ComfortablyNumb
Politically Incorrect
- Член од
- 11 август 2016
- Мислења
- 4.685
- Поени од реакции
- 18.020
Мене не ми е јасно однесувањето на Брејтвајт од аспект на неговата кариера. Јасно ми е дека сака да лапа пари, ама па од друга страна логично би било пред СП да си бара нов клуб каде ќе игра редовно. Ваљда не очекувал да биде првотимец во Барса па сега се нашол изненаѓен и увреѓен од клубот.
Беше купен кога на клубот му требаше итна опција во нападот и кога можевме да купуваме само од Ла Лига. За минутажата што ја добиваше одигра коректно. Колку што знам никој фан не го мрази или нешто му замерува. Вака со вакви потези непотребно си го навлекува гневот на навивачите и ризикува да не помириса терен до ноември и да гледа светско на телевизија.
Затоа се прават договори од година-две а не четири години да дадеш на играч што го носиш како алтернатива за една полусезона. Ама нели имавме предобар прецедник па сеа сите ни се смеат.


