Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е таа средина со 0 шанси креирани и Ракитич со top speed od 7 километри на час.
 
Не постои тим со полоша игра од нашиов, зборот креативност е непознат поим, секоја акција е предвидлива од прв до последен чекор, повраќаница :pov:
 
Овие не играат фудбал, овие се влечат по терен. Срам жив! Ниедна акција не направија, средината очај жив.
 
Кловнов го става Рики на 2 минути до крај, како ги ставаат вакви селски тренери на Барса е нејасно.
 
Севиља пола тим смени ние до крај играме со Ракитич и Бускетс и без крила...
 
Сите знаевме дека ова ќе биде тешка и тврда утакмица,едно традиционално незгодно гостовање каде Барса често губела бодови,да не ја потценуваме Севиља,дека добро знаеме дека и по 3-4 ни давала на утакмица.А што се однесува за Барса неколку грешки и само една позитивна работа:Ке почнам од грешките:Со оглед на повредата на Де јонг,мораше Ракитич да игра (Знаеме сите колку можиме да очекуваме од него)......Пре Пребавна средина,Средината од Севиља НЕ БЕА технички по добри,туку физички беа по добри т.е по спремни,одлично затвораа,и тука го добиваа скоро секој дуел.Доста добро затворен Суарез,отсечен,Меси сам колку може да направи знаеме сите,Брајтвајт дежа ву Гризман,во тимов очајно,очајно фали крилен лев напаѓач (Иако еве Ансу покажува некои знаци на живот).Семедо стандардно во дефанзива добар,во напад го нема тој завршен удар.Влезе Артур во игра,ништо не се промени,бледа игра,затворена,дали стварно така игра,или тера некоја политика заради тоа што сакааат да замини.Јас кога излезе Братјвајт попрво би излегол со Ансу него Гризман,ама политиката е друга.Позитивна работа е што ете тимов трча креира шанси,не како со Валверде да застанат на средината на теренон и да чекаат некоја топка да пресечат,туку трчаа,и имаа колку=толку течна игра.Сетиен исто доста ротира,дали поради календарот,или пак стварно е тренерот таков (Љубител на ротации),кој да знае ама сепак времето ќе покаже.
 
@NuRkAc истото го помислив требаше Ansu Fati да влезе крило, бидејќи неколку пати на 0:0 направил разлика. Puig и Griezmann требаше порано да влезат..
 
Далеку сме од шампионска игра оваа сезона. Очајно треба ремонт на тимот и тоа скоро на сите позиции. Ако ја освоиме Ла Лига ќе биде само зашто Реал биле бетер и не знаеле да искористат шанса.
 
Прогнозата од претсезона за нула титули си се остварува. Прво и основно тренер од највисок калибар е потребен, после да се носат играчи.
 
Вчера првите 25 минути сосема солидно ги одигравме,добро вршевме пресинг,имавме посед,плус неколку шанси.
Останатиот дел од натпреварот изгледавме како некои аматери од 3та лига,посебно второ полувреме средината умрена беше,Суарез не постоеше,ако не направи нешто Меси немаме шанса за гол.
Со ваква игра и политика на клубот нема далеку да тераме,сезонава имаме среќа што Реал е исто слаб па се бориме за титула,во ЛШ ќе јадаме пак дебакли.
Единствена добра работа од овие 3 натпревари е тоа што не примивме гол.

Како што пиша членот над мене прво мора озбилен тренер да донесат,Сетиен е далеку од тоа се гледа дека е чист просек за Ла Лига,никогаш нема водено некоја сериозна екипа.
Имам впечаток дека во Барса само како фигура ставаат тренер,инаку составот си е претходно одреден се знае кој ќе игра и тоа е тоа.
Истите грешки како Валверде ги прави,излегува со најмртвата средина што ја имаме,никакви шанси никаква игра,цела екипа му зависи од Меси,за Гризман уште неможе да најде улога во составот,се плаши некои поединци да ги седне на клупа,како да не сме смениле тренер.

Се плашам да помислам како ќе изгледаме следната сезона,цел состав ќе биде над 32-33 години,а како што гледам нема некои посериозни промени да има.
За разлика од нас Реал има доста помлад состав плус добри играчи што може да ги врати од позајмница,нека се стегнат нашите оваа сезона да освоиме Ла Лига пошто следната сигурно ќе бидеме на -10.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom