Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ете и Јунајтед спремале понуда за Френки кој бил желба на Тен хак а на управава како што им гори под нозе за пари ништо чудно и да го продадат ако го договорат ќе се крстиме во Бускетс другава година и Роберто што секој тренинг се повредува.
 
Алба треба да се закова на клупа, многу ноншалантно однесување на терен
 
Управата РАЗМИСЛУВАЛА за продажба на Френки Де јонг ако стигне понуда секако која НЕможе да се одбие околу 80-90 Милиони,еден дел од управата сметаат дека треба да се продаде Френки бил ист случај како Кутињо Гризман со некои моментални блесоци овие 3 сезони и Не го дал потребниот чекор напред а Чави инсистира дека Де Јонг сака да го задржи,во него гледа лидер во средниот ред каде што за Бускетс се очекува уште една сезона да биде во Барса после Мундијалот да замине Америка.Најповеќе за тоа шпанско засилување се споменува името на Карлос Солер од Валенсиа наводно бил договорен.....Се надевам некој од членовиве има нешто прочитано околу сево ова.
 
Мислам дека летово ќе имаме трансфер период како кога прв пат дојде Лапорта.. ќе прави реконструкција, нормалмо со амин за некои фудбалери од Чави.
Лапорта е пред се "бизнисмен" и нема да ме чуди да се реализираат трансферите на Солер и Де Јонг. Солер е шпанец, иста возраст се, помалку кошта и поофанзивен за разлика од Де Јонг. После неколку утакмици најверојатно Чави сфати дека Де Јонг не е за позицијата на Бускетс. Ако добиеме едно 20-30 милиони плус од тој дил, убеден сум дека ќе се реализира, и ако јас лично многу го поштувам Де Јонг и во иднина сакам среден ред Педри - Де Јонг - Гави.

Одбраната е најголем проблем моментално.
Па ќе кажам, за лев бек и лев штопер желби ми се Гаја и Пау Торес.. не знам што куров ми веруваат толку на Гарсија, стварно е катастрофа. Со негова продажба и на Умтити и Ленгле, ќе има простор за уште еден квалитетен штопер.
 
Налетав на некоја изјава на Чави од пред некој ден дека се повеќе го гледа Ансу Фати како 9-ка. Што може да значи дека Барселона на лето нема да тргне по класична фудбалска 9-ка и дека од наредна сезона тандемот би бил Торес- Фати - Дембеле/Рафиња што мислите за ова ?
 
Налетав на некоја изјава на Чави од пред некој ден дека се повеќе го гледа Ансу Фати како 9-ка. Што може да значи дека Барселона на лето нема да тргне по класична фудбалска 9-ка и дека од наредна сезона тандемот би бил Торес- Фати - Дембеле/Рафиња што мислите за ова ?


Проблемот е колку клубот ќе може народски кажано да се ослони на Ансу како 9-а после сите овие повреди кои ги тегни би било стварно ризик да се рачуна на него цела сезона очигледно е дека Левандовски Баерн не го пушта Мората е чист просек Лаутаро прескап,додека за крилната позиција по мое е све отворено најповеќе зависи од Дембеле неговиот случај зависата многу работи на крилната позиција.
 
Натпреварот синоќа нека го гледа Чави уште еднаш и играчите (Настрана тоа што Реал имаа и доза на среќа) треба секој тим да учи од нив како имаат муда а и психички во ниту еден момент Не паднаа е така се игра а не со лежерна игра потценување на противникот и со мислите во финале уште незапочнат натпреварот.......
 
Забрането е да се дискутира за игрите на Реал Мадрид во темата, а камоли да се дава совети шефот да гледа нивна утакмица. Читај на првата страна, еден член еднаш заглави во затвор за вакви ствари.




Океј он упадна и у собрание али тоа немаше веза го наместија.
 
Најлошо прво полувреме оваа сезона без разлика на резултатот барса игра безидејно очајно без креација на игра без контрола никаква поврзаност помеѓу везниот ред и нападот многу раздалеченост помеѓу Френки и Гави и некое експериментирање со Алба во среден ред се на се катастрофа
 
Френки најверојатно во Манчестер Јунајтед. Штета, не дека нешто ептен ги оправда очекувањата ама е еден од ретките во тимот кој вреди како играч. Глуп потег на управата е ова.
 
Ако го продадат де Јонг, а истовремено му продолжат договор на Роберто слободно нека го затворат Кампот...и така е пола празен, уште роднините на Роберто и Мингеза ќе останат да гледаат утакмици.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom