нанесена штета и непочитување на законите, што е кривично дело - се тешат во Кисела Вода.

Вардар, по првичната мајска одлука на Арбитражниот суд, побара и доби олеснителна околност да ги даде парите на рати. Овој клуб уплати една рата од околу 4.000 евра, но потоа се одлучи да не продолжи со понатамошните уплати.

- Додека е таму Драган Томовски не даваме ни денар - изјави пред една седмица Трифун Костовски, претседателот на Вардар, кој во времето на раководење на Работнички, токму од Кисела Вода го ангажира овој спортски работник да работи во нивниот тим.ФФМ нема храброст да ја прифати улогата на извршител. Гладната Цементарница не се заситува само со делот од колачот што и' го пресудија. Најавува разголување на целокупниот трансфер на својот некогашен играч Васоски од Вардар во Ајнтрахт.
 
Cementarnica bregalnica 1 1.Primivme gol vo 93 min od penal, ama toa e fudbalot koga promasivme 6 do 7 sansi, no i srekata na ovoj natprevar ni go zavrti grbot bidejki 2 pati ja pogoduvavme preckata, no nasite mladi igraci dadoa maksimum na ovoj natprevar zatoa samo cestitki do niv za igrata.sega sleduva zimskata pauza pa na prolet so nekoja para moze da se postignat podobri rezultati.
 
Zaostanuvame -9 boda od baraz mestata.Toa mislam deka e dostizno.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom