Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да не ти се верува. На крај ќе ја освоиме Ла Лига во сезона кога сме криминално слаби. Им ја даваме титулата на Реал на подарок ама овие изгледа не сакаат да го земат. :)
 
Да не ти се верува. На крај ќе ја освоиме Ла Лига во сезона кога сме криминално слаби. Им ја даваме титулата на Реал на подарок ама овие изгледа не сакаат да го земат. :)

Ако е крај на сезоната утре, тогаш да ќе освоиме.
 
Ако е крај на сезоната утре, тогаш да ќе освоиме.

Далеку е од крај ама со ваква никаква игра што ја имаме моментално во нормални услови ќе заостанувавме минимум 7-8 бода и само ќе сонувавме титула. Вака како Реал со сила да нејќе да стане првак.
 
Волку глупости немам причитано на едно место.
Епа дај не заебавај сеа и ти, пак има повеќе смисла од што изгледа. Ми текнува на изјава на Пујол така нешто постара е за сезоната 2010/2011. Таа сезона Барса зема лига и лш а Реал го зема купот, тој што Рамос ви го пушти под автобус:pos:. И наводно Реал бил далеку поуспешен таа сезона, типот самиот мртов ладен си кажа медиумите нивни си го прават своето.

Не дека го бранам овој што им лиже гз на управава на Барса, ама реално и објективно гледано Барса секогаш била на поголем удар кај медиумите одколку Реал.
 
Последно уредено од модератор:
Изгледа со Наполи без пубика ќе се игра...Уште ова ни фалеше.
 
Најверојатно мечот ќе се откаже со Наполи. До 3ти Април им е одложена лигата, никој не смее да влага и искача од Италија.
 
Официјално без публика со Наполи!
 
Бајовци, дури после година дена дознавме дека вистинската причина што не го поминавме Ливерпул е затоа што го немавме Љоренте :toe: :D
 
Бајовци, дури после година дена дознавме дека вистинската причина што не го поминавме Ливерпул е затоа што го немавме Љоренте :toe: :D
Така ни е кога Шпанските деца ги праќаме по позајмници и ги продаваме а ни играат пензионери.

Нас во тимот ни фали баш овој дух и желба што ги има Атлетико,јас не памтам вака да се бореле нашиве поседните 2-3 сезони,веројатно тоа е главна причина за сите неуспеси,ептен се заситени дел од играчите треба малце свежа крв.
 
Тоа е тоа. Види ги само на Ел Класико, овие од Реал како беа напалени. Марсело му одзема топка на Меси и скока, оди слави со навивачите, ја крева додатно атмосферата и кај навивачите и кај соиграчите. Реал дава гол, Касемиро слави со клизачи на колена како да освоиле ЛШ.
Од друга страна нашиве веќе 3 сезони анемични, без душа, ни се радуваат, ни пак имаат волја и мотивација да трчаат и да гинат по теренот. Исклучок е лани во ЛШ, каде трчаа како луди се до тоа полуфинале против Ливерпул. Од тогаш наваму мислам дека пола екипа е во депресија и играат со психички пореметувања, посебно после секој примен гол како да им се враќаат сцените од натпреварите против Рома и Ливерпул...
Преку потребна е свежа крв во екипата.
 
Бајовци, дури после година дена дознавме дека вистинската причина што не го поминавме Ливерпул е затоа што го немавме Љоренте :toe: :D
Да те преправам:
Бајовци, дури после година дена дознавме дека вистинската причина што не го поминавме Ливерпул е затоа што го имавме Ернесто Валверде :toe: :D
 
Само De Jong и Griezmann не се повредиле сезонава. Се прашувам зашто?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom