Фан клуб: BMW

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Новиот Х5 на БМВ :)

 
BMW го претстави купето Series 4

BMW ги објави техничките детали и фотографиите од купето од новата Series 4, која првично како концепт беше покажана во јануари на саемот во Детроит. Очекувано, сериската верзија има малку по воздржан дизајн, а препознатливи се и визуелните карактеристики на седанот од Series 3.

bmw-go-pretstavi-kupeto-series-4-137996.jpg


Светлата, маската на ладилникот и поклопецот за моторот се изведени од стандардниот модел, додека предниот браник е уникатен за „четворката“ иако не е толку нагласен како кај концептот. Исто така компанијата се откажа од решението за задниот дел, па сега тој браник има многу поконвенционален изглед.
Силуетата на автомобилот ја има карактеристичната навалена линија на покривот која ја беше присутна кај концептот, а во однос на претходното купе пораснаа димензиите и меѓуоскиното растојание. Од компанијата нагласуваат дека покрај тоа, успеале да ја намалат масата на автомобилот за 45 килограми во однос на неговиот претходник.
На купувачите ќе им бидат на располагање четири пакети со опрема: Sport, Modern, Luxury и M Sport.

bmw-go-pretstavi-kupeto-series-4-137997.jpg


Во почетокот купувачите ќе можат да бираат меѓу два бензински и еден дизел мотор. Послабиот BMW 428i Coupe ќе биде опремен со 2.0 литарски четирицилиндарски турбо-бензинец со 245 коњски сили.
Посилниот модел BMW 435i Coupe има 3.0-литарски 6-цилиндарски мотор со 306 коњи, а дизел верзијата BMW 420d Coupe ќе испорачува 184 коњски сили.

bmw-go-pretstavi-kupeto-series-4-137998.jpg


Погонот традиционално ќе биде на задните тркала, а ќе се пренесува преку шест брзинскиот мануелен менувач, додека како опција ќе биде достапен и 8-степенскиот автоматски менувач. Гамата ќе биде проширена и за уште три модела - основниот бензински мотор, 420i како и посилните дизели 430d и 435d.
Официјалната промоција на BMW Series 4 треба да биде на автомобилскиот саем во Франкфурт, а во октомври ќе стартува продажбата.

Извор:
Кајгана

Ентериерот не ми се допаѓа баш, инаку моќно изгледа количево :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
да чув, не сакал да вози бидејќи пиел алкохол и неговиот пријател седнал да вози и ......
 
BMW ќе го претстави Concept Active Tourer Outdoor на саемот OutDoor Friedrichshafen во Германија

970090_10151782194132269_1513250302_n.jpg


971357_10151782194422269_707881555_n.jpg


946270_10151782194642269_1688909045_n.jpg


1069152_10151782194117269_852812353_n.jpg


1044470_10151782194097269_200344009_n.jpg
 
БМВ 4 и во кабриолет верзија :)

851_bmw-4-470.jpg


689_bmw-4-470-1.jpg
 
Првиот систем за директно вбризгување на гориво е вграден во БМВ далечната 1967 во моделот 2002 со ознака 2002 ТИИ.Првата генерација на БОШ Мотроник систем за директно вбризгување кој се состоел од 80% механички делови и имал сосема малку електроника,но во тоа време врв во технологијата.

Единствен дизел автомобил кој го има прв освоено 24 саати Нирбургринг со моделот 325д со просечна потрошуавчка од 7 литри и просечна брзина од над 230км/час.......

Е затоа вреди многу.Историјата и развојот си го чинат своето...
 
Тонска проба на новиот BMW M мотор

Откако беше претставена новата генерација на BMW 3, вљубениците во оваа германска марка, со нетрпение ги очекуваат моделите M3 и M4, а како се приближува нивното откривање, баварската компанија објавува се повеќе детали.

Се разбира срцето на секој модел со М ознака е неговиот мотор, а во најновото видео, BMW ни го открива звукот што ќе излегува од шест-цилиндарскиот агрегат што ќе биде пода хаубата на новите M3 и M4 Coupe.
Претходната генерација имаше V8 мотор, додека новите верзии ќе добијат 3.0-литарски твин-турбо агрегат со шест цилиндри, за кој нема потврда колку коњски сили ќе развива.


Извор:
Kajgana.com
 
Ќе плачат по звукот на M5 e60 V10 !!! Ги смалуваат моторите а бутаат турбини -.- Ај нека биде 3 цилиндра, 1000 кубика, ама со 5 турбини -.- Глупости/
 
И BMW отвора фабрика во Мексико

Евтината работна сила и ниските трошоци за производство во Мексико привлекуват се повеќе автопроизводители. По Audi и Mercedes-Benz и BMW може да стане уште една германска компанија, која има намера да започне со составување на свои модели во северноамериканската држава. Баварците веќе преговараат со мексиканската влада за идната фабрика, тврди Automotive News. Според гласините во него ќе се произведува BMW 3.

Клучен фактор за судбината на фабриката ќе биде договорот за слободна трговија меѓу САД и Европа, што му гарантира на BMW „флексибилност и слободен капитал“ за инвестиции во новата фабрика во Северна Америка.

Audi веќе гради фабрика во Мексико, а Mercedes-Benz објави дека ќе произведува CLA-Class во фабриката на Nissan. Honda и Mazda исто така имаат слични планови.


Извор: АвтоПлус
 
Први официјални фотографии од BMW i8

BMW објави први официјални фотографии од моделот i8, кој е подготвен за производство и кој на 10 септември ќе биде официјално претставен на саемот за автомобили во Франкфурт.

prvi-oficijalni-fotografii-od-bmw-i8-147962.jpg


Баварската компанија прво објави тизер од plug-in хибридниот модел i8, а денеска објави и две официјални фотографии. На прв поглед се забележуваат сличностите со концептот претставен пред две години, но серискиот модел ги нема проѕирните врати и доби тркала од легура, кои повеќе немаат футуристички дизајн.
Откако ќе се отворат вратите кои се креваат нагоре, во внатрешноста се забележуваат елементите кои ги има кај сите актуелни модели на компанијата, со тоа што i8 доби дигитална инструмент табла и син круг околу логото на менувачот.

prvi-oficijalni-fotografii-od-bmw-i8-147963.jpg


Од претходно е познато дека i8 ќе има 3-цилиндарски TwinPower турбо мотор со зафатнина од 1,5 литри, кој ќе испорачува 231 коњски сили, а силата ќе се пренесува на задната оска. Електричниот мотор кој развива 131 коњски сили ќе ги придвижува предните тркала, што значи дека автомобилот ќе има вкупна сила од 362 коњски сили и 570Nm максимален вртежен момент.
Тој е тежок 1,490 килограми, а од 0-100 забрзува за 4,5 секунди, се до електронски ограничената максимална брзина од 250 километри на час.
Просечната потрошувачка изнесува 2,5 литри на 100 километри, а со електричниот мотор може да помине 35 километри при брзина од 120 километри на час.

Извор:
КАЈГАНА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom