Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
педри уште малку да се изделка со де јонг страшна двојка би биле,само добар деструктивец позади нив да им дава сигурност и средниот ред би заличил многу многу помоќно и подобро........дест е грешка, потребна 9ка како халанд или левандовски..........П.С. Мориба најверојатно новото откритие на куман после педри,дечкото навистина има потенцијал,кога би бил "новиот јаја туре" нема ни потреба појачување на средина во следната година
 
Нема теорија да ја свртат утакмицата во купот, да не се лажеме. Нема да има допирна точка со денешниов меч, нема Барса сила да ја исфрли Севиља, тоа е реалноста.

Шта си рекао брате ? :vozbud: Какво дупчење на андалузиските копелиња!!!!! VISCA
 
Имаа 2 гола предност и се измочаа поштено, какво мртвило на Севиља дури сум изненаден. Да бидеме реални Барса мора да си ја подобри реализацијата, претерано добри шанси препуштаме и не заверуваме утакмици со време.

Сега уште Лапорта да победи на избориве исто како титула да сме земале.
 
Не можам да си поверувам дека Кадиз ни скина 4 бода, дома не можеме да ги тепаме Еибар и Валенсија која годинава кој ја стигне ја шамара ни извади 2:2 на Кампот...

П.С. Мора да признаеме две маестрални утакмици на Пиќе.. без грешка беше. Покрај него и Ленгле е постабилен.
 
Не можам да си поверувам дека Кадиз ни скина 4 бода, дома не можеме да ги тепаме Еибар и Валенсија која годинава кој ја стигне ја шамара ни извади 2:2 на Кампот...
На гости кај Алавес со црвен беа не успеавме да победиме а буквално ги издоминиравме.
 


Колку и да го критикуваме, Мартин е многу благодарен и смирен играч. Јас не го сакам нешо посебно ама е играч шо игра со срце и треба да му бидеме благодарни. Просечен играч е ама постигна неколку битни голови, исто има и мн добро движење.
 
На гости кај Алавес со црвен беа не успеавме да победиме а буквално ги издоминиравме.
Всушност во лигава никој и не нема издоминирано, со реал бевме нијанса полоши, со атлетико Штеген кумуваше, 90% од противниците апла ги издоминиравме, ама пуста неефикасност и индивидуални грешки на одбраната не чинеа скапо.
 
Па реално играта оваа сезона е многу подобра под Куман, сега имав многу забелешки према него пред се ради неговата тврдоглавост во повеќе наврати,реков дека до изборите нема да пишувам ама не можев да се воздржам после ова.Овојпат му одржа тренерска лекција на Љопатеги :) Сите одиграа на врвно ниво денеска, највеќе ме радува победничкиот дух кој владее во екипата и по високиот пораз со ПСЖ. Во Париз доволно е да одиграме ваква утакмица, и да каже @The Shadow Walker дека нема да поминеме, исто и јас да отидам на утакмицата како што отидов на Кампот пред неколку години да ги гледам прв пат во живо со ПСЖ доволно е :ROFLMAO: П.С Вчера по апсењето на кловнот скокав од радост, и се надевам дека ќе лежи со некој црн каталонец во келија. Во недела е клучен ден за клубот, само чудо може да се случи а да не победи најдобриот. LAPORTA PRESIDENT!
 
Пак се покажа сепак оваа тактика со три стопери и два офанзивни бекови добра против Севиља, иако пишував тука дека подобро е да се појде со стандардната 4-3-3. Реализацијата е најголем проблем, инаку ваква полумртва Севиља требаше да ја решиме уште во прво полувреме. Фали очајно на екипата еден квалитетен напаѓач. Подобрена е доста играта со Куман. Да видиме што ќе се случува до крај ама во моментов би сакал да остане барем уште една сезона. Со подобро раководство и квалитетни засилувања (ако дај боже побрзо помине кризата) може да се надеваме на добри резултати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom