Не разбирам зошто толку се форсира носење на Гарсија и бркање на Тодибо. Тодибо е ѕвер од играч, кога и да играл оставал добар впечаток, плус млад е (20 години), наместо он да биде тој стопер за иднината (заедно со Араухо), нашиве упорно сакаат да се ослободат од него, а да донесат непроверен играч како Гарсија.
Иначе, Севиља ни беше редовен пациент на Кампот, последен пат кога си заминаа непоразени беше пред 9 сезони, кога уште Гвардиола ни беше тренер.
Далеку сме сеуште од некој нормален тим, првите 2 натпревари не треба да бидат мерило, ќе имаме киксови оваа сезона, тоа е сигурно, има уште многу работа за да се среди екипата. Прво треба да се смени оваа срамна управа, па да завладее позитивна атмосфера и да заличиме повторно на онаа Барселона која сите сакаме да ја гледаме.
Денеска големи се шансите да ги донесеме и Гарсија и Депај. Првиот мислам дека 100% ќе потпише денеска, а Депај зависи од тоа дали Дембеле ќе замине во Јунајтед. И 2цата веќе ги имаат договорено личните услови со Барселона.