Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ако до дуелот со Атлетико сите 3 екипи имаат само победи ја сум сигурен дека ќе им пуштите на Атлетико. Да вратите за услуга од пред неколку години.
Што збориш бе, 1 бод ни бегате, како да им пуштиме.... и 10 да се, пак ќе се борат додека имаат математички шанси.
 
Што збориш бе, 1 бод ни бегате, како да им пуштиме.... и 10 да се, пак ќе се борат додека имаат математички шанси.
Сега ги гледам распоредите на двете екипи и последните две утакмици на Реал не се баш лесни, така што можеби и си во право. Барса може да чека кикс на Реал на овие две утакмици. Али ако Реал играше против Хуеска и Елче наместо против Атлетик и Виљареал, ако хипотетички сите три екипи имаа само победи, сигурен сум дека ќе им пуштевте. Еве ги распоредите на двете екипи

Screenshot from 2021-04-11 12-29-07.pngScreenshot from 2021-04-11 12-30-11.png
 
Чекај бе Воки 1 бод е разликата меѓу екипите, а Патетико ако тепа вечер ќе биде 3 бода пред нас. Апсолутно ништо не се знае, вие доста победи наниживте во последно време. Рака на срце последната беше со судии, ама и тие традиционално се битен фактор на вашиот пат до титулите.
Заминало се јабана ако чекаш Патетико да заврши работа за тебе, сигурен сум дека ќе се трети на крај гревовите. Да го земеме купот па да прославиме како ЛШ, ко вие кога го подмачкавте под колцето на автобусот :kafence:
 
Никогаш не сум навивал против Барса, дури и во ситуации кога сум бил изнервиран од управа или тренери. Може ми било сеедно некој меч ама апла да навивам за противникот не.

Е сега ако дојде до ситуација Барса да ги има изгубено шансите и да се одлучува меѓу мадриѓаните, ќе навивам за Атлетико на Кампот, отворено кажувам. Барем тие имаат навивано за Барса во иста ситуација.
 
Па незнам како ќе ме сфатите,се сложувам дека и Куман има кривица за вечерашниот натпревар,ама јас мислам дека е ова МАКСИМУМОТ ОД ОВАЈ РОСТЕР,неможам да замислам што би било со овај ростер ако останеше Сетиен тренер или Валверде.
 
Дембеле пропалицата ни е напаѓач, Меси веќе не е тој што беше, да помине 3-4 играчи и да даде гол. Зад нив се детето Педри и пензионерот Бускетс кој на големи утакмици едноставно не може да игра веќе неколку сезони. Позади пак деца, не знам што може да направи Куман повеќе, никој не очекуваше борба за титули, ова е гратис во овај транзициски период.
 
Не разбираш што ти збориме. Никој не вика за играчите, туку тактиката и пристапот бе брат? Не знам како не ти е јасно...
Второ полувреме ги убивме, 70% имавме посед и повеќе шанси, зошто не игравме така и прво полувреме?
Затоа што само 2 офанзовци имавме на 8 души докторска одбрана на Реал, како да створат шанса ајде кажи? Да земе Меси сите да ги помине коа они со 10 души на 30 метеи од гол се бранеа...
 
Немаше грешка во пристапот, ни во формација, едноставно изгубивме од поквалитетен противник и крај.
Паднаа физички реал последните 20 минути, логично после сите тие брзи контри, да не мислиш со Мориба Тринкао и Брејтвејт од прва минута да игравме, па 15-0 ќе не тепаа. Ги убивме второ викаш, што нема никаква вистина, особено до средина на второто, имаа неколку чисти шанси. Нашиот пристап во второ беше на се или ништо, немаше што да изгубиме, како мислиш со таков пристап да почниме утакмица не знам.
 
Што се деси со човеков? Знам се повреди ама не знаев дека до толку заебано е? Мислам од почеток на сезона го нема...
Требаше да отсуствува 3-4 месеци, ама не се опорави и изгледа имаше втора тајна операција од која пак не залечи менискусот и сега на почеток на месец му понудија трета операција во која ќе му отстранат дел од менискусот и ќе нема мака во следните 8-10 години или алтернативен третман. Реши да проба со второво, па ако издржи коленото на тестовите нема да оди на операција, ако не ќе оди пак.
 
Ја сум повеќе за Пиќе, за да биде Де Јонг во средина, колку толку таа да се носат со тројката на Реал кои се во добра форма
Да излезеше со Де Јонг на штопер и Гризман у напад, сигурен сум дека ќе беше друг резултатот.
Нејмар Сетиен.
 
На Рики и Мингеза ќе им бидат активирани опциите за продолжување на договорите, исто нов договор ќе му се даде на Роберто и на Дембеле најверојатно.

За нови играчи се преговара со Гарсија и Агуеро. Ова воглавно се новости за трансфери и веројатно и единствените позиции на кои ќе се додаде по еден играч. Нема да има големи промени во тимов, ниедно големо засилување не се очекува да пристигне, освен ако нема некое изненадување. Ќе им се продолжуваат дооворите на младинците од Барса Б и на нив ќе се смета во иднина. Коладо ќе е играч на првиот тим од следна сезона и клубот сеуште верува на Ансу Фати дека ќе се опорави и ќе се врати. Ова реално би било најголемо засилување ако се случи, Фати да биде истиот играч како пред повредата, ама колку е тоа веројатно не знам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom